Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Транспортер и релаксатор

Дискусија во 'Бебе' започната од Sun.shine, 13 октомври 2011.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    ^Ние имаме слиЧен ваков од Bright Starts се подесуваат нишкањата и музиката исто
    Ние касно го купивме за малата кога имаше веке 4 месеци ама супер ни се најде , детето си уживаше во него
    Колку го плативме не се секавам , ама ги гледам има разлиЧни цени од 70 евра па нагоре :)
     
  2. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    мене некако бебушкава моја многу мала ми изгледа за релаксатор и транспортер- кога ќе ја ставам во нив некако ми е искривена цела со главата смачкана надоле :worried: и затоа прво ставам перниче мало, па здиплено пешкирче и бебе одгоре. Којзнае дали грешам што правам така, па и затоа избегнувам да ја ставам да не се искриви не дај боже, а инаку ужива да спие во транспортер (пошто сеуште не шетаме интензивно па транспортерот по дома ни злужи како лулашка), а исто ужива и во релаксатор да си седи мирна и да си глетка. Едвај чекам да потпорасне па да може на раат да си ужива во релаксаторот.
     
  3. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    И јас на син ми му ставав перница некако помеко поубаво му е, Има 4 месеци и една недела и дури сега почнав да го носам без перница.
     
    На nevesta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Ние сега разгледуваме релаксатори, ми беше страв да не ни е веќе касно ама гледам тука доста долго ги користите. :)
     
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    [​IMG]

    Ваков релаксатор гледавме (одбравме) и најверојатно ќе го купиме утре. Има ли некој од вас да го користел овој модел на Грако мултифункционалните и како е задоволен. Нам ни делува ултра практичен, може да си го користиме и подоцна како столче за хранење па од таа страна ќе заштедиме.
     
  6. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски

    Nie go imame samo vo bela boja :) Da ti kazam dosta e prakticen i lesen mozes kade sakas da si go nosis i stavas :) Nasiot e i na struja i na baterii ...
    Bidejki sme uste mali spusten e na prvo nivo i e kako obicnite relaksatori za lezenje (plus toa sto sam si lula ).
    Kolku tolku mi pomaga na nekoi si 15 tina minuti da posedi ...
    Imase periodi i si zaspivase vo nego i se lulase i spiese , no sega ke ja sednam i sedi i saka da se ispravi da gleda nakaj tv....valjda ke treba vo brzo vreme da go podkrenam malku sedisteto no se mislam pak da ne e mala za da sedi taka ispravena...kako i da e sigurno podiganjeto ke e posle 5tiot mesec....
    Heidi nema da zgresite mila epten ke vi se najde , no najmnogu zavisi od bebceto (dali ke saka ili NE ) :?:
    Kolku pari go zemavte ????
    :* :* :*

    Samo da nadopolnam i mnogu lesno i brzo se sklopuva :)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Си го земавме ние релаксаторот дома и мераци сме :D На прв поглед беше љубов ова... :)
    И засега, од сите перформанси што ги нуди сме презадоволни. Нашиот е само на батерии, има звуци на природа, срцебиење, звуци од природата, класична музика и др.
    6 брзини на нишкање, релаксаторот се вади лесно од рамката и се поставува засебно со едно вибрирачко такво (да не речам вибраторче =)
    Мислам дека многу ќе ни користи, синко веќе го засака :inlove:
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Се двоумам помеѓу релаксатор класичен/и тој со вибрации.
    Ваши мислења и ставови?
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.525
    Допаѓања:
    106.053
    Пол:
    Женски

    Класичен :) ние го имавме овој на Чико [​IMG] ќерка ми ја ставив во него уште првиот ден , а некаде до 5тиот месец седеше во него, се прави и како столче и пишуваше дека може до 3 год да се користи што мислам дека нема шанса, ќерка ми кога имаше 4-5 месеца почна сама да се крева од него и тоа се навалуваше можеше лесно да се преврти и го собрав , така да многу малку го користевме и за тој со вибрации мислам џабе фрлени пари. Инаку ми завршуваше работа, кога готвев, седев на компјутер , чистев ,нејзе ја ставав во него и си лежеше си играше со тие играчките што висат :D ама ти викам,малку се користи :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    А дали треба да внимавам нешто на тие шипки, ваква такава положба,дебелина-при купување...зошто ми велат може некои немало да ја издржат тежината на бебето.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.489
    Допаѓања:
    201.404
    Пол:
    Женски
    Сноу, а немаш од кого да позајмиш? Оти не се знае дали бебето ќе го прифати релаксаторот, не сите ги сакаат, особено класичните. И малку време ќе го користиш, оти кога ќе биде поактивно, ќе почне само да се дига и релаксаторот нема да е толку стабилен. Барем моето искуство покажа така, а јас имам класичен релаксатор на Чико, без музики и вирации и други придружни елементи.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Јас имам релаксатор со нишкање , детето си седи во него си се нишка плус има и музика .
    Незнам како е во обичните , исто ми е како да седи/лежи на кревет , иста функција мислам .
    Ако имаш од некаде да си позајмиш би било убаво да не не после бебе нејке да седи во него :)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас имав класичен, но искрено со нишкање(вибрации) мислам дека е подобар.
    Исто така пред да се купи јас би советувала да се проба. Мене бебуш дури на 5месеци ми седна во него и само 2-3 месеца го користевме.
     
  14. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    користев релаксатор и тоа максимално се додека го собираше,а транспортер много ретко користевме,детето е родено јануар па такада не излегувавме многу често а напролет имаше 6 месеци па повеке користевме кенгур
     
  15. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Ние денес купивме релаксатор со вибрации еве го само нашиот е плав
     

    Прикачени фајлови:

    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^од каде и долку го зема?
     
  17. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Од Андреј Компани Штип 2390 денари
     
  18. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Користиме и транспортер и релаксатор, и тоа максимално. Транспортерот ни е постојано во автомобилот, секако најважна е безбедноста на бебчо, а на релаксаторот душата му ја вадиме :D по цел ден е во него, преспиваме, дремуцкаме, се нишкаме, пиеме млекце ...
     
  19. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Nie imame relaksator I preku den nekogas I zasoiva vo nego.Izvinete za latinicata od mob sum
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    За транспортер нема збор,без разлика дали многу се користи или малку, мора да се има, сигурност пред се. А релаксаторот е релативна работа, ние конкретно до 5 месеци го користевме секојдневно,дури и си го носевме со нас по баби.Ако ништо друго олеснение да отидеш до вц на 5 мин.кога си сам, знаеш дека бебе е врзано и сигурно и може кратко да се позанимава додека завршиш некоја работа.