Иначе, @Angie1432, @RainBow, јас вака гледам на работите. Општо познато е дека биолошкото потомство е еден од најбитните моменти во животот на поголемиот дел од луѓе. Побитно и од самиот себеси и својот идентитет. И голем дел, би направиле што сѐ што е во нивна моќ, за да се остварат како родители на свое биолошко дете. Без разлика, стрејт, геј, транс... И да, хетеро паровите одат најдалеку што можат за да го постигнат тоа, што моментално е сурогат ми се чини? И верувам дека би оделе уште подалеку, доколку тој пат им гарантира потомство. Така да, кога не осудувам хетеро пар, да прават сѐ што е во нивна моќ, за да дојдат до биолошко дете, би било себично да го правам тоа за queer пар. Веќе ја спомнавме Џиџи Горџс на темава. Она е транс жена, нејзиниот сопруг е транс маж. Моментално се обидуваат да имаат дете. И двајцата мора да паузираат со транзициите. И не им е лесно, воопшто. Меѓутоа претпоставувам, желбата за дете е поголема од самите нив.
Ако е толкава желбата зошто не посвојат, не бидат фостер родители? Мислам дека кога веќе сака да е маж и нели, има дисфорија, не се осеќа удобно во своето тело, не би му ни паднало на памет да раѓа, колку и да сака дете. Мене не би, ако телото си го чувствувам за несоодветно. Не знам како да опишам, ама бременоста е толку захтевна за женското тело, хормоните, едноставно ако до толку не можеш да бидеш во своето тело ова е последното нешто што би го направил. Никако ми нема смисла.
Се согласувам. Нема воопшто смисла. Дисфорија е буквално во врска со половите органи и после ти да ги користиш за основната биолошка функција...? Зар лезбејки и гејови се глупи да поминуваат низ толку скапи процеси да имаат дете наместо да викнат некој да им директно „донира“ сперма односно гејовите директно да затруднат сурогат? Не, туку обично си остануваат доследни до тоа што се затоа што од внатре не можат поинаку.
Ај транс маж ќе затрудни (ако више толку сака) ама транс жени тешко у блиска иднина и треба да престанат транс активисти да им даваат таква лажна надеж.
Ама колку пати да повториме дека дисфорија не е неопходен предуслов за транс. Идентиетот е флуиден, сексуалноста е флуидна, се е флуидно освен проклетите хромозоми. Кај и да е, колку се трудат, може и нив ќе ги хакнат. Зошто, тие си знаат. На два гугл клика, секоја теорија на заговор станува вистина.
Не дека не видовме дека ова доаѓа, ама смешно е веќе. Само не сум сигурна дали е смешно како трагикомедија или како бурлеска.
Примети како за геј маж нигде не е спомнато дека тоа е non-woman, него поштено си пиши man. А горе имаш за лезбејка non man. А man може да е и транс маж нели или па сепак се подразбира на какви мажи се мисли? Чудно, знаеме што е маж, не знаеме за жена. Овие не само боите на виножитото, цел ЕМ спектар го опфатиле и пак не стасува за сите родови и идентификации.
Значи постои маж и све останато што не е маж. Не знам што не е јасно Стара е оваа приказна бе, нели сите ја знаеме.
Прочитав, друго ми е проблемот. Зошто кај лезбејки не пишува дека тоа се жени ако за геј имаш дека се мажи? Зошто имаш фраза non men, а нема non women? Што толку е страшен зборот жена?
Луѓе што менструираат, луѓе што дојат, луѓе што раѓаат, цис жени, сега и non-man. Само жена никако да не се речи, уште малку да го забранат зборот за да не се навреди некој таму. Се чини сега одиме се подалеку од феминизмот, алал да ни е.
Абе ова отиде чекор подалеку од кружна дефиниција-жена е жена, отиде во смер на црна дупка дефиниција И Фемина да се прекрсти....во Не-кајгана на пример
Оф...пола саат се едитирав, за џабе. Ајде, да ја доловам поентата- една анахрона перспектива од еден немодерен феминизам. Женскоста одсекогаш се поврзувала со...замолчување...и преименување. Само така може да се оствари доминација на патријархатот. Сега во амбалажа на шарени лаги, во сите бои, ама скроз истото е. Рандом резултат од пребарувачот https://uncommongroundmedia.com/the-historical-roots-of-men-silencing-women/#
Мене па жал ми е за ваквите... збунети, испрани мозоци, сакам кажам не знам речам... ај, ќе помини и ова, шо не поминало
Не реков дека и јас им се согласувам дека тоа треба да им биде дефиницијата, чисто бидејќи ако некој е небинарна личност, поголема шанса има да се изрази како геј или пан, а не лезбејка. Оној речник што се го нашле нема никаков официјален авторитет. Најбитен е речникот што го користат луѓето. Твојата империја е патријархатот и да, поседува милијарди долари.