Ти си и по род, претпоставувам. Ако не си, поправи ме. Не постави прашање. Само кажа да ја свртиме темата кон транс жените и репродукција при некаков очаен обид за да ги омаловажуваш.
Затоа што не може да ти се суди за дело што не си го сторил се' уште. Затоа што уште не покажала агресија во затвор. Прашањето е како ќе знае судијата или кој било, дека конкретниот осуденик нема да го повтори делото додека издржува казна. Значи каква превенција има за биолошките жени таму, сега за сега знаеме дека надвор од затвор една биолошка жена силувал. Од таа причина за повеќето е неприфатливо биолошки маж да е затворен, пример, во женски затвор. Не е само силување, едноставно ја има физичката можност да биде посилен од повеќето затворенички.
Нема врска ова. Тоа во кој затвор ќе бидеш однесен не ти е формален дел од донесувањето одлука за вина.
Не за вина, туку автоматски одиш во машки или женски сега за сега, не е ни прашање. Но ако почнеме да прифаќаме по род кој каде ќе оди, а не по пол, се наметнува прашањето врз основа на што ќе се одлучува.
Ти како си го имаш доѓивеано нема никаква врска со она јас што го имам напишано и ако може да не претпоставуваш каков „обид“ било во прашање. Ако не знаеш да разговараш, не знам зошто си во темава, колку да се контраш со сите. Зошто очигледно не правиш некој посебен муабет, не даваш аргументи и (за разлика од мене) омаловажувачки повторуваш иста работа. Ама ја повторуваш, не ја објаснуваш.
Врз основа на потенцијална опасност кон другите затвореници. Буквално ништо супстантивно не кажа во твојот пост. Само посочи дека не ти се свиѓало тоа што јас сум го пишал. За разлика од тебе, јас секогаш давам логички поддржан аргумент во моите постови.
А таа ќе ја процениш како? Тоа е прашањето Како ќе процени судијата дали во иднина ќе силува други жени во затворот, или ќе седи мирна? Врз основа на кои критериуми? Ако вака гледаме, геј маж е помалку сексуален предатор за жените, а е потенцијална жртва на стрејт мажите, дали геј маж треба да оди во женски затвор?
Тоа би било лична одлука на судијата. Не сум толку легален експерт точните критериуми да ги смислам. Според мене, нека го стават во женски затвор ако стварно постои потенцијална опасност.
Твоите аргументи се само твои мислења, како ти се чувствуваш и се се' освен логички. Вака можеме до утре. Ама затоа што очигледно не придонесуваш ништо на темава ниту кон нешто што веќе го знам и со тоа што не се обиде со ништо да го побиеш ми кажува многу за тебе. Така да, овде ќе завршам зошто лошо е такви мислења како твоите повеќе да штетат на оние кои се соочуваат со ова и да ги отвратат и оние кои немаат ништо против.
Не се преправај многу паметна кога не си. Буквално ништо не кажа во постот што може да се побие. Целиот пост ти беше „Хаха, не можам да поверувам што напиша овде, хаха“.
Видиш, тоа е проблемот. Скокаш да кажеш ФОБ, ама не мислиш на реалните последици по никого, ни мажи ни жени ни транс. Постојат луѓе кои навистина имаат проблем, навистина пробуваат да го решат тој проблем, ама нив не ги гледаш со небулозиве. Woke-изам на најјако не е баш секогаш продуктивен, некогаш на некого не му треба поддршка према за него во моментот единственото решение (зарем суицидна личност ќе ја поддржиме да се самоубие?) туку малце уклучуваш критичко мислење со цел пообјективно да согледаш. Одамна мене ме каменуваа шо реков дека на луѓе кои се ВОЗРАСНИ (ни случајно деца) треба да им се овозможи да транзиционираат и во општествово никој освен релевантни служби да не знае кој е нивниот биолошки пол. Ама исклучиво лица кои поминале многу советувања со тимови на стручни лица од повеќе области, со цел да се утврди дека НАВИСТИНА имаат потреба од транзиција. Па и во темава мислам дека начнав тоа, така што полека со расфрлање на тоа ФОБ. Не помагаш никому, одмагаш, оти и тие што сме и те како геј френдли и allies, доаѓаме до проблем со транс затоа што некои новодефиниции и слично директно влијаат на нашите права како жени и на нашите сегашни и идни ќерки.
