Ептен сум далеку од него, ама не знам како не прифаќате дека само се губи смислата и поентата да си транс ако не транзитираш, и ако прочиташе убаво ќе сфатеше дека за тоа зборувам.
Многу беше јасно тоа што сакаше да го кажеш и воопшто не беше поврзано со транзицијата itself, нема потреба по вторпат да читам.
абе порано реално тоа беше транс се осеќам ко маж и сеа ко машко ќе се носам ама сеа сѐ поише транзитираат. Шо е каде каде понормално, доена е медицината до степен да им го задоволи тоа Феминке се осеќаш ко машко? Нема проблем, ела у операциона и ќе станеш маж тоа е тоа како коа сакате да се фарбате идете и мењате боја или им викате остај некој прамен од природната се сакам ко плав/а
На маж не знам, на женски род карактеристика е силна желба да иде во женска соблекувална додека изгледа на 60 годишен чичко. Јас мислам членов ни сам себе не се разбира, не па ние да го разбереме.
Леле примеров чоече А ако се осеќам унутра ко Германка можам уште утре да добијам германско државјанство или не иде тоа така?
солзи сами капат... а муабетов не му држи вода пошо пола и поише шо се отидени у странство се со бугарски пасоши и се пишани ко бугари значи се осеќам ко Македонец, а се пишуем бугарин, ама нели битно се осеќаат ко Македонци
Отидов ја у амбасада да им кажам дека заеби што сум у северна, идентитетот ми е Германка. Да добијам одма и виза и државјанство и пасош и сВе, вие карајте се тука
Иде како не, ондак ќе бидат чувствофоби. Само кажи дека така се чувствуваш и сите врати ќе ти се отворат.
Воопшто не е исто. Јас тоа што го викам е дека единственото нешто што те прави маж или жена по род е личниот идентитет. Ти тоа што го сакаш да го кажеш е дека за да бидеш припадник на одреден род мораш да исполнуваш некои дополнителни услови, што е патријархално мислење во мои очи. Тоа што некој сака да се лакира, да се облекува како жена е секундарно во споредба со тоа што се идентификува како жена, а не причинително. Таа личност сака да ги прави тие работи бидејќи е жена, а не обратно. И сепак е можно некој што сака да ги прави тие работи да не е жена.
а ја шо се осеќам ко еднорог кај да одам па... каква е оваа дискриминација бе срамота сакам права! и цела нива со трева за пасење секако пошо ме следи како еднорог
ама па така е треба да исполнува некои услови еве јас се осеќам ко еднорог. А да ме видиш, иам две нозе, неам грива, и неам рог меѓу веѓите и ти како ќе речеш за мене аха Феминка е еднорог? ја се базирам на факти и аргументи пример се осеќаш ко еднорог? дај да видам шо те праи еднорог немаш рог? не си еднорог ич гајле не ми е дали ти се осеќаш ко еднорог ако не поседуваш бар 1 негова карактеристика ко сеа ја да ти кажам се осеќам ко Србинка. Се осеќам, ама да копаш, ќе видиш дека таткото на татко ми е роден у Србија и иам српски дел у себе. Ама не можам да речам дека се осеќам ко Гркинка пошо неам ништо грчко у мене мислам дека е многу логично светот се базира на факти и аргументи, а не на лични желби и фантазии еве еден читав вчера, си напраил своја држава бил у 100 држави више, нема кај да иде, па си напраил своја ама леџит постои, има табла, пари нејзини печатени, не е измишљотина
Искрено embarrassing е како цело време поставувате некои примери ко тоа што ако се чувствувате ко еднорог или германци, а членов најкултурно ви ги игнорира и ви одговара нормално. Ама стварно освен Енџи и Реин, не мислам дека на некој му е дојдено до реална конверзација во темава. И искрено аргументите што ги кажувате, сите ги имаме видено по тикток и јутјуб. Така да, не ејтнувате ко што си мислите. Јас делумно се сложувам со работите што ги кажува, кои во теорија мислам дека се точни, ама во пракса не гледам начин како би биле прифатливи, кога веќе постојат нерешени општествени проблеми, за да се додаваат дополнителни.
мене не ми е срам тебе ако ти е, нека ти биде да се водиме по сечиви чувства и желби, све у к ќе иде и не туку се лижи жити се и ја и другите го пишуваме истото ко Енџи и Реин, ама поразлично спакувано фала Богу пошо не сме сите исти и баш мојот пример е пластичен и реален ако некој ви го закопуе со аргументи секад, тоа сум јас еднаш не сум ви рекла не си у право или да се контрам ако неам аргументи не сум таква едноставно. многу убав пример а ти ако си погоден нешо, твој си е проблемот дечко
За да бидеш на места кај што жените се ранливи, да, треба да исполнуваш одредени услови. Идентификувај се како сакаш, нема што заради тој твој идентитет што ти прднал може од прееска, други да се загрозени.
Ама јас немам проблем со овие работи, не знам дали ме читаш. Имам проблем со тврдењето дека не е потребна родова дисфорија за да си транс. Во тој случај се губи целата поента и се враќаме на почеток на кругот. Инаку, во нашиот јазик под жена и маж се подразбираат и пол и род. Не се викаме женки и мажјаци како што има дистинкција во англискиот.
Морам симпатии да собирам од влијателни членки. Не баш... А тоа би го сфатила кога би ги читала веќе недела дена наназад. Ама некои од вас одбираат да дојдат на темава, да цитираат некој рандом лик од јт и воопшто да не се заинтересираат за дискусијата и да придонесат нешто квалитетно на истата. Girl...
Не сум кажал дека не е потребна, туку дека е можно родофата дисфорија да е базирана само на општествени карактеристики на родот (кои субјективно ги интерпретира самата личност).
Природата не дозволува ништо екстра од тоа што ти е дадено. Или имаш брада и сперма, или имаш матка и јајце клетки . Тоа што екстра може да се шибаш со хормони од спротивниот пол, не е никаква природа, фармацевтско-општествен експеримент е. И се враќаме на дефиницијата женско носи фустан.