И мојот беше големо бебе, до 10 месеци во транспортер беше. Сега 3 ќе полни, уште се вози свртен наназад. До 104 цм (толку е назначено како максимална висина на самото седиште) така ќе се вози.
@Baby warrior Секако треба да купиш седиште, па ако сметаш дека и е тесно нема потреба да чекаш 1 година. Јас од истата причина го префрлив во седиште, ми изгледаше дека му е тесно како стуткан беше цело време. Нашето е од 0 месеци, го извадивме делот што е наменет за новородено. Се врти 360 што е многу практично, се мести во 3 позиции што значи може и на 45 степени и паѓа во вода фактот дека транспортер е побезбедно заради аголот. https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-mica-pro-eco-i-size-authentic-grey/ Ова е нашето, гледав и Сајбекс не можев да одлучам. Има од скоро сите фирми убави седишта со добри оценки на adac.com, ова пример е во подобро оценатите со 2.1 оценка што е супер.