И што ако читаат? Ако е за така отвори и во македонски јавни фаци се плука по сите јавни фаци, нивни фамилии ги читаат коментарите- што мислиш тие не се навредени?. Форум е и секој може да си пише мислење
Точно, јавната личност знае дека е јавна личност и дека луѓе ќе зборат. Не дека јас го правам тоа, слободно можеш да ми прочепкаш мислења и ќе видиш дека јас ни нив не ги коментирам во негативен контекст, а камоли нивни семејства. Трансродовите лица не прават апсолутно ништо за нивната психа да се става на chopping block и да се коментира овде со трансфобија.
Не знам дали е ова вистинската тема... Професорка од универзитетот од Сасекс е принудена да си даде отказ, под притисок на транс протести, организирани под маски. Полицијата и препорачува, заради безбедност, да се држи подалеку од универзитетскиот кампус. Нејзиниот трансфобичен грев- ставот дека транс жени кои сеуште имаат машки полови органи, не би требало да ги користат женските простори. https://www.theargus.co.uk/news/163...university-lecturer-airs-controversial-views/ Настрана аспектот на слобода на изразување, настрана притисокот кон автоцензура, дали жените веќе не треба да имаат женски простори, оти таа ексклузивност ги оспорувала основните човекови транс права
Дали сериозно ѝ се закануваат по живот тие активисти? Само затоа што рекла дека транс жените се сепак биолошки мажи и не треба да бидат во исти соблекувални и вециња со жени? Секогаш сум за права, ама овде се претерува. Плус, жената не кажала ништо погрешно. Жените треба да си имаат свои простории каде ќе се чувствуваат удобно и безбедно. Изгледа секој што маалку ќе скршни со мислење од нивното е трансфоб и треба да се убие. Многу лесно почнаа да се расфрлаат со различни термини. Каква е оваа цензура и форсирање едноумие? Се претерува искрено...
Како што прочитав, така прераскажав https://www.theguardian.com/world/2...en-stock-resigns-after-transgender-rights-row Мотото на протестот- отпуштете ја (или така некако).
Добре дојде во 21 век... А ме прашал ли некој мене дали моите права ќе бидат нарушени? Дискриминацијата добива друга димензија, само доколку е опфатена малцинска група. Не, не сакам да бидам во иста просторија со транс жена или биолошки маж во тоалети и соблекувални. Односно простории каде се чувствувам ранливо за мојата голотија. И сега дали може некој конечно да сфати што имам против се она што е исфорсирано и наметнато. Прави што сакаш со својот пенис и вагина, или биди што сакаш, ама кога влегуваш во моја територија неповикано и дрско и те како ставам граница и ќе те спорам за она што си. Веќе се забегува, сериозно. Работат ли нешто луѓево или од досада протестираат? Даваш прст, цела рака ќе ти ја земат. Што повторно се наметува прашањето, дали сакаат права или привилегии? Зошто тогаш и загорените момци да не ги користат женските простории. Тоа па не е дискриминација? Едит. И кога ќе размислам подобро, каква е разликата од пенис на хетеро, хомо и транс? It's still a fucking penis.
Шо убаво ве извозија и ви продадоа лудило толку евтино на нежни и шарени знамиња .Што си помисливте продавница за шарени лижавчиња,убаво шарено,базока мастики, Hello.
На личност којашто е спремна да дискриминира студенти заради сексуална ориентација или родов идентитет местото не и е во образовниот систем. Отказот е правилен и потребен. Заканите по живот (не најдов извор за ова) не се во ред, отказот е тоа што треба да се случи при ваков случај, во една нормална држава. Таа е дефиницијата за радикален феминизам односно, ТЕРФ-овски феминизам, и тоа што создава лоша слика за вистинскиот, но за среќа, пред нас претстои иднина во која ТЕРФ-измот ќе се искоренува. Јасно ми е дека на нејзините истомисленици на темава, не ви се допаѓа тоа, но реалноста е таа. Следува подобра иднина за нас, многу полоша за вас. Boo hoo. (На балканот сѐ уште не, овде владее конзерватизамот, ама ќе биде) 600 академски професори застанале против неа во 2020 година. Можеби J.K. Rowling победи во нејзините обиди за дискриминација, заради нејзината привилегија на најбогат автор, но затоа другите сепак губат.
