Со различна намена се. Гнездото јас го користев за денски дремки кога спиеше во дневната за да не влечкам креветче од една во друга соба. Релаксаторот е за да го оставиш пола саат-40 мин додека е будно, ем да погледа играчиња обично горе над главчето што му висат за стимулација, ем да се одмориш ти, ем на некои бебиња им се смируваат грчевите во релаксатор. Е сега дали ќе го сака...моето ни 3 минути не седеше во него, ама има бебиња на кои што им се максимално искористени.
Моите и двете максимално го искористија релаксаторот. Посебно за грчеви кога имаа ептен им помогна. Гнездо немав. Ми изгледа дека не е мн корисно од аспект што мн брзо го надраснуваат, а додека го користат неможат уште сами да се вртат, па ако е само за спиење во дневна пример ќе ставиш една тетра и готово
Zdravo mamicki Kako SE vasite iskustva so ovoj relaksator go gledam na akcija e pa mi se vide interesna cena ne bi da zimam nesto skapo znaejci deka bebe moze nema da saka vo nego
Ако бебе сака да седи, секаков ќе ти заврши работа. Јас за првото имав два од внуците, еден ваков и еден со нишање, ама џабе тој повеќе од 5минути не седеше. За второво имам само вакав и маста му ја извадивме. Знае и да заспие во него сеуште, а еве го скоро 10месеци е.
Бебе кое ќе го сака ако воопшто сака. Јас имам мама роо од бебе хоум али позајмено и среќа што не купив зошто бебе ич не сакаше да седи во него ама ич ич ич, а замисли да дадев 25 000 за релакстор. Се успиваше во транспортерот зошто и тој можеш да го клацкаш малце па повеќе работА ми заврши.