Како се идентификуваат како жени кога никој не знае што е жена? За да се идентификуваш како нешто треба да знаеш кои се карактеристиките на тој поим и да се пронајдеш во нив.
Нигде јас не се вртам, вас нешто не ви е јасно изгледа. Така изгледа родова диктатура. Респект енд обеј.
Ги знаат карактеристиките барем на повеќето од жените и се пронаоѓаат барем во некои од нив. Истото важи и за етничките припадности.
A тие се? Јас не се пронаоѓам во 90% од карактеристиките на стереотипна жена, па пак сум жена. Ти немаат логика мислењата, напорно е да те чита човек веќе. Ама не си ти крив, очигледно ти дозволуваат, или ги мрзи да читаат, или не се замараат.
Точно, не треба. Ама дали ќе издржиме? А ако ги налутиме спонзорите? Кажувањето на вистината е политички некоректно и општествено неприфатливо. Што ве лути и навредува уствари?
Најзастапена карактеристика е користењето на заменката „таа“. (Но постојат и жени што не ја користат таа заменка.) Не знам зошто ја мешаш мојата логика со твојата. Јас мислам дека си жена чисто бидејќи така се идентификуваш. Не е битно колку други карактеристики на жените ги исполнуваш, само идентитетот ти е битен за да бидеш жена.
Ти викам, ти немаат логика мислењата. Контрадикторни едно на друго се. Не заебавај, стварно? Заменката те прави жена?
Абе читате вие нешто или само ум делите? Ви ставив прашалник за дефинирање род, за мали деца, уште никој не го прочита. Да, заменката е битна. Ако мислиш дека си таа, таа си. Ако сакаш фустан таа си. Ако не си таа, можда си тоа. Јас сум тие/нивното кралско височество. Не знам што не е јасно.
Не можам да те читам сега тебе, со господинов сум зафатена се трудам да одгатнам дали се работи за трол со премногу време или стварно е толкав степенот на делузија Се накај првото ме тера, ама веќе ништо нема да ме изненади да ти кажам право
Жена=2 ХХ хромозом Маж=ХУ хромозоми Транс жена=Маж (ХУ хромозоми) кој се труди да си го промени својот изглед во жена. Транс маж=жена (ХХ хромозоми) исто, се труди надворешниот изглед да го смени во маж. Но, има работи кои се добиваат од раѓање. Ти не можеш да промениш хромозоми и со тоа се враќаме на првата биолошка дефиниција дека си маж. Ако си имаш замислено дека си жена, припаѓаш во категорија транс жена. Можеме до утре да филозофираме за родот, АМА за дефинирање некој што е, ТРЕБА ДА БИДЕ СПОРЕД ПОЛ. Можеш до утре да пишуваш глупости, но најсуштинската дефиниција е оваа.
Е тоа е веќе тажно, тотална контра услуга им прави Ништо од планот да го замарам да ми каже како се добива толку слободно време и од кај му е пасивниот приход
Ја се пронаоѓам во барем некои од карактеристиките на сите 100 и кусур рода. Се пронаоѓам и во барем некои од карактеристиките на Јапонци, Германци, Швеѓани, Американци, Ескими, Македонци, Банту, Нигеријци и Бразилци Дај кажи кој род и која етничка припадност сум. Мислиш дека ако се чувствувам како Јапонка, иако немам никакво јапонско потекло, не изгледам како Јапонка ниту некогаш сум била во Јапонија, а камоли живеела, некој ќе ме сфати сериозно? Ќе ми веруваат Јапонците, ќе ми даат пасош и државјанство, ќе ме сметаат за иста како нив?
М, неточно. Новиот закон превидува казна за вакви ,,бласфемични,, изјави. Може и прекршочна пријава, не стигнав до толку детали. ОТВОРЕТЕ О Ч И.
Ти на чија страна си? Свесни сте дека на овој начин им дадовте волку сила да се курчат? Ама и вас ви одговара ова изгледа нели? Боже Господе до кај стигнавме... Прекинувам тука дискусија, нема смисла више. Празни муабети само, на дело ќе се покажеме и ќе ги мериме силите.
Беше кажано во контекст дефиниција за жена. Членот упорно избегнува да даде дефиниција. Ете, нека е грешно моето мислење, се согласувам и да биде избришано, но што е со мислењата на членов кои се навредливи за жените?
Мислам дека Билјарката сака да ви каже дека се' ова што го пишува членов, ќе ни го донесе родовиов закон, така ја сфаќам, ако грешам, нека ме поправи. Не ти треба дефиниција ни филозофија, ако речеш дека си жена, жена си. Таа си. Па после кој хаос ќе биде, живи били па видели. Ама се надевам дека нема да видиме, дека нема да ни наметнат таква глупост.