Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Ко ќе настрадаш од интимен партнер, злосторство од страст се викаше едно време. Ситуација да ти дојде некој од нигде никаде и да те убие е страшно ретка, значи мора да има некој нерасчистени односи меѓу извршителот и жртвата.
    64% од фемицидите се имаат случено од интимен партнер или близок член во фамилија. 2500 жени се жртви на фемицид во Европа во 2021, Македонија ја нема во овие бројки јер нема официјална статистика.
    upload_2023-7-7_19-23-31.png
    Жално, ама нема никаква врска со трансфобија. А тој, убиецот, повеќе од јасно дека не му се сите на број:worried:. Не дека немало сигнали и претходно.
    Не влегувајте, и особено не останувајте во насилни врски, без оглед на пол, род, сексуална определба-само тоа може да кажам.
     
    На Directioner005, Yowannty, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    M? Не. Насилен маж ќе не' тепа зашто е мизогинист, само зашто го привлекуваат жени не значи и дека не' почитува и искрено сака. Таа е аналогијата, не ова ти што викаш.

    А и да не е тоа причината за убиствово, во линкот што првично го споделив пишуваше за луѓе што ги искинале знамињата и цвеќињата. Тоа ако не е врв на омраза, не знам што е.
     
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    само да разликувате плс убиство (пр пукање, тепачка со смрт, едно др) со сецкање
    пошо сторителите не им се на исто ниво најчесто во главите
    не знам какви споредби праите
    овој ја земал ја исецкал
    и се убедувате дали е трансфоб
    кој трансФОБ ќе иде со ТРАНС жена?
    као ја да кажам мрзам цигани, ама идам со Ромче -.-
    ок

    гарант не е убиена пошо е она транс, а он хомофоб
    дечкото бил наркоман, алкос, насилник, ја ИСЕЦКАЛ шо ви е на вас


    мене овојпат, место ко шо се тепам да го заколат сторителот итн, ме занима зашо никојј не ѝ помогнал? Пред сѐ нејзините. Сите сѐ знаеле, и каков е, и шо праи, и нејзе шо ѝ праи и сите си ќутеле. Зашто????
    дали сеа им е мирно на душата? као се осеќаат сеа?
     
    На dea.18, Cvekarka и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Затоа што, Феминке, ко ќе пишам деца се на 18, одма увреѓени колешките, на 18 човек возрасен бил.
    Затоа што, пубертет е страшна работа.
    Затоа што, кој влегува во насилна врска или кој останува во таква?
    Затоа што, ќе бидеме модерни, про-транс и све, а кај е психолошката помош тука?
    Затоа што комшиите си гледаат секој своја работа.
    Затоа што родителите се немоќни:(
     
    На Kaja991, LiquidLuna, Aнонимус_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    И јас бев тинејџерка
    И јас сум имала работа со мрднати, ама сум знаела и да писнам и да извадам рогови.
    Мене не ме тепаа ама ни психичка малтретажа не е шала.
    Неколку пати после ја го затепав. И не мј текна више да ме бара.
    Ама они не сфаќаат шо праат шо е најлошо. Ја сум пробувала да укапирам што е со таквите луѓе.
    ама овој Огњен е некст левел.. ова више не е ни психопат, социопат е веќе. Само вечна агонија за вакви. Како лекција за други. Треба ко порано шо ги беселе на плоштад наопачки. За екстремни случаи, педофили, силувачи едно др***
    За пример на другите
    Ова не е нормално бе.
    А да сносат одговорност и тие што не ја заштитиле.
    И јас сум била бунтовна, и шо не праев за љубов глупава, ама да сум заглавела сериозно. Мислам дека моите би реагирале и те како. Нема да прифатат прво да сум во врска со таков човек, не па да живеам со него, уште па на 18 год.
    Тогаш ќе си седам дома ко попче фала Богу. Ама ако се карам пример за него, ќе ме исфрлат нормално. Ќе се наљутат.
    Ама да знаат дека ме тепа пак ќе напраат нешто.

    Не може така чоек. Еве мое дете да беше. Мое дете да е?
    Него одма го пријавувам. Си го зиам детето со полиција… да не продужувам да не пишувам што би било кога би било
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Да, сигурно е поради тоа што родителите биле "модерни" и "про транс". Натпреварот кој поголема глупост ќе напише може да почне. Да добиела психолошка помош немаше да биде у врска со овој и немаше да ја убие, како не и текнало порано ова..
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    И натпреварот по глупо читање исто така.
    Како успеа родителите да ги споиш, со муабет две реченици т.е. два пасоси погоре?

