Од која возраст почнавте да користите релаксатор? Од кога реално се спремни бебињата за да седат во него?
Јас од прв ден дома,па се до 5 месец ,после не сакаа веќе,лазеа. Да се дополнам,релаксаторот во лежечка положба.
Совет за релаксатор и доколку некој ги користел овие два да каже мислење дали да "фрлам" волку пари, или нешто слично поефтино ќе ми ја брка истата работа?
Јас го имав вториот,задоволна бев,дремки си тераа бебињата во него,два имав.Ги користев од прв ден,ама до кај 5 месеца некако,одкако почнаа да се вртат несакаа повеќе во него.
La scala Moni? Вреди за парите? Нежни движења има? И три позиции на подесување? Може да спие бебе во него? Мелодиите како, има и вибрации? Ако се сеќавате нешто пишете. Реално има и поефтини па се мислам што да правам.. Бебе има 1 месец, дај боже да сака 4 месеци да седи во него не ми треба повеќе
Мала грешка.Овој го имав.Вибрации немаше. Имаше 12 мелодии,3 нивоа,бебе си спиеше во него убаво. Имаше 5 нивоа на брзини за движење и да нежни се движењата а и мелодии имаше убави. Бебињата мои уживаа во нив.