Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Колку имам да напишам за темава....
    Не треба некој што се чувствува како женско да биде ставен да се натпреварува во индивидуален спорт во категорија жени.
    Толку!
    Ако има потреба некој да ме праша „зошто“, веројатно не знае основни разлики помеѓу машко и женско.

    .............
    Порано како што читав од луѓе кои споделуваа искуства, една личност треба да помине преку многу тестови, советување и да помине одредено време за да може да стигне до промена на пол. После некое време дознав дека не секаде е така или тоа почнало да се менува.
    САД мислам дека отидоа во екстрема. Забегаа комплетно. Веројатно и некој друг до сега напишал за тоа дека мали деца ги поттикнуваат на менување пол, а притоа не само што не му кажуваат на родителот, туку можат да го одземат детето од него ако и самиот родител не го охрабрува менувањето на полот.
    Ова не само што ми е ненормално туку не сфаќам како некој го смислил ова... Да збунуваш мали деца со нешто што ни самите не го разбираат.
    Секако, некои ќе кажат дека уште од мали знаеле или од мали се облекувале како спротивниот пол.
    Исто така од мали правеле многу работи, ама подоцна не продолжиле затоа што пораснале, а облека не треба да биде заклучок за нешто, па така ова е смешен изговор.

    Почнаа да изпливуваат на површина многу контроверзии. Пропагандата е пуштена на толку јако што дури и самите оние кои транзиционирале, ако се одлучат за детранзиционирање, се отфрлени од „заедницата“. Во моментот кога ќе се предомислат, сите можни поддршки што ги имале прекинуваат секаков контакт со нив. Овие луѓе имаат огромни последици и нус појави за кои не биле известени дека е можно да се случат. Исто како некој да отиде на доктор или има потреба од операција, а да не му ги кажат можните нус појави.

    Најлошо од сето ова е што има луѓе кои се толку очајни и во толкава заблуда што со ништо не можеш да им објасниш дека тоа е можна појава. Колку и да си им поддршка, колку и да се обидуваш да ги информираш зошто гледаш дека никој не го прави тоа за нив, ако почнеш да им кажуваш за можните последици од терапиите и операциите пред да се одлучи на драстичен чекор, мозокот едноставно не им прифаќа и се убедени дека тоа е нешто што може да се поправи. Праќаш текстови, извештаи и видеа од исповеди и мозокот им прави изговори дека тоа е нешто што може да се врати назад, а тие луѓе од исповедите го кажуваат токму спротивното.
    Мислат дека ЛГБТ+ заедницата е всушност место и ако направат драстичен чекор, ќе одат да живеат таму во таа заедница. Да нагласам дека не секогаш се работи за луѓе кои се прости туку толку многу сакаат да веруваат дека тоа е решение на нивните проблеми или тоа е она што би направиле да се чувствуваат сакани. Причините за тој потег им се „ќе ме забележуваат повеќе, ќе ме сакаат повеќе“ и сфаќаш дека зад тоа не стојат тие туку потреба од прифаќање. Ако повеќе се копа, има дел кои биле отфрлени или омаловажувани од семејството па затоа мислат дека сега кога ќе сменат пол, ќе си ги решат проблемите иако секогаш не е тоа она што им треба, туку терапија, многу работа на себе и изјавување кон светот дека се геј/лез.

    А исповедите од луѓе кои детранзиционирале се застрашувачки. Осакатување од секаков вид. Секако дека со терапија или операција се случуваат секакви работи, ама овде проблемот е што никој не им кажал дека тоа е можна опција. А не им кажал бидејќи тоа се терапии за кои уште не се знаат последиците на долгорочно ниво.
    Одговорот на тоа дека ова се многу малку луѓе - не, не се малку. И еден да е без да биде информиран е премногу. Или само не се јавиле доволно луѓе од страв дека ќе бидат отфрлени од она што мислат дека им е заедница.

    Не сум против, само ако претходно имало советувања и детално објаснување на можните последици. Исклучиво под тој услов!

    Резултатот на ова е уништени животи, а никој не ги слуша токму заради прегласната пропаганда.
    Сетете се за што има пропаганда низ годиниве па ќе ви стане појасно (вклучувајќи и за време на пандемијата).

