Ете шо сум пропуштила ко мижам Интересно Ама личи захтевно Алал да им е Ја се ежев немам храброст за тоа.
ЛелЕ, немој Мет Волш. И немој такви изјави, учителката ќе ти каже дека си одвратна https://www.independent.co.uk/news/uk/home-news/teacher-cat-despicable-b2361573.html
Би рекла истото како со МПЦ, за инает на МПЦ ќе се сложат ако треба со законот. Може чоек да не се сложува целосно со Мет Волш или да не го сака како личност, ама дека изјавава му е 100% точна без оглед дали го сакаме или не, точна е. Обејктивно да збораме. Да, шовинист е, ваков е таков е, знам се..... ама на оваа тема е во право.
Дефинитивно проблемот во видеото е транс жената која ја довеле, очигледно ни самата не знае што точно зборува и како да аргументира. Како ќе негираш дека не си родена ко female, ако си транс, о боже.
Појма немам, не го ни кликнав, немам појма ни од неговиот живот и дело. Мислам, мене апсурдите ми се апсолвирани, сега последиците да ги видиме.
Овој Мет Волш што сте го спомнале инаку има изјавено дека тинејџерска бременост треба да е нормална зашто девојчињата се најплодни тогаш и треба да се мажат наместо да абортираат. Ај потсете ме како левицата е таа која ќе нормализира педофилија?
Го имам гледано What is a woman од Мет Волш пошто поим немав кој го правел, ни што е, ни како е. Да знаев ич немаше да се замарам, ама ете влегов шо се вика with an open mind. And I suffered through it so you don't have to. Сумирано на кратко: Прво, тој самиот не влегува во интервјуата искрено и со отворен ум. Веќе влага со разработена стратегија како да дојде до некој a-ha, gotcha момент. Второ, кога некој ќе му даде дефиниција (а колку што ми текнува скоро сите дадоа) не ја прифаќа. Ако не е објаснето во 3 збора не се важи. Трето, иако можеби можеше да има некои поенти да докаже, некако се паѓа у вода од што одеше во апсурдности да докаже поента. Што пак нели не е баш смисла на "документарец". Четврто, заврши со заклучокот дека жена е суштество на кое и е потребен маж за да и отвори тегла. Не се ни шалам за ова. Стварно така заврши. Ја праша жена му "Што е жена?" и таа му рече "An adult human female" и му подаде теглата и додаде "who needs help opening this". Така да дека ова е некаков релевантен документарец - не е.
Важи. Твојата анализа е последен збор за филмов и ликот. Кој кредибилитет го има Мет Волш, само 2.6 милиони подржувачи има на youtube. А на фемина дебатите се од највисоко значење. Тоа значи дека неговата работа е шит а вие 4-5 експертки тука сте најрелевантни и најупатени во тематиката.
Го ставив контектното видео заради реченицата која и ја кажува на транс медицинската сестра: Ако те викнат на итен случај и гледаш таму маж со пенис ти кажува дека има спонтан абортус, дали ќе му поверуваш или автоматски ќе помислиш овој не можеж да остане труден.. Ни јас не се сложувам со многу негови ставови ама за ова е во право богами.
Извини што не гледам видеа, многу време ми трошат. Ама, еве, во духот на предлог законот, мислам дека не смее да помисли такво нешто. Мора да му верува, инаку е тоа родова предрасуда или штоидае Затоа и ги истиснаа психијатрите од равенкава, друго објаснување нема.
Зашто не му оддадат почит како на човек а не како на транс, не е убиен пошо е транс, од дечкото негов е убиен.