Од каде ви е информацијата дека од дечко е убиена? Или тој наратив ви одговара, за никако да не го прифатите фактот дека queer луѓето не се безбедни на балканов?
Затоа што за транс луѓето се грижи, тагува и изразува почит само нивната заедница. Сензационалистички новинари (исто како тебе) веднаш почнале да користат машки заменки и ѝ го навеле старото име во нивните вести, што е најтешка непочит кон квир лице. Како што сите убиства на жени се викаат фемициди, така ова е трансфемицид. Транс жените се особено ранливи на насилство, нејзиниот идентитет влијае и на тоа што полицијата повеќе од две недели не мрднала со прст по апелот дека е исчезната. Нека почива во мир, моите мисли се со сите квир луѓе во овој скапан балкански регион
There, I fixed it for you. Како да ти кажам, почит можеш да оддадеш како на човек а да го спомнеш и тоа дека е транс, не е mutually exclusive.
Чекав да видам кој прв ќе пише на форумов за ова, оти да не се лажеме, сите ја видоа веста. Најголемите противници на транс права на форумов ги нема да зуцнат за случајов (и за секој друг случај во кој жртви на насилство се лгбт, особено транс луѓе), затоа што ова не оди во корист на наративот "кои права ги бараат", "транс жена е маж", оти ако го кажат ова сега ќе испадне дека се бесчувствителни, па затоа си молчат. Овие другиве што зуцнаа па, и после смртта на транс личност одбиваат да користат правилни заменки, оти многу е тешко тоа наместо да бидеш дебил. Жал ми е за ограниченоста и омразата на одредени луѓе. Вие сте за лечење - од омраза, а не транс луѓето. Ајт.
Случајот е чист доказ дека сте одвратни со вашите коментари и "шеги" за транс жени, за измислениот проблем како они се мажи и предатори и силувачи. Размислете од каде ви доаѓа таа омраза спрема транс луѓето. Тоа да сте uncomfortable со нечие постоење затоа што ви е нешто необично, не е валидна причина да ги понижувате и да го сметате нивниот живот за помалку вреден. Многу ми е жал што не можете да видите колку не е убаво се што го имате испишувано на темата. Убиството е дефинитивно потикнато од трансфобија. А тоа што намерно се обраќате во машки род е најнечовечко нешто што сум видела. Заменка е заменка, ама намерата е толку одвратна, грлото ми го стега. Некоја личност е убиена на толку грозен начин и на вас приоритететот ви е да продолжите со омразата спрема транс луѓе. Кој ве израснал вака, да ви се плукнам.
Decko mu bil transfobicen? Ima logika. Interesna vi e logikava on zivotot go izgubil ali zamenkata ke mu gi povredi cuvstavata Da vi go imam pametot na 5 minuti samo malu relax da bidam.
Тажно за девојката од Србија. Просто поради причината што била човек а не поради тоа како се идентификувала. Инаку сакам да споделам мислење општо за транс луѓе. Од поновите генерации сум и отсекогаш сум имала "Луѓето можат да бидат тоа што сакаат" мајндсет. Не сум никој и ништо да судам на возрасна личност што одлучила да прави промени на своето тело и идентитет. Не познавам транс особа лично но би внимавала како им се обраќам и би ги третирала со истата почит што им ја давам на "цис" луѓето. Е сега за поимот "цисродова личност". Инаку за тие што не знаат, тој поим го измислил Volkmar Sigusch, германски сексолот и социолог, како антоним за "трансродова личност". Инаку истиот лик сметал дека има разлика помеѓу педофили и педосексуалци. Разликата помеѓу едните и другите е тоа што едните дејствуваат на своите нагони а другите не. Евентуално, модерната сексуална револуција ќе направи простор и за тие луѓе во ЛГБТ+ заедницата. Иу. Да се навратам на темата трансродови личности. Многу од тоа што го гледам на интернет, ми изгледа како доста од транс луѓето прават карикатура од жените кое за мене лично е навредливо. Можете да ги погледнете Dylan Mulvaney или Grant Sikes на било која платформа за пример. Според мене, трансродовите лица не можат да се споредуваат со луѓето кои се "цис" од многу аспекти - биолошки, физички, емоционално и социолошки без разлика на хормоните кои ги примаат и операциите кои ги прават.
Ај не го користете случајов за препукување, греота е. Тоа на темава што се пишувало поназад не значи дека за овој случај имаме нешто лошо да кажеме или дека не ни е жал. Човек најсвирепо убиен, исечен на парчиња, не е важно дали е транс, геј или нешто трето, човек е. И не мора да заклучиме одма дека трансфобија е причината. Само затоа што е транс, ништо друго не може да биде причина? Дечкото ја убил. Човекот, како што објавил еден портал, си бил проблематичен и често имале расправии. Засега се смета дека токму расправија е причина за таков злочин.
Па не се нормални Убиена е бидејќи била проблематична А не, убиена била дека е транс -.- Добро они знаат. Уше знамињата вчера коа ги извадиле сфатив колку е саат. Транс не транс, на крајот на денот била човек како и сите нас и секако е жално. Не мора одма драма лама да праат
Не таа туку дечкото. Наводно, бил дилер а и доста постар од неа, блиски изјавиле дека таа го сакала а тој се однесувал лошо со неа и често имале кавги.
Мене ми е жал како и за секоја друга непозната личност за мене кога умира. Не ми е повеќе жал само зашто е транс. И да, и понатаму си ги држам истите ставови и нема што да менувам став ради случајов. Оти јас лично не сум за насилство према нив. И од мене нема никогаш да добие транс особа лични закани и ќотек. Ама не мислам ни активно да ги бранам. А за туѓи постапки не се осеќам одговорна. Само за моите.
Дечкото нејзин има психички проблеми и е насилник. Пишува на портали дека тоа е причината за убиството. Знаел дека таа е транс, па не може тоа да биде причината.
Нене јас за Ноа зборам Првата вест кога искочи така пишуваше. Мислам секако е жалнп, каква и да била не заслжувала да е исецкана. А болесников џабе шо е убав кога е болен
Пошо нема да биде у врска со нејзе ако е трансфобичен лол Мајката и такото зашо ќутеле бе? Знаевме дека ја тепа и дрогира Е браво И сеа? Знаевте ама си ќутевте така? Шо ако е полнолетна. Ако глеам дека ја тепа, за рака и дома.
Ако насилен дечко што убил транс девојка не може да е трансфобичен само зашто бил во врска со неа, логично би следело дека ни насилни дечковци/сопрузи на цис жени не може да се мизогини. Ова е апла непознавање на динамики на насилство и злосторства од омраза...
Koja e logikata? Argumentot vi e deka ima nasilstvo u heteroseksualni vrski? Znaci nasilen maz u heteroseksualna vrska e heterofob i ja tepa zenata posho zenata e straight? triple