Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Транспортер и релаксатор

Дискусија во 'Бебе' започната од Sun.shine, 13 октомври 2011.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Може ли некој да ми каже дали има вистинска потреба и од релаксатор и од транспортер и која е? Читам дека траспортерите се вадат од основата и можат да се користат дома како лулки/релаксатори? Разликата дали е само во вибрациите и музиката? Можеби има разлика во материјалите од кои се изработени или во удобноста?
     
  2. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Транспортерот се користи за во кола кога треба да патуваш некаде, тоа му е безбедно седиште на бебуш. Некои го користат и дома како релаксатор. Сега релаксатори имаш обични баш како транспотерите, а имаш и со музика, нишкање, вибрации.
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Значи сепак предноста кај релаксаторот е само во вибрациите и музиката? Се мислам дали и што да купувам, затоа што планираме да не бидеме баш статични дома. Па ако купам релаксатор нема да ми биде баш од голема корист.
     
  4. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Зуто, овие релаксатори што се кај нас за ништо не ги бива. Немој за џабе да фрлаш пари.. ако сакаш да земиш релаксатор кој ќе ти фати место нарачај од интернет некаде од надвор од Америка, Австралија.. Јас имам релаксатор од фишер прајс и е нешто феноменално... [​IMG]
    Еве го мојот баш овој го имам... ова е стрвано релаксатор нашиве релаксатори се како транспортери.. Овој што го имам јас има 8 музики, се ниша самиот, на батерии работи, има три позиции на поставување на седиштето, се крева повисоко пониско седиштето, безбеден е... прекрасен е! Го обожавам!
     
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Работата е во тоа што мислам дека релаксатор и нема да ми треба оти слабо ќе се вртиме дома. Затоа прашав дали е неопходен или може да го замени и транспортерот на пример. Тоа ми беше прашањето. Фала ви во секој случај.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Добивме поклон релаксатор, гледам ужива да се лула во него бар сега за сега.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Во дилема сум кога се во прашање транспортерот и релаксаторот. :?: За транспортерот сум речиси одлучена да не го купувам бидејќи мислам дека не се искористува многу, не планирам да патувам со мало бебе на долги патувања а и ептен само првите месеци од рагањето на бебушот се користи. Мислам дека како трошок можам да го одбегнам... плус веќе имам од тие корпите за бебиња па во такво ќе ја извадам од болница малава моја.

    Релаксатор сакам да купам и повеќето мамици со кои сум разговарала за практичноста на релаксаторите велат дека ги користеле (некои повеќе, некои помалку но во главном повеќето бебиња си лежат во релаксаторот, или ги хранат во нив, или дремнуват по малце нишкајки се)
    Но не знам каков релаксатор е најдобро да земам, со вибрации или без? Кој повеќе би ми завршил работа или нема врска? Како се движат цените на релаксаторите со вибрации и музика и на оние без?
    Ми треба мислење мамици, кој ќе биде порасположен да ми одговори!?!? :$
     
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам двете. Додуша релаксаторот многу повеќе го користам. Релаксаторот ми е на Фишер прајс со музика и вибрации, со играчки и стреичка. Синко по цел ден е во него. во која соба сум јас, таму и он со релаксаторот :) Транспортерот го имам користено само 3 пати за до лекар и толку. Ама сестра ми на малата и го смени релаксаторот со транспортерот откако внука ми го надрасна релаксаторот. Па сега кога си претка сама си се нишка. :)
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Транспортерот не може да се спореди со корпа, затоа што е побезбеден. Јас никогаш не одам некаде без транспотер, и секогаш малиот дообро го обезбедувам у кола. И сега веќе знае кога ке го ставам во транспортерот седи мирен знае дека ке се шета :lol:
    Не можеш да знаеш по пат што може да се случи, недај боже некоја собракајка, може малку да те удрат со кола, ама бебињата се нежни и може да му се случи нешто (далеко било). Можеби е трошок и само една година го користиш од прилика, но вреди за безбедноста на бебето.
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    А дали некоја има користено седиште за во кола 0-18 кг, уште од почеток наместо транспортер?
     
