Опасноста на транс жените врз цис жените НЕ е биолошка константа. Тоа би било општествена појава која треба да се докаже статистички за да држи вода. Истото нешто е тоа. Ти викаш дека неозаменки се некако штетни на луѓето. Ако тоа е вистина, тогаш какви штетни општествени карактеристики би се јавиле кај таквите луѓе? Тоа е истото прашање за каква објективна штета гледаш во случаиве.
Е да. Зошто не би докажувале одново иста работа, само што овој пат биолошките мажи ќе носат фустанчиња. Како и да милуваш наречи, но биолошките мажи се докажале како предатори во сите сфери на општественото живеење, постоење и функционирање и тој факт не го менува носењето фустан, само дополнително може да ги стави во ризик жените. Впрочем ова ти беше кажано многу пати, или до инатот е или до капацитетот, трето нема.
Не, пак истата грешка ја правиш како другите кориснички. Тие истражувања и докази се базираат на цис мажи, не на сите биолошки мажи. Не постои никаква статистичка основа дека транс жените се поопасни за цис жените наспроти другите цис жени.
Како знаеш дека некоја цис жена нема да те нападне? Има илјадапати поголема шанса од цис жена да бидеш нападната наместо маж кој се преправа дека е транс жена. По збор е доволно.
Не пишав јас за тоа. Некоја друга корисничка спомна дека е загрижена дека маж би го направил тоа. Јас само дадов споредба дека таква нереалистична случка е поневеројатна од цис жена да те нападне. Затоа, ако некој не се плаши од цис жени не треба ни од вакви нереалистични случки да се плаши.
Па, можеше да пишеш дека е нереалистично, наместо уште сценарија да создаваш. Не знам, сега сум дури и позагрижена ти кога пиша така.
Јас пишав и дека цис жена може да те нападне. Но да претпоставам, нема воопшто да обрнеш внимание на таквото сценарио.
Знаете што е уште понереалистично? "Транс жена" со изглед на маж да биде нападнатА у машко веце/соблекувална. Што значи може слободно да си влагаат таму
Не. Ти можеш да се расфрлаш со различни термини со цел да разводниш одредени факти, но тоа сепак не ја менува суштината. Биолошките карактеристики на биолошкиот маж секогаш физички ќе го дефинираат како посилен пол, без разлика дали ќе се чувствува како жена, фламинго или улична лампа. Ама затоа има некоја лична неисполнетост, и фрустрација, да ти преставува таква сатисфакција поради некоја лична неоствареност да сакаш цел еден пол да го ставиш во изузетно голем ризик.
Може и биолошка жена, да, ама биолошки маж е секако посилен и затоа е пострашно. Плус, статистички, мажите повеќе напаѓаат. И сега па, уште маж, преправен во транс жена, не знам веќе еве, кај ти текна и тоа во сценариото да го додаше, од лошо полошо правиш.
Тоа не ти го спорам. Но законите за заштита на жените што постојат не се базирани на тој биолошки факт, туку на општествени докази дека цис мажите се опасни за жените. Тоа е грешката што ја правиш. Цис мажите статистички повеќе напаѓаат додека се облечени како типичен цис маж.