Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Транспортер и релаксатор

Дискусија во 'Бебе' започната од Sun.shine, 13 октомври 2011.

  1. Przhajche

    Przhajche Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво мамички. :) Ние пораснавме и големи сме за во релаксатор, па го продаваме за да може
    да ужива во него и некоја друга принцезичка. :inlove:

    Повелете линк од истиот. Доколку имате било какви прашања, слободно прашувајте.
    http://www.pazar3.mk/Listing/AdDetail/I ... ght-Starts
     
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    мамички може да ме посоветувате. ќерка ми се навикна да спие само во транспортер.Не сака ни креветче ни количка ни релаксатор. Навечер ја засдпиваме во него и само што ќеја префрлиме во креветче се буди и плаче. Спие по 10-12 часа вкупно во него. Да не е многу? Да не се искриви во р`бетот или слично? Шро мислите вие?
     
  3. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Не да е многу туку премногу е! Затоа е транспортер за транспорт т.е за не подолго од два три саати во таа положба, а не пак секој ден по 12 саати...
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    http://grid.mk/read/article/8075654/pok ... mir-kapija

    Не е ни малку убава веста, ама сум згадена.
    За мајките кои тврдеа дека бебето не може да е побезбедно од тоа да е во нивните раце каде што или може да им излета или да го стиснат премногу и да го угушат или во најмала рака да го повредат.
    И тие чие бебе не сакало ете да седи во транспортер. Ќе си потрпиш вожња од рикање и плачење, ќе анимираш и ќе бидеш истраен, два-пет-десет пати и има да се научи. Подобро оно да плаче, него ли...

    Бебето било во рацете на мајката, а другото детенце не било во соодветно седиште.
     
    На bittersweet, leona83, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Многу е, бебињата треба да спијат на рамна подлога, во него се свиткани како буквата с, ќе се искриви.
     
  6. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Скоро сите транспортери се за до два часа седење - спиење во него...Единствено за еден во бебеконфорт ни кажаа дека можело до 24 часа бебето да биде во него...
    Дефинитивно сите советуваат бебето да спие на рамна подлога, во креветче или колевка или корпа додека е ептен мало.
     
  7. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    и мојата исто така се навикна да спие во транспортер и навечер и преку ден значи буквално цело време спиеше само во транспортерот и јас сама си знаесв дека не е добро толку мн време да седи во транспортерот ама што да се прави кога не сака да спие во реветче, но пред некој ден ја ставив како и обично во тран да спие не сака никако сега а ја ставам плаче ли плаче
     
  8. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Мајки, зошто мислите дека на нас бебињата ни се родија соогромна желба за спиење во креветче? Јас скоро 5 месеци борба водев зошто само раце спиеше мирно. Упорност и нерви требаат ама не е невозможно. На почетокот многу ќе плаче, ќе нишкате и пак ќе враќате во креветче и се така додека не почне по подолго да дреме во него. Буквално тоа го правев секој ден и се исплатеше, сега не спие на друго место.

    Исто како со муабетот од погоре за транспоретерите, блазе на тие мајки што имаа кротки бебиња за се ама кога веќе Бог ни дарил потемпераментни ќе стиснеме заби и малку повеќе ќе трпиме.

    Немој некој ден да ви е криво зошто не сте биле поупорни. Добронамерно е кажано ова, скратете си од сонот и од тоа да ви е тишина и да не плачат, вложете колку треба време и ќе има успех. Ова ви го кажувам од искуство со такво бебе.
     
    На babyane18 и joy1 им се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Мислам дека не е страшно со оглед на тоа дека се дизајнирани како да се бебушите во стомак,, но треба размрдување. И другарката со бебушот а и ние си дојдовме со колата и патувавме 24 часа. Малата седеше во транспортерот цело време. Правевме чести паузи, цицање, менување пелена излегување на чист воздух и се беше ок фала на Бога. Штом ја ставам во кола и почнуваме да се возиме таа е топ. Обожава да се вози и да спие. Но треба да го научиш во креветче да спие оти ќе ти порасне и потешко ќе биде.
     
