Глеј за многу мислења се сложував со тебе и уште се сложувам за транс правата ама веќе работиве што ги пишуваш се судираат едно со друго и ништо нема логика. Ако е родот толку безначаен значи нема поента од него? Тогаш што ја дефинира жена како род ако се базира само на една заменка? Ако имаме сто различни заменки т.е родови која е всушност разликата меѓу нив? Како може да ставиш толку остра граница помеѓу пол и род кога иако се различни сепак се испреплетуваат? Дали сепак не постои род (тука сум сама на себе контрадикторна ама нема везе) туку само пол и полови улоги? Истите прашања горе доле ги имам како @pdb123 .
И сега ако прашам врз основа на што луѓето го определуваат нивниот родов идентитет, одговорот ќе биде „едноставно знаат“, односно нема одговор. Пошто другиот одговор е дека се поистоветуваат со стереотипни карактеристики на жена, што не оди пак во прилог затоа што испаѓа се потврдуваат патријархални сфаќања за тоа што претставува жена. Сите клучни работи поврзани со идентитетот на една личност можат да се дефинираат, само родовоста, која иронично, е вештачки создадена (што значи, имала некаква логика зад себе - мизогинистичка, ама сепак има објаснување во најмала рака), сега велиме дека е аксиоматска и се сведува на граматички разлики. Ако порано сме велеле жените носат одреден тип на шминка, сега и мажи по пол можат да носат ист тип на шминка и да се наречат било мажи или жени по род. И ова може да се префрли во секоја општествена категорија како облека, па еве дури и во биолошките категории. Повеќе смисла има да се каже не постои род, пошто така испаѓа. Ако со иста работа (и тоа се однесува апсолутно на секоја можна работа) можат да се идентификуваат и маж и жена по род, тогаш не постои разлика меѓу машки и женски род.
Родот е значаен само бидејќи луѓето му даваат значење. Не мора да има некоја остра граница помеѓу родовите за да биде значаен. И не се базира жената на една заменка, жена се базира на нејзиниот личен идентитет.
па прееска друго збореше дека е битен родот и као се осеќаш на шо си жити сѐ да зеам и јас на вас глупите многу ви е јако уствари се заебавате со сите нас и не ви чуе
Како е тоа друго да зборам? Јас викам дека е битен родот, но само бидејќи ние луѓето го третираме како битен. Тоа не е друго да зборам.
Па нели родот е патријархален производ и се базира на стереотипи и не треба да се рачуна за битен тогаш?
Не сум кажал јас дека е патријархален производ, не знам од кај го извади тоа тврдење. Старите погледи кон родот се патријархални, но модерните не се. Модерните погледи на родот се базираат чисто врз личниот идентитет на личноста, а не на стереотипите застапени за него.
Треба барем да има дефиниција за да биде значаен. Ти во сите постови не кажа нешто ни блиску до тоа. Жена се базира само на личен идентитет - што воопшто значи тоа? Внатрешно чувство добро зборевме за тоа одамна. Ама на што па ќе се базира тоа ако сѐ е само личен идентитет и нема никакви заеднички карактеристики? На што се базира личниот идентитет?
Ова прашање можеш да го поставиш за кој било дел од нашите персоналитети како луѓе. Не можеш да најдеш точен одговор за зошто нештата се така во човечкиот ум. Психијатрите ова со децении го истражуваат и немаат конкретен одговор за многу умствени појави на човечкиот ум.
Така лесно ли било? Туу да го знаеа ова женине у Иран шо ги убиваат дека не носат шамии пошто се биолошки жени. Одма ќе се декларираа ко мажи и решен проблем. Не знам како не им текнало.