    Едит: се навраќам и веројатно ќе имам многу цитати ама ќе застанам на овој:
    Затоа што никој не им кажал за ова. Штотуку испишав цел текст.
    Не само што не им го кажуваат ова, туку не им ги кажуваат ни основните можни последици од транзиционирањето. Дел од нив се во толку голема заблуда што во нивните размислувања не можеш да најдеш ниту трошка логично размислување. Има и (морам) прости што одвај завршиле и основно и не знаат разлика меѓу машко и женско ама има и такви што тој сон им е така продаден што мислат дека сето тоа е возможно. Убедени се дека ќе го направат тоа и тоа ќе им биде решението за среќа. Не можеш да најдеш смисла затоа што и тие ја немаат.
    Оние кои сами избираат да се информираат стануваат реткост бидејќи мислат дека докторите или советувачите ќе го направат тоа за нив.


    Станува застрашувачки што можат да бидат убедени луѓето (најчесто очајни луѓе) и пак ќе ја споменам пандемијата и присетување што се случи за време на тие неколку години.
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На *Amethyst*, Polyincognito, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    https://www.huckmag.com/article/debunking-the-dangerous-myths-around-detransition
     
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    На *Amethyst*, jacqueline.s, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.253
    Пол:
    Женски
    Ставил невалиден извор. :D
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.948
    Oh, well... според студијата од 2002, 1% од вкупно помалку од 4000 транс особи, детранзитирале во УК (вкупно, годишно, возрасни?). Анализа во текст од 2019, додека 8000 малолетници чекаат на џендер афирматив кер списокот во 2022.
    https://www.dailymail.co.uk/news/ar...ity-treatment-risen-two-thirds-two-years.html
    Линк, до линк, преку линк, 3 дена треба да сурфам за да ги најдам оригиналните бројки и да го сфатам контекстот и комплексноста на истражувањето.
    Па уште баби и жаби, од 23000 во цел свет што хируршки транзитирале, уште помалку детранзитирале, ама тоа е очекувано, пошто не биле добри со психичкото здравје:^). Значи, добри се само кога сакаат да транзитираат, ко ќе сакаат назад, не се ок:|.
    И ниту блокерите се безазлени (фда им стави предупредување лани) ниту здравјето на крос-секс хормони е незагрозено (тромбоза, триглицериди, дијабетис, остеопороза, висок притисок)
    Баби, жаби и лаги, ете тоа е опасен мит.
     
    На *Amethyst*, NoirSerpentine, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.159
    Најјаки ми се овие што викаат оти не се сите транс излажани, манипулирани или да се премислиле па ќе стават некој позитивен пример.
    Ај и на Јилдиз да ѝ кажеме оти не на сите родилки им извадиле органи, не се сите доктори лоши, шојма да се м'кне по судови. И језда нема правда кај нас со лекарски грешки ама никој не турка јавно дека е океј да те осакатат на операција и пороѓај.

    А во Америка ми се чини за докажани лекарски грешки се добива отштета, барем за неколку тешки случаи сум чула дека добиле. За некој што се покајал оти е транс, не знам како иде. Ама не ни смеат. Оти ова со клукање хормони кај деца не е од некој рандом чукнат Менгеле што можеш да го средиш со една пријава и решетки.
    Цела мрежа на активисти, невладини, моќни луѓе стои зад ова. Докторите се само марионети. Па и познати брендови да не останат покусо ете спонзорираат транс жени за тампони да ни мавтаат пред нос. И она што е жално е што не на сите им е гајле за транс луѓе, биле реални или умислени оти се транс.
    А дали е битно што некој ненормален, педофил или спонзорство што добил е транс или делото само? Па обични (цис) луѓе не можат да се вадат на трансфобија, не можат да ги стават во ист затвор со жени. Па дури и умислените транс личности не би можеле ако не е движењето толку отидено у пм. А е. Така што да, битно е.
    А разумни активисти можат со тоа да се позанимаваат ако више сакаат да нема фрлање дамка врз стотината транс луѓе у свет.
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На *Amethyst*, Gosh и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Има многу добро објаснето таму околу заблудите што некои овде ги имаат за транзитирањето.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Брат, да си жив и здрав, ама се подзадавив од смеење :D

    Велиш ништо спорно нема? :D Ок јас сакам да сум жена и да донирам сперма. Како ли тоа да го оствариме? #хелп
     
    На *Amethyst*, jacqueline.s, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Не знам што има врска ова. Разликата е дека тој може тоа да го оствари.
     
