Мене ова не ми е јасно, ако: - од една страна транс луѓето можат да се сметаат за транс и само поради своето субјективно чувство на род; - од друга страна родот е социјален конструкт (ова не го оспорувам) кој потекнува од патријархат; - од трета страна се обидуваме да ги поништиме патријархатот, со што би се изедначиле родовите улоги, односно не би имало разлика меѓу машка и женска општествена улога; - од четврта страна, велиме секоја жена се дефинира како жена по род по различни критериуми; - од петта страна, повеќе луѓе се идентификуваат како жени, што по некоја логика значи дека сите тие мора да имаат заеднички точки, затоа што не може нивната идентификација да е рандом заедничка; Тогаш, или: - нема потреба од постоење на род кога општествените улоги треба да се еднакви; - секој, ама баш секој еден човек ќе има посебен род, штом чувството за род се базира на субјективни критериуми, односно нема да може да се класифицираат сите можни чувства и критериуми на секој еден човек - нема да има жена и маж, ќе има џи, аф, ши, ку, фи и секоја можна комбинација на букви, бројки и знаци за да се покрие индивидуалниот родов идентитет на секој можен човек на планетата. Не можам да сфатам како може да се идентификувам како жена имајќи ги предвид сите овие работи. Испаѓа ништо не сум ни јас, ни сите околу мене, сите сме скроз во посебен свет.
https://www.independent.co.uk/news/...oolgirl-dressed-woman-edinburgh-b2341348.html https://www.expressandstar.com/news...-woman-carries-out-machete-cashpoint-robbery/ Мажи напаѓаат статистички повеќе секако во било која форма.
Мажите се насилниците и силувачите тука ставаме точка, факт, но стварно е точно дека е занемарливо колку мажите користат да се преправаат како транс за да нападнат жена. Физичките и сексуалните напади се израз на машкост и машката моќ и таквите особи сакаат да осетат дека можат да го направат тоа само затоа што им се може, пошто се мажи. За нив е понижувачки да се преправаат како жена и процентот на мажи кои напаѓаат транс жени и општо исфеминизирани (геј) мажи е многу позначителен, а првото не е некој тренд. Нема логика.
Не знам дали го читаше членот Он ти вика на збор верувај му на некој дека е транс жена. Значи не мора да се преправа ич со облека и перика него ќе влезе, ќе рече ама жена сум и ебан си. Па еве уште не разбрав како да разликуваме такви мажи од транс жени.
Бога ми, другаров ги дозакопа, место да ги одбрани, со тресење глупости. Може па и тоа му е целта... може е толку голем десничар што сака да ги искарикира воук левичарите до овој степен да изгледаат прости и глупи, па се преправа како таков. Иначе нема логика некој толку да треска.
Замисли, каков плот твист е тоа Ама навистина, кога гледа човек до кај некој може да оди, и тоа некое позитивно мислење оди наназад.
@theowndemon Гледаш, пак сум фина, не ти отворив работа. Се надоврзувам на ова: Зошто трансродови, а не трансполови лица? Ако некој е трансродово лице, значи не се осеќа комотно со општествената замисла за родот. Ама пак ќе пишам, не ли значи тоа правец напред кон борбата за рушење на тие општествено наметнати улоги и изгледи? Ако биолошки маж сака да носи фустан и шминка, нека носи. Ама при тоа тој се декларира како жена (според род), што мислам дека апсолутно прави штета. Со тоа само се цементираат родовите улоги и стереотипи. "Ако сакаш да носиш фустан и шминка, сигурно мора да си жена". Што се однесува до транс лица што се осеќаат дека се во погрешното тело, мислам дека е веќе легитимен проблем и треба да имаат можности за транзитирање. При тоа исто така не треба да има дискриминација кон нив. Не гледам зошто лице кое транзитирало не би влегло во wc, затвор, соблекувална според полот во кој што транзитирале. Реално, најголем дел нема ни да се препознаат. Спортот е веќе друга тематика. Искрено не знам како би се решило тоа за да биде фер за сите. Ама исто како што транс жените ќе имаат предност во физички спортови, така и транс мажите ќе немаат. Сметам дека треба да има поголема борба за овозможување на транзиција, според претходно одредени критериуми и посети со стручни лица. При тоа не, не мислам дека ако детето сака фустан треба да транзиционира, туку реално да сака да е спротивниот пол. Само затоа што некои детранзиционираат не значи треба треба воопшто да престане со транзиционирање. Туку да се направи труд за подобро утврдување и поголема стручност за потребата за транзиција. Сигурно има уште 100 работи што сакав да пишам, ама испуштив. Премногу hostile постови има на темава, па генерално ја избегнувам.
Не бе, да не бев јас, вие ќе имавте тотална почит кон транс правата. Потребни се луѓе како мене кои даваат отпор на трансфобите за да се стигне донегде, мора и ќе мора замарање на трансфобите. Со ќутење ко што сакате вие ништо нема да се деси. Не е тоа цементирање на родови улоги и стереотипи. Може кој сака да си носи фустан и шминка и каков било род да има. Тоа не значи дека таа личност мисли дека сите жени или сите мажи треба тоа да го носат. На тоа се мисли кога се збори за форсирани родови улоги: дека се очекува СИТЕ членови на одреден род да се држат до одредени правила. Ама ти како единствена личност, можеш како било да си го изразиш твојот родов идентитет.
Базирано на тоа дека и кај цис жените не постои едно исто изразување на нивниот род. Не се сите trans allies транс. Јас сум цис маж кој сака сите луѓе да имаат еднакви права.
Не тебе нешо не ти е добро Пошо тресеш глупости и небулози овде, две недели више по ред. Ама си ја имаш мувата на капата. Не ќе да се ,,тепаш” овде пошо сакаш еднаквост, а нас жените колку шо моеше нѐ испопонижи
Па искрено јас не го изразувам мојот род никако. Како се изразува род? Стварно поим немам. Род е општествен производ. Стварно доаѓаме до ова: Значи вистина е дека за 8 билиони луѓе на планетава треба да имаме 8 билиони родови. Зошто секој си има свој род, по свои чувства. И бонус прашање, ако веќе одиме по чувства за род, без да имаме никаква дисфорија за телото (полот), тогаш зошто би сакале да одат пример транс жени во женско веце? Или бетер, транс мажи во машко wc. Јас не би знаела шо корист да имам од писоар пример. Сите овие простории се поделени според полот, не родот.
Не верувам дека не си го изразуваш воопшто. Сигурно можеш да препознаеш дека се облекуваш и однесуваш послично на другите жени околу тебе отколку на мажите. Самиот факт што сакаш да се нарекуваш жена, што заменките ти се таа/неа е облик на изразување на родот. Се разбира постојат и agender луѓе, ама не верувам дека ти така се идентификуваш. Нема за секој посебен род. И самите припадници од еден род се свесни дека не се исти со сите други припадници од тој род. Можно е да се има дисфорија околу твоето родово изразување ако ти е наметнато од некој друг. Не мора да значи дека дисфоријата ти е само околу телото. Така и најчесто се јавува кај транс децата, кои не знаат за полови органи и такви ствари. Не сте вие претставници на сите жени, само на оние трансфобичните, и на трансфобите заслужено им е доза понижување.
Интересно. Значи дисфоријата што се јавува кај тинејџериве сега не може да е зошто го отфрлаат тоа што им е наметнувано? Не сфаќаш дека сам се закопа?
Не гледам што ти значи тоа. Не е дисфорија бидејќи е наметнато, туку се погодило тоа наметнатото да не им одговара на нив. Има огромен број на луѓе кои немаат проблем со наметнатото родово однесување.