Ете го во мојот пост погоре. Нема да згрешиш. Добар бренд, квалитетни материјали. Колку се сега, каде ги има? Едит: зголемив слика и видов, убаво си пишува и од каде и цена, ние 4000 и нешто го купивме, ама пред 5ипол години.
Како ги облекувате за шетање во транспортер сега? Моето е скоро 3 недели и во вторник треба да одиме со него до некаде. Има едно рунтавко малку му е поголемо досега во корпа во тоа го шетам. Ама во транспортер некако надоле му доаѓа главата и пропаѓа во него. Планирам боди на долги, уште едно комплетче боди на долги и панталони одозгора и само кебе доволно ке му е врз ова?
Доволно е. Ако е посвежо ќе ставиш ќебенце, во кола кога е ќе го тргнеш. Рунтавото не, секако транспортерот држи топло.
Prasanje za poiskusnite Kolku vreme se koristi transporter? Mi go dade drugarka, koristen ama dobro e socuvan, go isprav i go srediv i ubav e, mislam ke mi vrsi rabota ako e za 2-3 meseci. Za posle ke si kupam sediste za vo kola. Treba da se porodam vo januari sredina, znaci samo za od bolnica i za do pedijatar ke mi treba. Dali bi mozela da pominam so ovoj ili da kupuvam 3vo1 kolicka?
Може да се користи се додека не почне да му излегува главата на бебето надвор од транспортерот. Тоа варира од транспортер до транспортер. Јас поголемото го возев до 8 месеци во транспортер, а помалото до 10, но тоа е поситно. Потоа ги префрлив во седиште. Инаку никогаш не го возев транспортерот закачен на количка. Во случај да сакаш да го возиш ќе ти требаат соодветни адаптери за да го закачиш на количката или пак да си купиш 3во1 количка.
Na kolicka nemam namera da vozam, samo za od bolnica i za vo kola do pedijatar. Ako izleguvame vo Mart na primer ke si ja stavam beba vo korpata od kolickata. Neli pedijatar ne preporacuva vozenje vo transporter poveke od 2casa? Zatoa ne sakam da frlam pari za 3vo1,koga ke izleguvame od Mart zdravje ( i toa pod uslov ako e ubavo vremeto) i ke si ja vozam vo korpa koga ke imam potreba od setanje so kolicka.
Jas go imam.Voopshto ne e kvaliteten i ne e nisto posebno dali 3 pati go iskoristivme odma se skrshi, podobro barajte drug za tie pari.
Епа тогаш немаш потреба од 3во1, користи го посебно транспортерот од количката. А зошто да чекаш шетање до март? Моите и двете се зимски деца, па прва прилика на чист воздух ги изнесов на шетање. Ќе побудалев дома ако чекав март. Соодветно облечени и шетавме. Дома седевме ако беше многу загадено, ако врнеше многу или силен ветар ако имаше.
Prvo dete mi e i nemam pojma kako bi bilo. Ako e ubavo vremeto sekako deka bi izlegla. Vo sekoj slucaj i da izlezam bi izlegla so bebe vo korpata od kolickata a ne vo transporter. Ti blagodaram mnogu
Jas iskreno na podarok go odnesov. Mi nemaat nisto iskomentirano, po nivna zelba kupiv... Za moeto zdravje koga ke se rodi da ne go planiram stom taka velis....fala sepak
Многу бебиња сакаат во транспортер да шетаат и спијат положбата ги потсеќа на утробата на мајката и немаш гајле два саати да си го шеташ ќе видиш ептен ќе ти се најде
Ортопед препорачува воопшто да не се вози во транспортер на количка, корпата си е за тоа. Тамам удобно и широко, ќе си лежи и ќе се возика, ќе си поспива и раат може да си шеташ повеќе време. Мислам да си го земеш од другарка ти, не давај пари за 3 во 1. Може и седиште да си земеш 0+ и ќе си го користиш долго.
Toa mu kazuvam na mm. Zimsko bebe, kolku i da ja vadam nadvor ne e isto so bebe rodeno od april nataka, na primer. Tie mozes sekojdnevno da gi setkas nadvor, a vaka od Januari samo ke cekam koga ke bide ubavo nadvor da mozam kratko da ja prosetam. Ziveam vo centar, kola ne mi treba. Ke si ja stavam vo korpa edno krukce i nazad. Si go isprav sinoka delot sto se vadi za perenje, denes ke go doseredam plasticniot del i top ke bide. Uste kolicka da odberev i so pogolemite raboti sum kompletna.
Должината на прошетките можеби би била покуса во зима, но да си излегувате на воздух барем едно кругче. Убаво ќе ти дојде и тебе, навистина. Бебе убаво облечено според температурата надвор, кремче на лицето за заштита од студено, ти облечена и уживкајте. Нема несоодветно време за надвор ако е соодветно облечено. Плус корпите најчесто имаат и заштитни прекривки, ни ветар ќе и' дува. Во какви студови и ветрови шетав таму кога бев 1 година, најубава зима ми беше. Мене само очи ми се гледаа, бебе скриено во количката со додатоците, се изнаспиваше надвор додека пешачев по двапати по патеката после мостот. Плус таму и сонце кога ќе излезе, па греота е да не прошетате. Ќе си земеш едно кафенце од Стивс, бебе ќе си дремне, убавини.