Значи да го земиме бидејќи реално и сега е многу евтин и ми изгледа предобар, пиши можи од 0 мес да седи има и вибрации што ми се допаѓа. Фала ти многу
Незнам која цена е сега јас знам дека кога купував најскап беше 12и нешто ако е на попуст зимај го не се мисли
Не јас овој го земав за различен сме зборелњ и овој е на попуст Ако си во можност ич да не се мислиш за овој
Дали некоја има ваков вид на релаксатор да сподели искуство? Го имаме од како се роди и ужива во него, сега веќе е 6 месеци но се повеќе се исправа и ми се обрна со главата на подот. Нема повреда, се е во ред но веќе не сум сигурна да ја оставам во него. Тоа е во првичната позиција, врзана. Доколку го ставам во втора позиција, да е поткренат задниот дел нема шанси да седи, не стои никако седиштето туку бега наназад (се надевам објаснив). Дали има некоја финта нешто за да може и поголеми деца да седат, да не се обрќа или да го пакувам?
Здраво дали некоја има ваков транспортер (количка Ellada 3 in 1 од Енци Менци купена) да ми каже дали транспортерот е премногу подигнат или така треба да е? Ми изгледа како да е подвиткана малата кога ја ставам.
Здраво, дали може да споделите искуства дали е подобро да земам релаксатор на струја со опција за лулање или класичен релаксатор со вибрации. Фала
Pa go potkrevav po malce tamu posle 4ti mesec, a od 6ti veke rekoa moze skroz krenato. E sea bebevo se spusta napred pa toa tropa malce ne znam dali e alarm ili se rasipuva. Nekako se mi se cini ke se preveti poso nema kais na ramenjata samo okolu stomak. Da kaze nekoja dali drzi toa kaisot vaka sea strav mi e da ja ostaam na mocanje da idam
Охооо, ќе си почекам значи.. моево е тек 2 месеца, ама ич нејќе да лежи последно време, све исправен да е па ми го протестира и мамаруво. А што убаво знаеше да се залаже два три пати во денот по некоја минута да одморам раце. Иначе каишите стварно ко од некоја играчка ми се.
Имав и едниот и другиот, највеќе го искористив тој на струја, ќе го сместев бебенцето ќе си сработев, тоа за то време се нишка, па си заспало…
Ги остававте ли да спијат во релаксатор? Бебе преку ден заспива таму и ако го преместам ќе се разбуди. На почетокот првиот месец ми кажаа да не го оставам повеќе од 30 минути ама сега веќе е 2 месеци.
Не ми заспива ама и да заспива во никој случај нема да го оставам да спие така. Генерална препорака е ако заспијат во релаксатор да се префрлат после во креветче/рамна тврда површина. На два месеци уште не му е стабилен вратот и не дај Боже може да направи позиционална асфиксија.
Зашто не се оставаат во релаксатор? Мојата од кога е купен е се во него. Дневните дремки во него ги спие и насабајле и се фаќа по 4-5 саати да спие во него бидејќи во креветчето многу немирно спие.
Според тебе колку време макс. може да седи таму? Едит. Има една дремка засега таму од 45 минути до саат време зависи. И пред тоа што седи час и половина, најмногу два да му се соберат што седи во него.
Искрено не знам колку време макс препорачуваат ортопедите, затоа што моево два пати по 15 мин. ако поседи, па не сум се заинтересирала да прашам. Ваљда до два саати како во транспортер. Ама будно, за спиење не го оставај.
Во релаксатор не го ставав воопшто. Препорака е по 3 м да се става затоа што вратот не го држат сами а релаксаторот не е безбеден.
Pa vo transporter spie koga go vozis ama preporakata e na 2 saati da go vadis i razmrduvas od transporterot Za relaksator e isto dokaj 2 saati ama i toa zavisi od modelot. Jas ja stavav,mojot e od 0+ ama za da moze da rucame znaci nekoj pola saat. Probuvavme i da zaspie vo nego ama nisto od toa.
Генерално не се безбедни релаксаторите. Мислам оној мамару дека е океј од тој поглед. Другите се меки кај вратот.