Да беше и овој до 18кг или да немаше бебе црви во газот ама ич немаше да го тргнам ептен ни се наоѓаше
Пофалете се какви релаксатори имате Јас од 5 месец бременост го зборам, уште немам купено. Се нервирам што нема комбо лулање + вибрации, ако го земам едното ќе мислам другото е подобро.
Сега побарав на страната на локо кроко, го немаат веќе тој, ама еве овој е сличен и на изглед и функции https://www.lococroco.com/релаксатор-kikka-boo-chillo-3 Лулање ми заврши работа, интересно му беше на бебе. Има и приспивни песнички и 5 брзини на лулање, 3 подесувања на потпирачот, горе ѕвезди што светат и се вртат во круг, плус висечки плишани мали мечиња. Ептен беше мирен во него, така чистев, ручеци правев, кафе на тераса, до нас го стававме кога јадевме. Врзан со каишите и уживанција дури се лула. ептен ми е криво што го надрасна
Леле па и различни типови на лулање има сега приметив, едни релаксатори лево десно одат, а овој напред назад. Еден пробавме на позајмица лево десно ама некако спор многу и бебе не беше заинтересирана ич... Фала ти, ќе видам овие може се побрзи
Јас зедов на babymoov. Вака на изглед преубав е, има убави функции и најмногу ми се допаѓа што се прави во 3 положби на лежење, за почеток да не е стуткано туку ќе си лежи нормално. Е сега ќе видиме дали беба ќе го сака
Нашиов е позајмен не знам дали се продава уште. Да немав од кого, веројатно немаше ни да купам. Јас ретко го користев, нас ни се најде само кога закенкува и да и задржи внимание 10-15 минути.
Здраво женски, Дали некој има порачано од оваа страна на ФБ ,, Koki kids online shop,, Според вас кој транспортер е подобар?
Zavisi kako e vrzuvanjeto. Ne e kilazata problem nego posle odredena vozrast mn se podvizni i ima opasnost da se prevrtat padnat. Nie ne go koristevme neso mnogu ama taka okolu 10 mes veke spakuvan bese
Mamaroo ama ne bi dala paj tolku pari. Ednas ne zaspa u nego. A moze i do bebeto e. Sega vikendov ja cuvaa moite 16mes e i ja ljuljalje vo transporterot i taka zaspala, a jas se kicmam use doma u race ja ljuljam
Овој го имав во кафено-сива боја. Не го користевме многу па не знам што да ти кажам. Бебето ќе го легнев и вриштеше.
Kompeltno ist imam samo ne na kikka boo, dobar e za parite vrsi rabota,moeto si sedi po pola saat so lulanje i muzika. Sega zavisi od deteto, nekoe ke sedi vo bilo kakov,a nekoe ne.
Здраво мајки, продавам Мама Ру релаксатор купен од Бебе Хоум со гаранција до Јануари 2023. Пишете ми ако има заинтересирани. Поздрав
Каде има најефтини седишта за во кола? Ми треба за минимална релација, за мм кога го носи во градинка, не можеме да се префрламе со еден од кола во кола
Растеме и сакаме да си направиме простор за нови работи. Бебе го надрасна релаксаторот (Ingenuity bebe stars) мама реши да не го чува, оти не планира повеќе бебиња Купен од бебехоум за бато, он ич не сакаше да седи, бебушка седеше малку (второ дете, мора и да не сака) Сам лула напред назад, 5 брзини за прилагодување, има и вибрации и звуци (музика, штурци, white noise). Навлаката е многу мека, лесно се вади и пере, собран не зафаќа многу место. Го продавам 2500 денари, гратис ќе ви "тутнеме" и кенгур
Го има ли некој овој релаксатор? На пат се внучиња близначиња па сакам да им купам по еден Или предлог релаксатор од кој сте задоволни што сам лула до 6000 ден максимум... Благодарам