А што ако не сакам да бидам во иста просторија (како горенаведените) каде постои транс жена со машки полов орган? Каде се моите права? Се чувствувам сексуално вознемирено. И не сите транс жени со машки полов орган сакаат мажи. Зошто не се борите за посебни простории, вон оние што се наменети за лица кои се идентификуваат со сопствениот пол. Зошто моите чувства да не се важни? И зошто се стремиш да имаш подобра иднина, наспроти нашата, а воедно чувствуваш задоволство кога велам дека би била сексуално загрозена. Како си ти подобар од мене? Дали според тебе е во ред, во јавен тоалет, да влезат девојчиња од 14 години и транс жена со пенис, односно биолошки маж. Јас сум жена, а таа е транс жена, но никогаш нема да биде биолошка жена, освен по род и како таква нека си бара свои права и свои простории. А не верувам дека и ќе наидеш на спротивно размислување на балканот за уште 100 години. Со таквиот став и оние што се рамнодушни на вашето постоење и те како ќе станат нетолерантни. Не ми брцај во интима, за јас да не брцам во твојата.
Не вреди да трошам зборови а уште повеќе па време, да ти реплицирам подолго од ова што сега го напишав.
Јас како транс жена исто како и вие биолошките жени не би сакала со маж да бидам во иста просторија. И јас се чувствувам загрозено. Не сте само вие загрозени, а за дека ќе ни градат посебни простории многу барате. Кај нас одвај имаше WC искршено на школо цело пропаднато со бактерии нечистено 3 години, а па не да градат наместо 2 сега 4 WC. Кај нас проблем е што нема доктори кои вршат операција за промена на половите органи, нема никаде каде можеш да направеш операција која можеш да ја овозможеш финансиски. Сите операции се надвор од Македонија, како што знам има во Србија ама не можам да си овозможам. Еве една трансродова личност која живее во Македонија https://www.gofundme.com/f/transition-lila-milikj и која покрај што работи во проституција, сепак се нема направено операција... Од сите тука што ги знам транс лица не може ни една да си дозволе операција. А инаку, јас немам никаква цел ниту пак имам некаква сексуална атрактвност спрема жени. Целосно сум насочена кон мажи и не би допрела жена никогаш. А инаку Biljarkata до операција не се стигнува преку ноќ, треба години да поминат за да направеш операција (прво да примаш долго време хормони, па да закажуваш со доктори, да ти извршат отстранување на влакна кај половите органи итн), а некаде воопшто не е достапна таа операција (пример кај нас). Не може некој што целосно изгледа како жена да влезе во машко WC, јас никогаш не би дозволила некој да ме гледа гола како прво, а како второ во WC влегувам само за да извршам работа и да излезам, толку. Во пресоблекувална не би дозволила ништо од моите машки делови да се познава (ако треба ќе носам дополнителна облека - дополнителни шорцови). Ако е некоја транс личност и изгледа целосно како жена ќе си влезе во WC и ќе заврши работа без никој да знае. Ако сака некој да силува некого нема да прави толкави радикални промени како што прават транс лицата само за да изврши силување... Не знам што да ви кажам, жал ми е што ги гледате транс лицата вклучувајќи ме мене како потенцијални предатори кои прават се само за вас биолошките жени да ви наштетат. Немам никаква цел никого да му наштетам, едноставно сакам да си го живеам мојот живот и да бидам жена. Не одам по психијатри и докотори за на крај да влезам во WC за да нападнам некој