Еве темава веќе при крај е, па нека се затвори како што доликува со видеово подолу. Главно и наградно прашање: what is a woman? https://youtube.com/shorts/_riyrkHBNCs?feature=share3
Одговорот беше даден многу пати на темава. Доста е веќе преправање дека не сме знаеле како да го дефинираме терминот „жена“. Вас само не ви се свиѓа таа дефиниција.
Ете да помогнам: жена е личност која има два ХХ хромозоми. Ова е дефиницијата, без разлика дали тебе ти се допаѓа или не.
Дечко/девојко или што и да си Не знаете да дефинирате жена пошо го негирате женското постоење, толку просто
Без разлика дали тебе ти се допаѓа или не, тоа е дефиницијата само за полот жена, а не за родот жена.
Жена (како род) е родов идентитет кај што единствената дефинирачка карактеристика на неговите членови е дека се идентификуваат како жени, а не некој друг род.
Хахахаххаа Не е смешно, трагично е Ептен сум нафурана и навредена со дефиницијава како ЖЕНА! Срам да ти/ви е!
Основно правило кога дефинираш нешто е да не го користиш зборот кок го дефинираш, зашто нема смисла. Не може да дефинираш жена, користејќи го зборот жена. Значи не може да кажеш жена е жена.
Овој отворил профил само за да пишува на вакви теми и да ги понижува жените и тоа на женски форум. Траен бан заслужува.
Тоа е неточно. Некои термини не можат да се дефинираат на поразличен начин и вакви дефиниции се потполно валидни.
Ти колку сакаш можеш да ја тврдиш небулозава, ама не си во право. Сто пати кажавме дека не е дефиниција ова. Не може да кажам човек е човек. Или маж е маж. И ваквите глупи дефиниции од твоја страна се целосно навредливи за нас, жените.
Ни јас не викам „жена е жена“, туку дека некој човек да е припадник на родот жена е нешто што е зависно само од идентитетот на тој човек. Поради тој услов, не можа да се даде поразлична дефиниција. Вие илјадапати кажете си го истото, ама не ја менува реалноста околу како функционира јазикот на луѓето.
Ова е исто како човекот е живо суштество. Ама ако земеме предвид и растението е живо суштество. Е сега дали човекот е растение или растението е човек?
Воопшто не е истото. Не постои некој што не е жена (по род) а да има родов идентитет жена. Дефиницијата не ги опфаќа луѓето со друг тип на родов идентитет. Сите етнички идентитети во светот се исто така кружно дефинирани.