Па да, им наштетуваат, дадов примери наназад. На пример тоа ако им избришеме пол од мед.документација, ниедно испитување долгорочно нема да е точно ако докторите не знаат дека дел од пациентите не се биолошки жени. Не може дефиниција да биде "жена е жена" и "транс е тој шо се осеќа ко транс". Не може џендер ајдентити да ми биде шо ќе ми падне на памет, еден од сите 100 или може да измислам уникатен, само за мене. Не може на сила да измислиме нови заменки, јазикот е "жива материја" и не можеш да го промениш оти така сакаш. И не, не може да сум лице со матка, лице кое дои, лице кое раѓа, лице кое менструира. Мене тоа многу ме навредува. Жена сум и толку, точка.
Желбата за раѓање дете не ја поистоветувај со желба за процесот на бременост. Ни биолошките цис жени не го сакаат самиот процес на породување и бременост. Јас не застапувам да им биде избришен пол од медицинска документација. Полот ќе остане ист независно од кој род ја има личноста.
Нема што да жалиш. Ништо од тоа што го спомна не успеа да го спори фактот дека некои мажи сакаат да раѓаат деца.
Е така, ама поделбите на затвори, соблекувални, спортови не се по род, осеќај се ти и како еднорог, која сум да судам? Се делат по пол. Што значи дека самото тоа што некој има одреден пол, ќе мора да припаѓа во група во која не сака да припаѓа. И не може решение да биде да се компромитира идентитет и безбедност на сите останати жени на светот.
Мислам, само мешаш баби и жаби. Тоа што не треба да им се избрише пол од медицинска документација не значи дека нивниот род нема да биде значаен за општеството. Пристап до затвори, соблекувални и вециња не се дел од некое медицинско поле, па треба да се базирани на род. Спортот нека си остане на пол, бидејќи има биолошки причини зошто таа поделба ја има.
Проблемот е што тој со пенис ќе се протне кај што не треба да се протне и ќе злоупотреби, што и се случува. Не е проблемот Митре Митра да го викаме. Не е проблемот Митре фустан да носи. И да, ти објаснив за другиот дел, за биолошките жени значаен дел од идентитет им е идентификација со својот пол, навреда е лице кое менструира или лице кое раѓа.
Абе што не е јасно, ако Митре те нападне у веце, ќе го сместиме у затвор (со жени хехе) и готово. Болје лечити него спречити, така идеше изреката?
Мислам дека не ја сфаќаш иронијата дека барем на македонски ние веќе имаме збор за „лице што раѓа“. Тоа е буквалното значење на зборот „родител“, ама гледам сте се навикнале тој збор да се користи и за татковци иако не го раѓаат детето. Затоа ми нема смисла да се лутите на вакви термини кога се прошируваат за да се вклучени и транс лица.
Родител на англиски е parent. A parentem е латински збор за предок, создател, се подразбира и татко и мајка. И растенијата се "родители" според наука (parens) иако не ги раѓаат потомците. Дефиниција за родител според тоа е некој што создава потомство. Дали ќе го роди или јајце клетка ќе оплоди или ќе го снесе од дуп, родител е. Да и тие што ќе посвојат се родители али чисто пошто се фативме за значењето на термините.
Родител/старател е и маж и жена, по дефиниција, професор е и маж и жена, молер е и маж и жена. Брачен партнер е и маж и жена. Родител соодветствува на parent, а не на мајка/татко. За некои зборови немаме заеднички, на пример grandparents, баба и дедо се. Siblings нема, браќа и сестри се.
Нема врска што е на англиски. На македонски тој збор директно се повикува на појавата на раѓање дете. И ова ви се двојни аршини: очигледно немате проблем со вакви генерални термини ако сте навикнати на нив. Генерациите после вас ќе се навикнат на „менструатори“ и „раѓачи“ и нема да им бидат чудни исто како зборот „родител“. Епа по дефиниција, „лице кое раѓа“ е и маж и жена, тоа е целата поента зошто бил измислен тој поим.
Тој поим нема да се прифати, пошто нелогично и навредливо е да се прифати. Сакаа да бидат и родител 1 и родител 2, па не се, оти масовен отпор имаше. Такви просеравања само во wokeизам земји може да пројдат, во наредниов век нема да има "раѓачи" и "менструатори". За после не знам, може Армагедон ќе биде попрв.
Не кревам паника, дискутирам. Ако не прифаќам се' слепо, не значи дека паничам Постои појава во општеството и тренд кој ме навредува, секако можам и имам право да зборувам за истото.
Ама биолошки се знае кој раѓа. Нема збунка тука. Не е ова шминка или облека па да можеме и мажи и жени да ги вклучиме.
Да, ама сепак има потреба да се збори и за родови кои раѓаат. Луѓето во општеството својот јазик го развиваат повеќе на база на род наместо на пол. Така отсекогаш било.
Оние period skopje што се како невладина кај нас, имаат у постовите употребено термин лицата што менструираат. Абе...
Поголема хетеронормативност од оваа на ,,изопачените, ,(твој збор) нема. Оти едно геј дете, или дете со флуидна сексуалност (која веројатно е честа во пубертет) лани во УК немаше многу шанси да биде геј, Тависток и останатата мрежа за ,,поддршка,, одма го класифицираа како транс. Затоа ваљда гејовите се оградуваат (појма немам). Колку си можел да знаеш ти, или јас, или било кој, на возраст од 10 или 12 или 16, дали си геј, би, транс, ватевр? И колку би можела твојата идентитетска слика да биде манипулирана? И лезбејките не поминуваат подобро, не знам која ти е поентава?