    Прашав кај е психолошката помош за луѓе што влегуваат во автодеструкција? Или баш ве заболе за тоа, шо има везе, секс, дрога, насиље, све е тоа ок?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Нејзината трансродовост е автодеструкција? Ако не е, зошто е спомнато тоа?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Затоа што да имаш дечко/девојка/ ватевр со кој си во насилна врска, кајшто има дрога и којзнае што вклучено, мене ми личи како автодеструкција. Не знам што друго е автодеструкција.
    Еве, @Angie1432 може и за груминг да објасни, прилично жестока е по темите кога разликата е 17-21 година. Овде не знам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Чекај што, како тоа што некогаш некаде сум пишувала за разлика во години е поврзано со темава и сум повикана да објаснам? :^):D
     
  11. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Не е битно дали жртвата е "тој" или "таа", битно е дека убиецот е маж... Доста е веќе при убиства да се концентрираме на жртвите, па фемицид, трансфемицид, и милион дефиниции за истата работа: машко убиство. За џабе ја разбоднуваме ситуацијата. Факт е дека мажите ги убиваат своите партнери. Впрочем, 90% од убиствата на светско ниво се извршени од мажи. Оти не го ставаме фокусот на извршителот на злосторството туку на жртвата?
    Зошто не зборуваме за машко убиство и машко насилство, кога 90% од убиствата во цел свет ги направиле мажи? И најголем дел од транс жените се убиени од нивни сексуални партнери. Трансфобија или не, дали ќе зборуваме за тој или таа, факт е дека убиецот е ТОЈ, дека убиецот ќе биде ТОЈ во 90% од случаите.
     
    На Srckata28 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Од збор до збор точен текст, морав да споделам. Живи били па видјели што ни носи иднината.
    trjkvcnkl-11-07-2023-0001.jpg
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Шо мислите за изборот на мис Холандија?
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Мислиме дека ќе победи на светскиот избор.
    Има ли негде кладилница за вакви работи? Во живот не сум се кладела, ама на ова би.
     
    На Directioner005, LiquidLuna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Која мизерија, какво непочитување на човекови права.
    Па и македончињава се воодушевуваат на вакви нецивилизирани држави и закони, не ми се верува. А на крај, и покрај восхитот за Русија 0% од нив заминуваат во Русија да работат и да живеат, а 100% од нив заминуваат на западот против кој лаат нонстоп.


    Screenshot_1.jpg
     
    На Srckata28, Bezimenka90 и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    Па затоа Русија е таму кај што е. Виша сила . Али како и да е, секој нека си прави ко што сака. Тој што сака да смени пол нека си иде на запад.
     
    На carangigia и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    Ова не треба да не чуди, знаеме уште со времето дека имаат проблем со целата геј заедница и поопширно ништо ново.

    Некои одат чекор напред некои 2 назад за жал.
     
    На Bezimenka90 и staycalm им се допаѓа ова.
  19. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.426
    Пол:
    Женски
    Зошто мизерија?
    Тие од Русија нека се преселат на запад и нека си сменат пол ако им е толку важно.
    Не ја разбирам потребата за менување на пол. Зарем не се сакаат такави кави што се? Треба да се сакаш и почитуваш таков каков што си се родил, да бидеш горд на себе.
    Точно е дека треба да се почитуваат сите луѓе, нивните одлуки, но понекогаш премногу бареме.

    Секој си знае за себе, ама мене ми е непотребно и обична глупост менувањето на полот.
     
    На carangigia, MyMala и Misskirova им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Малце касно сфаќам ама да, различно е кај мажи што тепаат жени и овој.
    Маж дејта жени зашто таква му е сексуалната ориентација, нели стрејт. Значи мрази жени, ама стрејт е, што нели не се менува.
    Кај некој што дејта некој транс, тоа не е сексуална ориентација, има повеќе избор.
    Стрејт маж само жени ќе дејта. А нема определба која те ограничува транс да дејташ.
    Не е ова ни оправдување ни нешто близу тоа, само кажувам дека не е иста паралелата.

    *******
    А општо на темава, више досадни сте со тоа дека транс жените не се предатори.
    Кажете како да ги разликуваме арните од лошите па ќе прајме муабет