  10. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Девојки, имам една дилема во врска со транспортерот, дали и колку ќе ми биде потребен.
    Количката веќе ја одбравме, а транспортерот за неа е 10000 денари (прилично скап, со оглед на тоа што се користи многу кратко). Но, ако мора да се купи ќе го купиме за срцето наше. :inlove:
    Но, незнам дали и колку би го користеле, со оглед на тоа што ќе се роди во Октомври, па до пролетта веројатно нема да се расшетаваме многу многу по ладното....или тоа нема врска? :^)
    Колку често вие ги шетавте бебињата во зима?
    Како и да е, она што не замисли е што продавачката ни понуди наместо транспортер - седиште за во кола кое се врти обратно и може да се користи од 0+ до 4 години?! Всушност, единствено што ќе биде „проблем“ (демек бебево несмееш да го пипкаш) е што ќе треба да го преместуваш од траспортер-седиште во количка или да си го носиш во раце до каде што ќе одиш?
    Инаку, мм многу се нервира кога бебињата се носат во транспортери (баш кога бевме на преглед на гинеколог, излгегуваа со бебињата во транспортер) и вика: Види ги - како да си го купиле бебето од пазар го носат :rofl: наместо да го земат во раце до кола
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Транспортерот се користи од 0+ па до годинка, потоа се зима соодветно седиште за во кола. Транспортерот е наменет за таа цел, да бебето биде удобно сместено и заштитено при возењето, а и со него може да го пренесуваш од едно место на друго. Можеш да го ставаш и на земјата транспортерот а бебчето да биде во него. Нема врска што ќе се роди во октомври, ќе идете на вакцини, на гости бебето ќе си биде во него и ќе си седи или спие. Мене ми врши гоооолема работа. Едно е што ми е детето безбедно а и си го пренесувам секаде.
     
  12. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    46.073
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас сум ЗА транспортер, многу работа ни врши, за на вакцина, за на гости и др. И воопшто не жалам за парите искористен ни е до максимум :)
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Кажете ми до која возраст е обавезно седиште за деца? Мислам некако ми е во мислите дека беше до 3-годишна возраст, точно ли е?

    На син ми сегашното седиште веќе е мало, тоа е до 18 кг. а тој има веќе 17, веќе не можам ниту да го врзам, па сега што да правам, да купувам друго, тој е веќе три години, и ако да кое и каде? :?:
     
  14. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    Е како до три години? Имаш едни за поголеми деца, значи седиштето се состои само од долниот дел т.е. делот под газето и се далеку поевтини од она класичното што го имаш ти
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.712
    Пол:
    Женски
    Во право си и тие ако не се лажам се дури за до 36 кг.значи може и до поголемки да си седат во свои седиштa.
     
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Мислев законски обавезни. Не сум баш сигурна како е во Македонија, за Србија знам дека законска обврска е да дете има свое седиште до три године, дали корпа/транспортер, или понатаму седиште или такво бустер седиште што ми предлагаш. Тоа е до 36 кг. мада воошто не ми изгледа многу удобно тоа за долги релации, не како класично седиште, па затоа се и двоумам. Мислам дека сепак најдобро ќе се одлучам за класично седиште поголемо, мислам и тоа имаше до 36 кг.
     
  17. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    бидејки нема тема хранилка да прашам овде дали некој ја има хранилката од џамбо и како е задоволен,ние од таму го имаме релаксаторо и ние максимално искористен е сега незнам дали се добри хранилките а треба да си купиме па така разгледуваме опции знам само таму дека не беја скапи околу 1800 денари беа
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ја има моја колешка ( додуша купена оред 8 месеци- не знам дали е истата), била нестабилна за поголемо бебе, значи за после 8 месеци колку е нејзиното, дали е до детето оти многу мрда и сака да си игра не знам.
    Јас имам на бејби стар, грчки се, малку поскапа е ама ептен е добра. И ден денес син ми седи во неа( огромна е, плус се подесува се живо- висина) а има 3.5 години. Долго време ќе поминуваат во нив, не брзај со изборот.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    дали некој има искуство со ваква хранилка и како е задоволен
     

    Прикачени фајлови:

  20. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Ние нашата хранилка ја земавме од Локо Кроко од нас.Илинден околу 2400 намалена беше преубава е Chipolino e,имаше и oд 2100 исто и погледни на Фб исто и во Либерта бебе,имаат од 1800 нагоре хранилки можеш да најдеш многу поубави и поквалитетни за разлика од Џамбо и тука некаде со цена :)
     
    На ubavka1 и okcenzi им се допаѓа ова.