  11. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Малце ме подзамисли сега, можеби си во право, безбедноста на бебето треба да е во преден план.
    Јас пак друго мислев, дека не ми е во план патување откако ќе се породам, а за прошетки низ градов ќе ја користам количката (оти баш летниот период ми се паѓа со малава да се шеткаме)
    А инаку не ми го разбра муабетот за корпата. Зборот ми беше дека кога веќе ја имам, наместо во раце во корпата да го изнесам од болница моето бебе.
    Што знам, имам уште некое време до породувањето па ќе подразмислам уште малку дали ќе ми треба или не транспортер.
    Сепак ти благодарам RHS за одвоеното време! Поздрав :hai:
     
    На RHS му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mamavonajava

    mamavonajava Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6

    Ако сеуште немаш купено количка, јас би ти препорачала да си купиш од оние каде транспортерот се монтира на количката и на почеток така да го користиш. Јас имам количка на која делот со седиштето комплетно се вади и на рамката се става само транспортерот. Малата има 6 месеци, скоро секој ден сме некаде излезени и сеуште само со транспортер сме ( ја местам дома во транспортер, го ставам на седиште во кола, потоа со еден клик монтирам на рамката и возам.... ем дете спие скоро цело време ем никој нема потреба да го држи и раце да му паѓаат) Бидејќи голем дел од транспортерите сега веќе не се со ограничување ( во постарите модели може мах. 2 ч да седи бебето, па потоа 10 мин масажа или одмор) и дома го користам како релаксатор, на рачката ставам играчки, бидејќи долниот дел не е рамен може и да се нишка, а за време на ручек го ставам на столица покрај мене и додека ние јадеме и она јаде. Мене искрено ми врши работа и како транспортер и како релаксатор. Релаксаторите кои навистина вршат работа, мислам на оние со музика и вибрации се доста скапи, се користат до кај 6 месеци, ама пак за секое излегување од дома или со кола треба да му ја мислиш, вака транспортерот до 1 година и како седиште во кола го користиш.
     
    На zuto и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  13. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Релаксатор веќе ни ветија на поклон (на користење) така што мислам дека ми се исплаќа да земам транспортер. Сигурно нема да седиме во загушливото Скопје, ќе идеме на викенди, на одмор и мислам дека транспортер се исплаќа за оние кои често патуваат. Е сега немам искуство во врска со транспортери, ја отворив страната на бебесупермаркет и гледам дека има седишта од 0 до 18 кг со повеќе наслони на седиштето, од лежечка до седечка па мислам дека така се исплаќа. Го гледав овој па вие поискусните мамички кажете дали е исплатливо ова.
    http://bebesupermarket.mk/?p=14071
     
  14. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    седиште за во автомобил

    Сакаме со мм да куиме седиште за во автомобил на ќеркичката па незнаеме какво да земеме.
    Дај те ми предлог за квалитетно седиште и нормално да не биде астрономска цена....
    поздрав
     
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Девојки дали е подобро да се земе релаксатор со лулање или со вибрации? Треба да одлучам деновиве и не знам кој е подобар.Да ме посоветувате од искуство.
     
  16. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    ние имаме без вибрации од џамбото го земавме 1800 денари и е преубав синко кога ке мрдни се лула самиот и колку игра со играчките на него само ги мава со ноџината а ако е со вибрации само кога ке ги пуштиш ке се лула
    а кога бев во советувалиште ми рекоја да не го ставам во трелаксатор не било корисно ама синко просто си го обожава ]:)
     
  17. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Дали е неопходно да се купат и двете работи?Бидејќи од повеќето добив совет да купам транспортер и дека можам да го користам и како релаксатор.Ако може некоја да сподели мислење.
     
  18. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Јас ги имам двете но релаксаторот ни е максимално искористен синко по цел ден седеше во него и сам се лулаше сега веке не го користиме бидејки порасна и сега имаме голема лулашка, а транспортерот дали 5-6 пати го користевме
     
  19. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    A транспортерот има функција за лулање,бидејќи јас повеќе сум за да купам транспортер ќе ми користи и за од болница носење и ако има иста функција како релаксаторот да не фрлам бадијала пари да го купам само транспортерот.
     
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ние имаме и транспортер и релаксатор (релаксатор денеска купивме)
    Не планиравме да купуваме бидејќи мислевме дека транспортерот можеме да го користиме и како релаксатор.
    Пробавме ама не е иста функцијата, бебуш пак плачеше и делуваше незаинтересирано.
    Транспортерот е по затворен, а бебето изгледа сака отворен простор да може да ја разгледува околината и плус да се лула. :)
    Денеска еве го прв ден во релаксатор (без вибрации, само на лулање) и гледам смирен е, си ужива.
    Дај Боже максимално да го искористиме и ние релаксаторов и беблак секогаш да ужива вака како денеска во него.