Nie imame i transporter i relaksator. Transporterot za vo kola inaku moze i kako relaksator da se niska kerka mi vo nego. Vo relaksatorot (obicen) e cesto preku denot. Sega naucila da se butka so nozite nagore kako da i e mal veke. Treba nesto drugo da zemime da se relaksira za da moze mama da prefati nekoja rabota niz doma.
ние имаме и транспортер и релаксатор ....транспортерот го користиме мн малку ..малиот мој е преактивен и несака да седи во него дека е позатворен, така да од моја гледна точка нема да ви користи за истиот како релаксатор.. јас релаксaтор купив од џамбо - 3000ден со вибрации на fisher-price е ...има играчи напред и неколку позиции за грбчето како и позиција за спиење на бебето..кога ќе порасни може да се користи и како столче... синко седи во него по 30 до 40мин си игра, мрда со ножињата и со тоа се лула сам така да мајка има време да се среди и да фати нешто по дома... Спојлер
За тие што сакаат да се шетаат и патуваат често и секојдневно со кола, транспортерот е повеќе од потребен, да не речам е must have. Позатворен е, стегнат и јак, за да обезбеди заштита при не дај Боже судар. Како ги возите вашите бебиња во кола?
Не треба да се сваќа имањето на траснпортерот како нова мода , безбедноста на детето пред се . Ние неможеме да замислиме да излеземе од дома без него , за поголемата ќерка имаме две седиште едната во моја и другата на мм кола. Детето сигурно си се вози и нема ризик и при најмало закочување да му се случи нешто . Плус гледам има седишта кои се од 0 месеци во кое бебето буквално е во седечка положба и тоа не ми се сватливо . Побитно е да се има транспортер него релакасатор , тоа може а и немора . Треба да се подигне свеста кај родителите !!!
Не сум мајка ама би ви препорачала да го земете и двете работи.. Внучко мој уживаше да седи во релаксаторот,дури 5-6 месеци кога имаше знаеше да заспие тука а транспортерот секако во кола,дур не го израсна па сега шетаме во седиште
и јас овие седишта ги гледав и цела сум во неудумица измеѓу седиште од 0-12/18/36 кг. или капсул кога се распрашував ме убедуваа дека овие седишта се практични за новороденчиња(се подесуваат под одреден агол за новороденчиња) ,некако на око многу гломазни ми се за толку мало човече,и кај нас е морално да купиме две исти ,едно за во мојата кола и едно за кај мажле...а времето се ближи
Јас имав транспортер кој во исто време се користи како седиште. Тој се користи додека детето не наврши 1 година, пошто може да биде и во легната и во седечка положба. После тоа си купивме седиште за кола, коего користеше и едното и другото дете од нивна година и пол па се до 5 години. Подобра работа здравје!~ релаксатор немав.
да се самоцитирам и појаснам - транспортер имам и ми користи за возење во кола и за пренос на син ми од едно на друго место, кога одиме на лекар , за вакцини и сл....и истиот не го користиме како релаксатор токму од причина што е позатворен и понеудобен за седење по цел ден како релаксаторот
Tocno e deka si treba transporter za vo kola. Edno e za sigurnosta na bebeto, a drugo si go zimas i nosis bebeto so tebe. Ne e nikakva moda. Sigurnost e vo prasanje. Ovde vo Evropa e kaznivo ako nemas transporter, uste vadenje od bolnica treba da e vo transporter pa se do 15 god. Na nasi prijateli gi kaznija sega skoro za kerka im e 9 god.nemaa sediste. Policajcite im rekoa deka mora i decata da bidat podignati na sediste. Na tetka mi isto gi kaznile (zboruvam za pred 18 god) tie imale transporter za.deteto togas biilo 3-4 meseci, placelo pa go dignala tetka mi da go smiri i op gi videle i kazna. Dosta mi e prakticen transporterot.
