Има. Нели полот и родот не му се согласуваат? Зошто тогаш прави нешто што е типично за неговиот биолошки пол, а е спротивно од родот кој си го пропишува?
Ок. Ама цис маж не е возможно да роди и тешко дека ќе биде. Транс мажи нека раѓаат ама ај прво во главата нека одлучат кои органи сакаат да ги имаат. Не може да си ја прифаќаш матката и јајниците ама да сакаш и да ги отстраниш.
Бидејќи не е битно за родот дали ти правиш нешто што е типично или нетипично за твојот пол. Раѓањето е типично за женскиот пол, но може и цис жена да не сака да раѓа деца - пак кажав, тоа не ја прави маж. Овој маж очигледно не сакал да си ги отстрани. Ама не е проблем различни транс мажи да имаат различни идеи за што сакаат да отстранат или не.
Веќе сум објаснил на темава дека родовата дисфорија се манифестира на различен начин кај луѓето. Работите не се проблематични само бидејќи на трансфобите не им се допаѓаат. Каков објективен проблем извлековте од оваа ситуација?
Не. И на луѓе што не се против тоа некој да транзитира, не им се допаѓа сè што прават и сакаат да прават транс лицата.
Мојата родова дисфорија се манифестира со тоа што сакам машка плата. Друго се ми е таман. Нормално дека си објаснил, кругот е тркалезен ама секој може да си најде ќоше
Господ нека ми прости, ама ова не е океј Мислам не за бременоста, ама мојот мозок не може да поврзе труднички стомак, со машка фаца едноставно. Чудно ми е и језиво малце искрено... а мене одамна на Снапчат ми имаше искочено бремен маж (не знам ни да се изразам ебате) мислев веќе има такви работи
Проблемот е што он бил жена, и нели има дисморфија и не се осеќа како жена. Нели му сметаат гради, вагина? ЗОшто би сакал да раѓа?
Не им сметаат на сите транс мажи гради и вагина. Можеш да си транс и без никаква операција да сакаш да направиш.
Тогаш што е транс во случајот? Ако си останува жена? Ќе се ишиша и ќе се однесува како маж? А уствари раѓањето дете е биолошка одлика на ЖЕНА. Транс лице кое е маж не можам да разберам зошто би раѓал, зошто би го сакал тоа. И како се чувствува удобно во своето тело, кое е тело на жена, ама сакал да е маж. Извини, ама нема никаква смисла.
Имаше еден лик, уште пред 15 години во Америка, Опра го вуцараше по шоуто...Томас Бити. Сега гледам ги има многу бре Потрагата по идентитет никогаш не завршува. https://torontosun.com/life/fashion...for-putting-pregnant-transgender-man-on-cover ...лоши ментални состојби како дете...па бил/а лезбејка, па можда транс, па оф тестостерон ради здравствени проблеми ( немогуче)...па случајно забременува со дечкото, пардон нон-бајнари партнер...па сега ќе роди дете и ќе биде татко. За секој случај и книга ќе напише, за тие што се транс и за тие што се транс љубопитни Треба некој да ги решава работите на првата станица од постов-лоши ментални состојби
Ама сега ако не им сметаат работите што ги прават да бидат жени, тогаш што ги дефинира како транс? Внатрешно чувство, ок, но ако немаат проблем да се жени како тогаш се идентификуваат како транс?
Значи во тој случај проблемот ќе бидат општествените норми и правила, не вродено чувство. Искрено, ако некој се класифицира како транс само затоа што не сака да роди деца, да се однесува женствено или да работи "женска" работа - не е транс.
Тоа за секој род важи, не само за транс луѓето. Родот кај никој не е „вродено“ чувство, туку само општествен производ.