Може да си ја извади матката, и оп ете, нејзините чувства и ја смениле таа биолошка карактеристика. Стварно немате поима за што зборите веќе.
Не сите жени имаат матка ама сите што имаат матка се жени. Не знам по кој пат го повторувам ова, и за раѓањето исто. Значи се знае кој има матка. И јас кур да си сошијам нема да сум маж. И маж без простата не е жена.
Го повторуваш бидејќи не ја разбираш основната тема на дискусија. Не сите што имаат матка се жени по род. Никој не ти се противи дека се биолошки жени.
На крај ќе испадне и срамота да кажеш што си, пошто испаѓа навредливо да кажеш дека само жена може да има дете, факт што дури и смешно е да го побиваш. Хипиците на сите дроги биле повеќе grounded, што да се каже повеќе.
По пол се сите барем, тоа е неоспорно. Можам ја и за фотеља да се рачунам, по пол сум жена. А раѓање не е родова карактеристика туку биолошка (по пол) така да..
Педофилите сакаа и беа одбиени и се дистанцираа од нив. Ама дека сакаа - сакаа. Цела ЛГБТ заедница се крена против. Нормално. Овие не повредуваат детски, ами женски права. Не можам да не ги споредам. Мислам и на себе и на тие после мене жени, извини. А некој што длабоко во себе се осеќа како жена, ама не осеќа потреба да транзиционира, мајка бара по женски соблекувални, сигурни куќи и затвори. А за спорт нејќам ни да почнам, биологијата не е фер, нека се осеќа колку сака жена, биолошка не може да биде.
Не кажав ништо за тоа. Само напоменувам дека биолошката карактеристика раѓање на дете може релативно лесно да се исклучи, па не треба да ја сметате за нешто неодвоиво од жените.
Лол, тоа не го менува фактот дека жените се раѓаат со таа биолошка карактеристика. Има жени што не можат или не сакаат да родат, тоа не ги прави помалку жени. Не знам што се толку страшни природните одлики на мажите и жените и што некои карактеристики едноставно не можиш да ги препишиш на другиот пол.
Транс лице е лице чијшто родов идентитет не соодветсвува на полот. Не постојат никакви други критериуми потребни за некој да е транс лице, вклучувајќи способност или желба за бременост. Баш обратно: вие се плашите некои карактеристики да ги препишете на обратниот род.
Како не повредуваат детски права? Кои се детски права? За женски и останати права после. Ја гледавте ли емисијата? https://25minuti.platform.mk/2023/06/12/недела-на-гордоста-борба-за-правата-на/ Ако не сте, да ја гледате. И ова го кажува човек што инаку не гледа видеа, јер вејст оф тајм.
Можеме, затоа што ти треба ПО ПОЛ да си жена за да раѓаш. Ако човек има проблем со својот род и пол, и сака да се идентификува со спротивниот род, има 0 поента да раѓа или да бара у женска соблекувална, соодветно за двата пола важи. Со тоа што биолошките жени се помалку склони на сексуална агресија и општо агресија, па освен што ни сама не знае кај тера со бркови и стомак, заебани се биолошките мажи и нивните претензии да бидат по род жена, а да не зборам за обидите да се негираат биолошки факти и да се упикаат каде што по пол не припаѓаат.
Може транс лице да се излечи од дисфорија после транзицијата, тоа не значи дека станува цис одеднаш. И не сите транс лица сакат органите да ги менуваат.
Не ти немаш појма што збориш. Јас не знам дали сфаќаш колку деградирачки е за сите луѓе кои навистина патат заради родова дисфорија да симплифицираш толку како па битно се осеќа ко маж, шо има врска, сакала да си остане трудна си останала. И на тие малце луѓе за кои стварно треба да се посвети внимание и да се дискутира им го земате цел фокус за да докажете некои поенти кои врска си немаат за животот. Малце да размислиш, сегашните политики за денес се осеќам како маж, утре како жена, задутре како пица, се тотално навредливи и неок за оние луѓе што стварно имаат проблем, кои минуваат низ долготрајни процеси на себе барање и еден куп други проблеми, што медицинава им го решава со правење нешто да личи на нешто и гратис 100 други хронични болести. Повеќе од тажно е дека такви луѓе стварно постојат ама не добиваат никаква помош, пошто вашево движење е презафатено да покажува со прсти и да вришти на секој даден аргумент и да покажете дека као нешто сите треба да ви се плашат и клањаат пошто сте најпосебни. Повеќе од тажно е што за да истуркате некоја агенда што ви делува симпатична поддржувате ствари кои не се ни најмалце наивни, како блокатори и операции кај деца, битно да сте во право нели.
Тоа што го кажуваш не важи за биолошките жени и мажи, туку за родовите жени и за цис мажите. Таму ти е грешката.
Маж на ЖЕНСКИ форум се контра со жени затоа што си ги бранат правата од мажи што сакаат да влегуваат по ЖЕНСКИ соблекувални и јавни тоалети. The audacity.
Лол, вие тука вриштите за некојси маж на списание што го сликале. Јас само сакам човекот да си го живее животот како што си сака. Сигурно не им смета на другите транс луѓе.