Ќерка ми е 3 год и од пред неколку месеца имаме вакво столче порано имавме вакво ама од втората година за жива глава не седеше внатре , јас ја врзував и сама се одврзуваше а и плус ко стуткана беше внатре па сега со другово седиште си седи нема гајле каишевите од автомобилот се врзуваат под дете раце се стегаат и тоа е
Јас додека немав транспортер бев врзна или некој да ме вози или некого да влечкам со мене за да го држи малиот. Вака сега абер немам...дефинитивно според мене транспортерот е многу поважен од релаксаторот кога се дава приоритет веќе
Ги имаме и двете, ама засега ни еден не сме баш искористиле . Си велам ајде мали сме, само еден месец имаме па можеби ќе се сменат работите. Воглавном моето бебе сака во раце, така да кога е во прашање релаксаторот можам да речам дека го ,,сакаме,, само две минути (некогаш и 2 секунди само лежи во него). Транспортерот ни е искористен 2 пати кога бевме на вакцина, лежи во него само кога е заспиена а иначе онака будна сеуште не сум имала прилика да искусам што ќе се случи (претпоставувам нема да сака да лежи во него и ќе бара мама да ја држе во раце). Инаку на количката која ја имаме (којзане дали ќе сака да се вози во неа), се вади ,,седиштето,, (или како се вика), па наместо него се става транспортерот, можеби така повеќе ќе го искористиме. Или не?!?!? Пред да се купи се што ни треба за бебето многу се интересрав и јас што се искористува а што не од бебешка опрема, прашував овде на форумот, прашував по мои познанички мајки и едно заклучив дека се си зависи од бебето. Индивидуално си е, некои бебиња сакаат во транспортер и релаксатор, некои пак не! Моето засега нејќе, а купивме сЕ (поточно за подарок од блиските добивме сЕ) ама изгледа џабе ќе ни се и транспортер и релаксатор... Дај Боже да грешам и да пишам пак на темата дека си ги користиме, ама тешко!
Cнегулката,едно не ми е јасно..како очекуваш едно што туку родено бебе самото да одлучува за неговата безбедност??? родителот за што е ??? плачело секое бебе плаче,еднаш-двапати ќе види не види ќе прифати,за релаксатори,дубаци и други пропратни работи за занимавање низ дома не зборам ,правам муабет за транспортери.Cе работи луѓе за безбедност...сообраќај...
снегулке , да не е некој др проблемот на детето што плаче , мислам ако е многу мало бебе , нешто занимавајте го , тоа не разбира се уште каде седи итн , секако безбедноста е на прво место. Почекај,се уште ништо не си видела , ќерка ми од кога прооде несака ни да го види седиштето , па некако ја занимавав и седешпе во него ама колку повече расте разбира , и таа плачеше абе можеби и еден саат ако не ја тргав и на крај морав ов раце да ја држам. Има деца што си седат и секоја чест , ама вие што имате мирни деца не знаете , ако плаче до зајдување во седиштето неможеш да ја оставиш внатре секако. Ние од кога и го сменивме седиштето и земавме вакво немаме гајле ис седи сега може е за поголеми деца ама што да и правам , барем во некакво седиште да седи
Ај да ти разјаснам штом ти е толку нејасно . Всушност ако прочиташе двапати ќе немаше да ти биде нејасно, туку ај јас да пробам да ти појаснам. Никаде и никому не сугерирам да не користи транспортер, а штом ги имам јас дома тоа значи дека сум имала намера да ги користам и сум сметала дека ми се потребни. Но ... има бебиња кои едноставно нејќат да седат во нив, па кој што сака нека каже за да ме убеди во спротивното нема да успее. Станува збор за бебе од 40 дена кое ни од тропкалка разбира, ни од играчка, ни од песничка... тоа само ја бара мама до себе и во нејзините раци се осеќа најбезбедно. Таков случај сме ние. Да е поголемо бебе ќе пробаш да го занимаваш со нешто, ама бебе од 40 дена Со што? Како? Единствена опција ти е да го оставиш да плаче и да му велиш на шоферот ,,побрзај бебето ми плаче,, ама важно во транспортер го држиш. А и тоа плачењето некогаш не е само вакво ... Ти би го држела бебето во транспортер ако тоа плаче до степен да губи глас, да се залисува (или како да казам), посинува од плачење и го чекаш секунди да земе воздух? Јас искрено не би. Треба упорност и планирам да пробам уште 100 пати, треба трпение и многу труд, ама има ситуации и има бебиња кои бараат време за да ги прифатат некои работи. Во еден разговор нашиот педијатар ми рече ,, Не можеш ти да му ставаш ред на бебе од 40 дена, тоа тебе ти става ред и ти се прилагодуваш кон него,, Е сега од секогаш имало мајки чиј деца полесно го поднесуваат тој премин од утробата на мајката во реалниот свет... и баш тие мајки обожаваат да филозофираат како било безбедно, како другите не знаеле да бидат родители, како не се грижеле другите за своите деца... Море биди благодарна ако бебушка твоја лесно прифаќа и релакасатор и транспортер и не им соли памет на другите. Помалце филозофирајте а повеќе гледајте реално на работите! Поздрав!
