Стравот потекнува од она што може да се исфилтрира под превезот - транс жена за полесен атак кон нас жените. А не дека сите транс жени се манијаци и напаѓаат жени. Ок, и меѓу нив сигурно има и убијци и силувачи како впрочем меѓу сите џендери што има, но реалната опасност за нас ко жени доаѓа од целата можна филтрација што ќе се деси.
Не се сите. Работава е како да знаеме кои се, кои не се? Кога не знаеш, сите ги гледаш како потенцијална опасност нели? Оти замисли, имаш и наводни транс жени кои почнале процес на транзиција, дури и пенис отстраниле, ама пак се манијаци. Значи ни транзицијата не е олеснување.
Е да де, истото го велам. На тој начин транс жената е потенцијална опасност за жената, а не транс жените пер се. Затоа сум против делење на тоалет со секој со можност да мочка стоечки.
А може и да е лажно, било кој на кого ќе измисли и ќе го пише, ќе ги скријат имињата, ќе објават во јавност и ете ти како ќе го измамиш народот, нека вадат муабети.
Фејк е поракава гарант Зошто баш на тој да му пишат Сеа ќе вадат муабети дека е за пари демек Срамота
Правото на самоопределување е едно од најважните човекови права. Јас сум за тоа секој да биде што сака, дури не им го наметнува својот начин на живот на другите. Со трансродовите лица не е баш така. Се наметнуваат до тој степен, што во големите европски градови веќе е срамно тинејџер да каже дека е маж или жена, дека сите се идентификувале како неутрални. Верувам дека некој од раѓање е таков, во секој клас сме имале една машкуданка и еден женски петко, ама тоа не значи дека децата уште од мали треба да се збунуваат со различни родови и задолжително да носат фустани. Друго, не би се чувствувала ко жена пријатно ако транс лица има во женска соблекувална на пример. Нека има специјално за нив одделна. Каде се тука правата на муслиманките кои сакаат да бидат во одделни тоалети, јавен превоз, козметички салон, сауна од луѓе кои имаат пенис? Не е фер и да се натпреваруваат во категории на жени или мажи на спортски игри. Најлошото е што се порано и порано се почнува со терапии за промена на пол кај децата Што ќе биде ако реши после 20 години да се предомисли? Аргументот им е дека терапиите биле поуспешни ако се прават пред или за време на пубертет. И конечно мислам дека транс лицата, треба да се гледаат одделно од педери и лезбејки.
Иако јас лично немам проблем со транс луѓе во тоалети и соблекувални, за муслиманките сите магично имаат разбирање и не сум видела да бидат наречени трансфоби туку им се почитува желбата, наспроти немуслиманките за кои нема никаква толеранција. Да се чудиш.
Твојата нерационална страв не може да се разбере бидејќи оди контра на реалноста. Вакви инклузивни закони за транс луѓето постојат во неколку земји веќе. Твојот страв не се покажал како вистински кај нив. Кој што како? Јас лично немам никаква почит ни разбирање за муслимани кои бараат апартхеид од ЛГБТ. И тие нека си делат вециња со транс жени.
Спомнавте муслимани па ми текна. Слична дискусија имаше за тоа дали е океј муслиманки да одат со покриено лице во јавност. Абе ако влезам сега во банка/аеродром со покриено лице, и најчиста душа да имам и само да сакам да си извадам пари, многу нормално тие околу мене ќе се осеќаат загрозено. И со право. Иако немам намера да крадам. Ама другите не ме знаат така дека не сум крадец така? И затоа си покажуваш лице како сите други за фино лепо камери да може да те видат. Епа така не знаеме и кој од тие наводни транс жени е саглам или не е. Може до утре да ќења некој зашто некој друг се посомневал во него ама кога не те познава другиот, нормално е.
Аналогијата ти нема смисла. Транс жените личат така низ секојдневниот живот. Баш покорисно е камерите да ги покажуваат така како што изгледаат секојдневно. Така се сликаат и за лични карти и за пасош. Загриженоста за муслиманите ти е пак бескорисна. Секој може да ти влезе во банка или аеродром со заштитна маска сега.
Вака? Како е овој загрозен у машко веце, соблекувална? Сериозно кажи ми како ќе биде нападнат од цис мажи кога самиот е маж у фаца? Ми побарале да симнам маска за идентификација. Немав проблем, симнав. Речи ѝ на муслиманка истово. Нема да те послуша.
Вецињата не се наменети да те заштитат, тоа е таа грешката што константно ја правите. Наменети се повеќе за приватност, а и транс жените им е потребна приватност од мажите независно од како изгледаат. Тогаш нека не и дадат услуга во банката. Ама тоа дека не може воопшто да влезе во банка облечена како што сака е комплетно различна ствар.
Да да, секако, исто и децата по британските школи неиронично се идентификуваат како мачки, холограми, диносауруси и што уште не Пола тема е со небулозни морални паники и теории на заговор, како да ве сфати човек сериозно? Права на сегрегација? Муслиманките (како и христијанките и сите религиозни жени) се опресирани од сопствената религија, не од транс жените. Тоа што ним им е наложено да постојат во јавни простори целосно одделно од мажите не е никакво право или слобода, туку манифестација на длабоко патријархални вредности.
По стоти пат ќе прашам, како е типот на сликата загрозен во машка просторија? Веце, соблекувална, курци палци сеедно каде.
Само што ти кажав загрозеноста не е битен фактор. Потребата за приватност е. И ти моментално си загрозена во вецињата исто колку што си во кој било друг дел од градот. Може цис маж комотно да ти влезе и што ќе му направиш? Тоа дека поделбата на вецињата е некаква пречка на злосторниците е само проста илузија. Вецињата се лесно пристаплив јавен простор.
Ми треба приватност од мажи. Овој на сликата е апла маж. Цис маж нема да може да игра на карта трансфобија ако не смеат транс Транс жената ќе може, ако смеат. У Америка барем. Е тоа е разликата. Затоа е битно дали е назначено дали смеат или не смеат транс.
Напротив. Мојот страв се покажал реален во секој сегмент од едно женско постоење и функционирање во овој машки свет. Јас коментирам од искуство, ти од субјективна желба. Знаеш што е нереално? Нереално е шовинистичко и мизогинистичко шајзе, биолошки неспособно да го сфати и почувствува тој страв, да му лепи етикети. А пошо биолошки си неспособен да разбереш, се што просераваш тука е суштински максимално игнорантно и ирелевантно.