Пишуваш заблуди. Со тоа што ги оставаш тие твои заблуди на форум, оставаш простор за млади, луѓе без многу знаење и искуство да побараат мислење на форум и ќе наидат на твоето во кое тврдиш дека „маж може да роди дете“. Не си свесен колку можеш да наштетиш со ова тврдење. Има многу поголеми проблеми од тоа „маж да не може да роди дете“. Дел од нив можеш да ги забележиш по другите теми, а дел од нив се дел и од оваа тема. Ако имаше трошка памет како што се прикажуваш, ќе застанеше уште на почеток затоа што во моментов може да те чита некое 14 годишно момче и да си мисли дека она што го пишуваш е вистинито, кога не е. Со тоа можеш да му уништиш живот некому, а тоа најчесто се деца бидејќи на нив прв извор ќе им биде (зошто најчесто им е) форум и останати слични платформи. Можеби и ти ги имаш прочитано од таква платформа овие истите заблуди кои ги пишуваш па затоа си цврсто убеден во нив. Или можеби си пак дел од оние кои се во заблуда? Не знам, не ме интересира. Само, ако можеш, застани и препрочитај се што пишуваш пред да го испратиш и стави се во чевлите на оние кои ќе го читаат она што го пишуваш. п.с. штотуку ми докажа дека го немаш прочитано целиот мој пост, туку побрза да се докажеш.
Пишувате дека гејовите почнале да се оградуваат од транс заедницата. И не гледате што е клучното тука? Па стрејт луѓе покажуваат почит кон таа одлука, а геј мажи цел живот се трудат да се вклопат во хетеронормативот и гледаат да направат сѐ што можат за да добијат поголеми симпатии од околината. И ако било оставено на нив низ историјата, queer заедницата немала да мрдне од мртва точка. Затоа што маж ко маж, нема да се бори за прогрес и прв ќе биде да се огради кога ќе види дека му се руши рејтингот. Лезбејките и овие изопачените се најголемите прогресивци и некои на кои геј мажите треба да се благодарни.
Има потреба бидејќи се измислија 100 neopronouns. А 90% од тие што ги користат се деца и тоа целосно има влијание врз нивното формирање како личности. Не дека се многу, ама не се ни ептен малцинство.
Ти си таа што им наштетува на транс лицата бидејќи мислиш дека транс жените им наштетуваат на правата на останатите жени. Вистински факт е дека маж може да роди дете, барем транс маж. Не им наштетувам на децата со тоа што јас ја кажувам вистината. Најидеално е да има соодветно образование за вакви теми, ама гледам и на тоа се противите. И каква објективнна штета најде во тоа?
Јас едно исто како папагал ќе повторувам изгледа: имате погрешно мислење дека мажите како род не би сакале да раѓаат деца.
Оти раѓањето е ЖЕНСКА карактеристика, привилегија како сакаш кажи. Аман. Или сакаш да си маж и да не раѓаш или да си жена и да раѓаш. Жена може и да не сака да роди, ама родов маж нема логика да сака зашто нема избор кај биолошки мажи. Ама и јаре и паре сакаат. Нека се одлучат кој род и кои особини сакаат да ги имаат. И транс жени сакаат да родат. Ама цврц, не можат. И со матка нема да можат.
Не значи дека ако нешто е женска карактеристика, дека мажите не би сакале тоа да го имаат. Еве за геј мажите, мислиш не би сакале сами да си раѓаат деца наместо да посвојуваат. Нашите желби не се ограничени на нашите физички ограничувања. Така како човештво сме дошле до изуми како авионот и телефонот. Ова е исто ко да кажеш, па човекот не е птица, не може да сака да лета, не е тоа човечка карактеристика.
За да родиш ти треба матка, женска карлица, женски хормони, женски метаболизам. Бебето не излегува од желудник. Како некој со дисфорија према матката, вагината и женското тело би сакал да роди?