A сакаш да ми кажеш дека само македонските бебиња се бебиња така :geek: ??? Bо другиве земји кај со закон мораш од породилиште директно во транспортер или седиште или воопшто било каде да тргнеш со бебе/дете мораш во седиште.Kажи ми тие тогаш како можат да седат,а овие не ,мислиш тие не плачат ...ова ти што го напиша ,воопшто не ми е некоја алтернатива за самоубедување зошто детето треба во раце да биде..плачело..е ок де подобро да плаче за ништо..отколку не дај боже од нешто..за мене и моето дете безбедноста ми е на прво место,веќе кога сум решила во кола да го качувам. и ти препорачувам подхитно да си го смениш педијатарот
Ајде и јас да го споделам моето искуство во врска со темата. Имам две деца за поголемото не користев транспортер бидејки баш како што кажа снегулка ако ја испушев од раце посинуваше од плачење и сигурно дека нема да си го оставам детето да да се убива од плачење а јас да се возам и да кулирам. Можеби затоа и не шетавме многу додека беше помала бидејќи за неа немаше ред цицање и плачење и в раце кај мама. Можам да кажам дека ми ги сруши сите принципи. За помалиот користев иако мене лично бебето ми изгледа многу свиткано во транспортерот. И напротив сакаше да седи во него додека беше помал а кога почна да разбира и да сака се да види ни играчка ни ццли ништо не помагаше. Инаку не мислам дека има родител кој не се грижи за безбедноста на своите деца ама и немислам дека има таков кој ке остави детето да плачи како тоа така да треба да биди демек детето ке се навикнело. Инаку имам братучеда во странство и баш заради тоа што детето хистерично плачи додека ја вози во тренспотер,а нели мора да седи во него неможи да мрдни од дома барем не сама со детето. Секое дете сепак е различно и посебно и можеби треба да се трудиш да го носиш во транспортер но не по секоја цена.
Се што ќе посакате ќе добиете, буквално се, ако успеете да ја натерате ќерка ми од пет и пол месеци да седе во транспортер или релаксатор повеќе од 10 минути. Или во количка. Се што имам кажано и се што имам пробано ми падна во вода. Толку труд и толку пари ... џабе. Она и кога спие не е мирна. Блазе им на тие мајки што имаат кротки бебиња.
Денот кога ме отпуштија од болница, патував со бебе од 3 дена 2 и пол саата, во транспортер се разбира. Никогаш кога патувавме не го држев во рацете. Ако плачеше се обидував да го смирам, со лажалка или како и да е, ама секогаш пак остануваше во транспортерот. Сега веќе како дете од 3 години, има свое седиште и си седи сам на задне седиште, додека јас и мм сме напред. Едноставно, така е навикнат и не се буни. Мислам дека тука кај нас законите се уште можат да се ескивират, па затоа ме интересира пример на Запад, каде законите се почитуваат и каде казните се ригорозни, што прават тие родители на кои "не им се погодило мирно бебе"? Бебињата секаде се исти. Не сум саркастична воопшто, ама мислам дека кај нив толку е засилен менталитет дека бебе/дете МОРА да биде во своето седиште/транспортер, ради лично НЕГОВАТА сигурност, да воопшто ниту не размислуваат да го извадат од седиштето, за разлика од кај нас, каде ни е жал детето што плаче.
И сега што? Ако ти реплицирам ќе треба една обична дискусија да ја претвориме во расправија...и ќе не бришат секако... Не ми се губи време во докажување затоа ќе те поздравам и ќе ти кажам дека и јас би сакала моето дете да седи без проблем во транспортер ама не по секоја цена. А не верувам дека постои родител кој не би си го зел детето во прегратка додека тоа вришти и дури останува без глас... Ако не и имала прилика да го видиш сопственото дете во таква ситуација тогаш не знаеш ни што ти зборам. Нема врска...поздрав! И јас тоа велам, алал да им е на мајките со мирни бебиња... Но најчесто тие се оние кои не веруваат дека не се сите бебиња исти и обожават да се расфрлат со мудрости како се одгледува едно бебе. Твоето 10 минути ако седи во транспортер и релаксатор вие сте супер, кај мене само минутка и ништо повеќе. Исто како твоето и во сонот не е мирна, постојано мрда и испушта некакви смешни крици . Ама сега сум задоволна што барем навечер спие поврзувајќи по 2- 3 саати, прво ми стануваше на пола саат,без сон бевме и двете. Туку ме утешува тоа што педијатарот ми вели да бидам среќна што е здраво бебе, убаво напредува, цица од мене, ги полни пелените... а тоа што е плачливка и стално кенка изгледа ќе мора да го прифатиме за нормално и да чекаме да помине.