И за Џонатан Јанив и Дилан Малвени? За првиов стварно се надевав ќе речеш абе бегај тој педофил е, ти запна да го браниш оти жена бил.
Не ми е грешката. Мажите биолошки се повисоки, поснажни од жените. Има исклучоци ама се исклучоци. Биолошките мажи се неспоредливо почесто затварани него жените. Биолошките жени се неспоредливо почесто жртви на насилство. Тоа се факти и статистики, остај како некој се осеќа. Што значи дека биолошки маж, таман да транзиционирал, не може да се натпреварува во женски категории пошто немање на полов орган не намалува на фактот дека градбата и силата ќе останат детерминирани од биолошкиот пол. Кај оние што не транзиционираат, и немаат проблем да имаат машки полови органи, не примаат естроген и секако, имаат поголема (нормална или прекумерна за биолошки маж) количина на тестостерон, агресијата може да биде поизразена. Не можеш НИКОГАШ да го негираш биолошкото, затоа што половите органи не не' прават мажи или жени, туку се надворешен показател за пол. Така маж без пенис не станува жена, ете поради карцином ќе му го отстранат, така жена без матка не станува маж. Други работи детерминираат, а ниту една од нив не се менува со хартија, ниту наукава е чекор поблиску за вистински да промени пол на некое суштество.
Жените криминалци ги имаат истите права како и другите жени. Не ги губат тие права само бидејќи се криминалци.
Па сега ако е жена човекот, шо да праиме. Имало и жени педофили. Е сега пошто е ваљда специјална жена, може и специјални права следуваат, фак лоџик.
Значи веќе прекинавме да употребуваме критично мислење и прифаќаме се што ни се сервира? Во ЛГБТ заедницата има секакви срања затоа што тоа не е некоја основана заедница со свои правила и принципи туку едноставно се разликува од група до група, држава до држава и особено онлајн и живо се разликува. Мислиш некаде ќе стигнеме ако сето тоа прифаќаме само за да испаднеме либерални? Прст на глава, хало! Една кратка дефиниција во речник или енциклопедија за трансродова личност не може целосно да опфати што треба да значи тоа, а и не треба, тоа е само појаснување на ЗБОР. Во закони односно медицински дијагнози треба точно да стои определено, а треба да го смениме и значењето во културен контекст, пошто секако не си единствен ваков либералец.
Најидеално би било во женски затвор и обично имаат посебни секции во затворот за опасни затвореници. Ова би важело се разбира и за цис жени силувачи на жени.
Па сите затвореници се затворени поради насилство, одамна барем во Македонија за долг не идеш во затвор. Значи да и' дадеме плодна почва за да си силува по затвор? Стражарките кои се жени најчесто (намерно, пошо биолошки маж има позиција и можност да силува у затвор) да се заебаваат да се борат со биолошки маж? Обично биолошки жени не силуваат жени, обично биолошки мажи силуваат биолошки жени.
Ако стварно се докаже на суд дека е опасност за другите затвореници, нека биде ставена во машки затвор.
Инаку не се согласувам дека ЛГБ треба да се одели од Т затоа што тоа спојување си има историја и не се проблем транс луѓето. Проблем се нон-бајнари, џендр квир, she/he pronouns, neo-pronouns... а тука и ќе ги спомнам и измислените сексуалности ко што се пансексуалност, хоморомантичност, асексуалност... кои стварно немаат појма што со себе и исто како членов мислат дека е доволно да смислиш некој идентитет и тоа е тоа. Луѓето порано, особено на самите почетоци на ЛГБТ заедницата, знаеле кои битки е битно да ги водат и најдобро и најопуштено мислење имале кон родот според мене. Сега све е измешано, секое значење е изгубено очигледно и никако ништо не смее да се критизира.
Не знам дали навистина го прочитав ова или ми се чини. Ретко останувам без коментар и сега сакам нешто да коментирам ама ова што го прочитав е толку..не знам како ни да го дефинирам..глупаво? што останав без зборови. Башка тоа што веќе толку се изгуби што во едно мислење тврдеше дека сепак „може“ и на тоа беше акцентот. Колку е ова добро од некој што се пишал под пол: машки, да читаме објаснувања за овие работи. Да не заборавиме дека при овој разговор успева да вметне и На целото мислење што го испишав јас ми одговори со линк. ЛИНК! Што погоре е debunked така да нема што да го отварам зошто за жал она што го напишав е онака како што е. Иако ова звучи како „извор: trust me bro“, пак, за жал, не е. Објасни што објасни за Некако многу објасни за транс мажи, да свртиме, мене сега малку ме интересира за транс жените околу репродукција, па и што имаш повеќе на темата. Ако може без линк зошто ако прикажев линкови за она што го напишав, немаше еден цел хард диск да ми стигне.
На суд докажуваш сторено дело, не потенцијално дело. Судот не може да знае дали пенисот пак ќе го користи за силување. Тука збориме за превенција, а не ако силува уште некоја, па ај ќе ја носиме во машки затвор.
Транс жените не можат да раѓаат деца, транс мажите можат. Ете, и тоа било еднакво просто. Вие сте тие кои тотално проста ситуација ја искомплицирате, не јас, да се разбереме. Линкот што јас сум го постирал не бил дебанкиран се уште. Може судијата да донесе одлука за каков затвор би бил соодветен, не знам зошто не би можело.
Оти не можат? Нели жени се. Еве ја сум жена и можам да раѓам. Мајка ми, баба ми, тетки, вујни, братучетки мои сите се жени и родиле. Оти овие се жени као а не можат?