  10. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    Зошто транс маж би сакал да затрудни?
    Ептен е конфузно и контрадикторно.
    Бременоста е женска работа, така што ако вистински се чувствува како маж, нема да сака да носи дете 9 месеци и да го роди.
     
    На *Amethyst* и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Разликата е дека не знае што сака.
    Не може и не е природно маж да сака да роди.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не е во тоа поентата... поентата е дека основната, најосновната разлика меѓу маж и жена е што жена може да раѓа и да ствара нов живот. Ако јас сум транс маж, најмногу што нема да сакам е да го правам она што ме прави жена, ќе сакам да побегнам од тоа. Дури и ќе ми е жал што сум транс и тоа ме спречува да си родам свое дете, ама не би родила.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Имам убаво објаснето страници уназад. Тоа е твоја лична заблуда дека и биолошките мажи не би сакале да забременат доколку тоа би било можно, дека желбата за раѓање дете е чисто женска. Затоа нема никаков проблем транс маж да сака да го направи ова.
     
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Belki instinktot preovladuva, no ne kaj sekogo. Postojat zheni koi ne se (deklariraat kako) trans i odbivna im e idejata za bremenost i poroduvanje.
     
  15. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    12.015
    Пол:
    Женски
    Ама во природата не е можно биолошки маж да раѓа, и нема ни да биде колку и да сакаме да е така. Јас не познавам биолошки маж што сака да роди дете.

    Мене ми нема поента транс маж да сака да роди дете а да е маж од проста причина што мажи не раѓаат деца.
    Можеби кај некој преовладува и мајчински инстинкт ко што кажа @Аргентина * who knows, ама сепак е конфузно ако имаат дисфорија.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.159
    Биолошката карактеристика е дали можат или не можат.
    Не може да сакам да сум маж ама да сакам биолошки карактеристики на жена (да раѓа)
    Мешаш дали сака и дали може.
    Не си ја сакам матката јер имам дисфорија ама неам гајле да родам.
    Или сакам биолошки да личам на маж или на жена, според родот де, нели.
    Оти вака знаеш што?
    Ќе дојде некој збунет што се труди да биде либерте и да ги разбере ствариве и ти му кажуваш тука дисфории, родови, полови.
    И ти вика аха сфаќам, род и пол, па имаш цис и транс, океј.
    И сеа имаш луѓе што се ни ваму ни таму, што мењаат родова идентификација почесто него гаќите, што се демек жени у главата ама класични брадести чичковци у фаца. И ајде нека не се збуни некој.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Реков, прашање на време е кога ЛГБ ќе почнат да се дистанцираат, а почнуваат и тек ќе почнуваат.
    Како што фино се дистанцираа од педофилите оти и тие сакаа под чадор кај нив, ама овие малце попаметни беа па ај, почна како движење за прифаќање на андрогинија, до таму да не можеме да дефинираме што е жена и лик со ташаци да ми рекламира купачи ебате беља. Не можеме да се избориме за 5% данок на улошки и тампони, ај следно плс нека побараат и фејк крв да се осеќаат женско доволно. Гратис ќе им даваме оние машинчињана за фејк крампс, ќе ги фукаме со хормони за цел циклус да стимулираме, оти вака не бива. |(
     
    На Gosh, Nausicaa, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Зошто да „не може“? Мислам дека ти сакаш да кажеш „не треба да смее“, ама не гледам зошто човекот треба да се ограничи на патријархалниот поглед кон светот што ти го навел тебе твојот затворен ум.

    Работата е проста и не треба да ја комплицирате: човекот е маж и тој маж сака да роди дете. Нема тука дали може или не може, работата е завршена.
     
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Па нормално е и треба да се дистанцираат, целава работа е таква една шарада, што мислам дека нема здраворазумен човек што ги поддржува глупостиве.
    Последниве трендови толку се излезени надвор од разум, што никој освен најрадикална левица не ги поддржува во светов.
     
    На Gosh, *Amethyst*, Alexandrite и 2 други им се допаѓа ова.
  20. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Тотална пропаганда е дека ЛГБТ се расцепкуваат. Не им верувајте на лажни вести. Отсекогаш имало и трансфоби измеѓу ЛГБТ, не се тие ништо ново. Само стануваат погласни бидејќи се прави напредок во полето на транс правата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.