На секој транспортер пишува до колку килограми е. Или ако нозете на бебето се многу надвор од транспортерот. Тогаш може да се замени со седиште, а може и дирекно во седиште од 0+ месеци само свртено обратно како транспортерот.
Кога ќе почне главата да му излегува од транспортерот, обично во упатството пишува до колку сантиметри е. Инаку можеш и од старт да користиш седиште што е 0+.
Јас од 2 мес ја возам во седиште, 0+ ни е седиштето. Инаку може во транспортер додека не почне главчето да искачса.
Здраво мајки, дали некоја имате од овие релаксатори на Kikka Boo, немам искуство а не сакам да го земам за џабе. Дали вреди за парите?
Индивидуално е за секое дете. Најдобро е напред да се сврти неколку месеци од проодување, тогаш се сметаат за постабилни во држењето на главчето.
Да, да ама мислев од безбедносен аспект, како правилно се поставуваат? Јас уште користам транспортер и е свртен назад. Па не ме гледа и вришти. Па мислев дали ќе биде ок седиштето да му го поставувам према напред свртено
Jas go imam prviot, za malata maksimalno iskoristen, spiese u nego, im se raduvase na tie sto se vrtat, i rucase u nego do 7,8 meseci. Sega go preperuvam i se nadevam ke go saka i bebcevo sto e na pat
Јас не сум некој најдобар пример, отстапки имам направено милион пати зашто и јас имам неподнослив вриштач. Инаку да, одложувај колку можеш подолго за вртење напред како што вика @Tiny Love, побезбедно е така. Ако е свртен напред и нагло закочиш, не знам колку ќе може да го издржи тоа нагло сецкање на главата. Затоа се препорачува обратно. Ако возиш ти, можеш да го ставаш напред во транспортер ама обавезно да исклучиш airbag.
Има 0-36 седишта тие се вртат кон назад, а се ете и за поголеми, ама немаат најсјајни оценки, а колку ти се пресудни оценките друга работа. Битно е да правилно монтирано и врзано, и најдоброто седиште ако е лошо монтирано е ризик. А за назад ти одговориле, минимум дур не прооди стабилно, а препорака е и до 2-3-4 години.
Па не знам колку ми се пресудни. Шпанско село ми е работава, ништо не знам. Гледав во локо кроко некои ама не знам да проценам дали се ок или не
Не знам што пари се тие ама ако се тука негде можда би одела ипак со некои попознати брендови како Joie, Maxi Cosi, Cybex. Ај овие првиве можда се поевтини а се сосема ок. Од поглед на безбедност важно е да е добро монтирано, детето добро врзано, свртено кон назад и рокот на производство (секоја фирма си има „рок на траење“ пластиката со време заслабнува полесно се крши, гума/каиши може да се растегнат). Други перформанси се индивидуални, 360 степени ротирање, позиции на лежење/седење, изофикс/каиши и тн. „Учев“ од safeintheseat на инстаграм и општо гоогле па така на крај одбрав. И провери дали ти го бере во кола, овие што ти ги кажав на сајтовите имаат опција да провериш по модел дали го собира, за другите не знам.
Да се вмешам и јас во муабетов За нашето купивме Maxi Cosi Tinca тоа беше најефтиното од понудата на Maxi Cosi, без isofix затоа што имаме постара кола. Околу 110€ го земавме, бебе се изнавози во него, 8 месеци е и уште го собира му ги тргнав само перничињата одоздола. Нозите му излегуваат, ама главата уште не. До 75цм. се користи, после ќе бараме друго. Додека бевме на одмор позајмивме од пријатели друго, не знам која марка беше ама кажаа дека било најефтиното тогаш во продавницата и стварно има разлика. Правам муабет за удобноста