Незнаев кај да го поставам прашањето па ај овде. Време ни е веќе да купиме седишта за во кола 6++ сме. Е сега ни треба без изофикс бидејќи нема самата кола таква можност, дали да гледам фиксни (во седечка положба, или што имаат можност за спуштање во лежалка, да напоменам бебињата сеуште не седат самостојно). И препорака од каде, да не се астрономски цени бидејќи две ни се потребни.
Доколку им точен сеуште транспортерот вози ги во него. За сега оваа возраст 0-18кг или 0-36кг и на двата модела им се прави од лежашка позиција до седечка. Разликата е што тоа 0-18кг ќе го користеш до кај 4-5 год. Додека тоа 0-36кг како што ќе растат така ќи извадиш додатоците за бебе што се и плус наслонот за главата се поднесува во висина што значи дека и поголеми кога ќе се ќе го користат. Исто има и 9-36кг ама на тие мислам не се прават за лежење, фиксен им е делот за грбот само за во седечка позиција и после тоа може да се разделат и да биде само долниот дел - бустер. Е сега мое искуство избрзав што зедов 0-18 бидејќи веќе на 4год го надрасна, и зедов бустер. Арно ама сеуште при возење знае да заспие и целосно паѓа на седиштето бидејќи нема на што да се потпре како кога е во седиштето. Затоа дури ги собира во транспортерот вози ги во него па кога ќе им стане мал тогаш спрема возраста ќе им земеш 9-36 или 0-36
Jas go koristev do 18 mes ama samo vo kola stoese. Za bebe dur ne proodi ubavo pobezbedno e da e obratno svrteno i vo transporter a ne vo sediste
Ќе бараш 0+ седишта, 0-18кг или 0-36кг. Додека стабилно да проодат ќе ги возиш свртени кон назад. Сите тие имаат опција за полулегната положба и додатоци од новороденче што се вадат како расте бебето.
Јас позајмив транспортер, фаќаше и на количката ама ретко кога се возеше во него, најчесто си беше во корпа. На 3 месеци земав седиште 0+.
Има во енци менци попуст и даваат плус ваучер 1000ка. Јас земав за 7500 0-36 ама со исофикс е, разгледај на страната може има и без.
Јас го имам релаксаторот, одличен е, нема маана. Мене единствено не ми е се допаѓа е тоа што е голем и гломазен…
Можеш од одма ама најубаво ако имаш некој ти позајми да го пробаш дали ќе ти седи. Ние купивме и ми е најнеупотребено нешто не седи ич џабе фелени пари. Како на сликата погоре од таквите модели имам.
Некој да не го има овај релаксатор намален е во енцименци? Гледам дека се спушта па сакав да прашам дали е добар за бебе да спие денски во него?
Пред се види дали бебе ќе сака да спие ако имаш опција да позајмиш од некој. Мене ми дада мама роо 25 000денари е и не сакаше да седи среќа па не го купив.
Го немам овој ама ко што гледам сличен е и опцијата е таа легната или полуседната. Мене и двете деца ми пораснаа во релаксатор Од раѓање кога се чистат уште и им се слева се од нос во грло и неможат да дишат, од вадење заби, грчеви...за се беа во релаксатор во полуседечка положба со вибрации. Имаше денови и кога по цела вечер ја преспиваа во релаксатор зашто им беше пријатно со вибрациите посебно. Еве малава уште го користи ама кај и да е ќе го надрасне.
https://www.encimenci.com.mk/relaksator-salsa360-lr52-wood-jungle-40010524 За овој се одлучивме. Подарок ќе биде, неколку ни предложија и овој го избравме, фино ми излгеда па ќе видиме дали бебе ќе сака да седи во него.