А сакаш транс жената да оди пред мажи да се соблекува? Ако тебе не ти е пријатно тоа што транс жена е во иста просторија со тебе, тогаш и на транс лицата не им е пријатно кога се принудени да бидат во исти простории со мажи.
Дали посебен тоалет е решение за закоравените конзервативци што не сакаат транс луѓе? - Дефинитивно ДА. Дали некој што има објект со машки и женски тоалет ќе сака да направи посебен тоалет и да има дополнителни трошоци? - Дефинитивно НЕ.
Па ако рамниш биолошка жена со маж кој има внатрешно чувство на жена и притоа игнорираш дека многу лесно може да се искористат просторииве за нарушување на безбедноста на биолошките жени, не знам што да ти кажам.
Зошто е толку тешко да се прифати фактот дека биолошки жени сакаат да имаат свој простор каде би се осеќале безбедно и удобно? Еве многу биолошки жени не се осеќаме комотно да има транс жени во простор каде што сме ранливи. Никој не тврди дека транс жените се злобни или имаат лоши намери, верувам дека најголем дел немаат, но ова можи и дефинитивно би се злоупотребувало од мажи што сакаат да наштетат. Не му пишува на никој на чело каква намера има. А и не мора да е до тоа, ете едноставно многу жени не сакаат да делат интима со биолошки мажи. Како е ова нарушување на права, а не е желбата на жените да се осеќаат удобно. Не можи едни права да се бараат за сметка на други.
Јас не ти реков да одиш во машки простории, но ти бараш ексклузивни права да влезеш во женски простории. Јас ти давам солуција, но тебе не ти е доволна. Тогаш чии права ќе бидат осакатени? Моите или твоите?
Да, просториите лесно можат да се искористат за напади на жени. Тука има само еден единствен проблем, скоро па никој не е транс за да напаѓа жени во тоалет.
Како очекуваш ова да го сфати некој што никогаш во животот не искусил дискриминација на база на нетипичен хетеронормативен родов идентитет или сексуална ориентација? Мозокот си го програмираат сами, да размислува исклучиво на нивните привилегии, гајле им е за туѓите животи.
Не ми се верува како ги сфаќаш работите. Значи, не викам дека транс луѓе би напаѓале туку цис луѓе манијаци што ќе си имаат слобода да си влегуваат кај сакаат.
Da, lesno moze da se iskoristat za napad. Nikoj ne dava garancija deka vsusnost toa lice ne e trans zena tuku e maz koj ima drugi nameri.
А што тоа ги спречува моментално цис манијаците да напаѓаат жени во женски тоалет? Редари имате пред тоалетите и бараат извод на родените за да видат биолошки пол, а јас не сум ги видел?
Доктори кои знаат како да се справуваат со трансрдовите лица и имаат искуство за транзиција на истите. Доктори кои знаат за хормонска терапија и доктори кои овозможуваат операции. Кај нас буквално докторите немаат појма за трансродовите лица, и те гледаат чудно (+ ти даваат погрешни лекови често), и ако сакаш да се правеш операција - НЕМА доктори кои прават таква операција. И да не заборавам, родителите тука не те прифаќаат па си на ризик да си исфрлена од дома или да те носат на конверзиона терапија. Тука системот за транзиција на транс лицата е КАТАСТРФОРА. Многу транс лица купуваат лекови преку интернет заради што тука нема достапност.
Колку што тебе ти е гајле за мојот, толку и мене за твојот. Убаво си пиша во минатите постови, ќе патиме, на сметка на вас. Какви сакаш епитети лепи ми, факт е дека и ти не си арен со размислувањето.
Искрено, време е ваквите ко тебе да пропатат малце, барем една тронка да искусат од тоа што ЛГБТ луѓето го доживуваат од вакви како тебе. Зошто ме цитираш упорно, побогу?
Ама маж никогаш нема да сфати како е да се чувствуваш небезбедно само заради фактот што си жена, џабе објаснуваш. Бидејќи ние жените воопшто не сме дискриминирани врз база на пол. Бараме простории каде би се осеќале удобно и безбедно и ни тоа очигледно не го заслужуваме.
Моментално колку толку има некаква поделба и не е до тооолку лесно за манијаци, ако е сѐ хаос, особено во поголеми места каде што се движат многу повеќе најразлични луѓе или во понебезбедни средини, нема да биде баш исто како сега. На крајот, едноставно е.Ние жените сме мнозинство и не може туку така да ни се брише гласот и нашите барања.
Можеби си во право, не велам не.. Туку, дали ти како жена сфаќаш дали транс мажите/жените се чувствуваат небезбедно 73 пати повеќе од вас, биолошките жени?
Сфаќам нормално. Не ги гледам нив како нешто помалку од мене. Решението го гледам во тоа секој да има простор каде ќе се чувствува безбедно и комфорно. Ама ко средина не сме уште стигнати дотаму.