Мене ова ми е омилено, кога хетеро луѓе тврдат дека ЛГБ заедницата се отцепува од Т. Не бе злато, ЛГБ заедницата не се 10 ЛГБ ултра десничарски инфлуенсери. Нејсе, не се отцепува, на голема ваша жалост.
Буквално е Gays against groomers, и како што и објаснуваат во видеото имаат припадници и од лево и од десно. Она што радикалната far-left левица како што и они ја нарекуваат покушава да ги дефинира како far - right не значи и менува буквално ништо. Јас не покушавам ништо да ти докажувам, ти си ми скроз небитен, јас само поставив видео каде они се објаснуваат кои се и за шо се залагаат. Другото како и секогаш ти сам си го докажуваш за тебе. Ајт.
Не знам дали се отцепува ама свака част за лгб лица што размислуваат со своја глава дека не мора и сите глупости до една на транс движењето да ги поддржуваат само зашто спаѓаат под ист акроним.
Дали се лево или десно нивно си е, не на радикалците да посочуваат, се фиксираат и им сервираат, неј диктираат само едно како можна опција. Она што е најбитно и што е видливо е што геј се. Ако ништо друго бар транс радикалците му прават услуга на општеството, на крај и оние што беа против нив(геј заедницата) ќе се сега со нив. #loveislove
Ова на сон само, нека се тешат дотичните ЛГБ дека уживаат поддршка. Не сте вие прифатливи ни кон геј заедницата, едноставно ја мразите транс заедницата многу повеќе, па другиве сме ви останати во позадина, да се изборите против "поголемото зло" па ќе дојдеме и ние на ред. Збогум.
Не се тешат, постои нешто што се вика реалност и почитување на различните од тебе, дури и кога не се согласуваш со некои од тие различности, без потреба од омраза, за радикалците непознат поим, а радикалците буквално натаму ја тераат работава. Нешто као хуманизација ќе му дојде, и искрено убаво е за гледање. И не сум јас меѓу тие што ги мразат ни геј луѓето, ни транс луѓето, џабе пробуваш да ме сместиш во таа категорија, збори повоторно за себе исклучиво со вакво гледиште. И заедничкото '' зло" што го спомнуваш е само заштитата на децата. Збогум indeed. https://www.youtube.com/shorts/Ei02IV7oQzc
https://cass.independent-review.uk/home/publications/final-report/ Еве нешто ново и интересно. Dr Hilary Cass has submitted her final report and recommendations to NHS England in her role as Chair of the Independent Review of gender identity services for children and young people. The Review was commissioned by NHS England to make recommendations on how to improve NHS gender identity services, and ensure that children and young people who are questioning their gender identity or experiencing gender dysphoria receive a high standard of care, that meets their needs, is safe, holistic and effective. Друго што вика во извештајот е дека нема доволно податоци за бетаблокерите кои се користат од рана возраст. The use of masculinising / feminising hormones in those under the age of 18 also presents many unknowns, despite their longstanding use in the adult transgender population. The lack of long-term follow-up data on those commencing treatment at an earlier age means we have inadequate information about the range of outcomes for this group. И, се разбира, женската популација е многу повеќе погодена, во контекст на проблеми со сликата за себе, своето тело, многу повеќе девојчиња се со body dismorphia, понесреќни се, сѐ што е во негативен контекст повеќе се јавува кај нив. Ужасно. Исто интересно е што повеќето информации ги добиваат од инфлуенсери, наместо од медицински установи, извори... И не може да се утврди технички кој е навистина за транзиција, кој ќе биде несреќен со транзицијата...
@Srckata28 мислам дека е ова најсоодветна тема. Од активно поддржување на лгб(т) - јавно зборување; одење на парада; итн. се повлеков кон неутралност кога дојде на ред + (плусот). Според мене, л, г и б се сексуални ориентации кои немаат допирна точка со општествени правила и норми. Натаму, т.е. делумно транс (кај нив се повлеков кога решија дека ќе тераат политика на истоветност меѓу биолошка и транс жена), се работи кои се многу повеќе општествено поврзани отколку нешто што природно се случува. Измислување на родови и заменки не го сметам за нешто што било кој треба да го прави, па ни јас. И понатаму апсолутно поддржувам геј бракови, посвојување на деца, закони против дискриминација на оваа заедница, но се' додека истите не се дистанцираат јавно од лудостите на транс подгрупата, не можам и не сакам да го поддржам целото движење. Веќе постојат фракции и евентуално и ќе дојде до поделба, барем луѓето кои ги познавам лично и се дел од заедницата имаат доста слични ставови на темите родови и плус, пратам онлајн дебати и подкасти, па очекувам во не така далечна иднина и поделба во целото движење, јавно. Тогаш пак ќе можам искрено и со мирна совест да ги поддржувам оние кои впрочем и ги поддржувам цел живот.
Таква поделба нема да се случи. Можеби ви остава таков впечаток што следите групи и информации кои ви ги потврдуваат мислењата, ама тоа е далеку од реалноста. Супер е што прифаќањето на транс жените и genderqueer личностите станува и се' повеќе поддржано од модерниот феминизам. Бидејќи тој отпор кон еднакви права за жените и за ЛГБТ луѓето сепак доаѓа од исто место, од патријархатот. Не гледам никаква шанса за поделба во скоро време.
Абе сите у феминизам сакаат. И транс жени и транс мажи и геј и црнци и малцинства и ванезмјани и макроа и све бе. И педофили...
Кажи им. Права феминистка нема да прифати некој со патлак шо му виси да се изедначува со неа. Модерниот феминизам нема допирна точка со вистинскиот феминизам.
Ова ме интересираше. Пошто ме збуни за момент, мислев дека готово сега си против ЛГБТ скроз, кога почна и за религија да збориш, хаха. Инаку се согласувам скоро скроз со твоите мислења во врска со Т-то, само што јас сум помлада па така геј луѓето кои ги познавам и со кои се дружам, мислам дека уште не се доволно зрели да убаво помислат за оваа тематика, иако ни они не спаѓаат во прелибералната група на ЛГБ особи. Комплицирана ми е оваа тематика, затоа што заедницата е веќе многу позната како ЛГБТ, и не познавам начин како да дадам поддршка за работите кои треба, без да се мешаат други работи. Од друга страна, па постојат милион различни размислувања во склоп на ЛГБТ заедницата, нема некоја заедничка агенда јас би рекла - постојат луѓе што живеат во свет на neopronouns, пансексуалност, омнисексуалност (боже сачувај), постојат луѓе што уште мислат дека асексуалност спаѓа во ЛГБТ, постојат ЛГБ луѓе што не ги поддржуваат транс луѓето и така. Сите тие да излезат на парада, а изглегуваат, парадираат за различни ствари јас би рекла. Јас немам до сега излезено на парада, сум поддржувала, сега и за паради почнав да имам неутрално мислење --- ама неутрално во смисла треба да прочитам повеќе различни размислувања за да се одлучам што е поправилно во мои очи, не сум одлучна дека сум против паради дефинитивно.
Немам проблем со парадите никаков, во својата суштина се протести за видливост и права. Барем тоа беа, не сум била од пред короната па не знам. И да, тешко е да се раздвојат, затоа и на крај заземав неутрален став, не можам да прифатам неприфатливи работи, а каде што сум прашана и каде што е од значење моето мислење, го образложувам.
Да бе, ти повеќе си геј од другарите мои геј, зошто тебе да те слушам, а не нив? Другаркиве лезбејки еве речиси сите ги имаат истиве ставови, зошто да не им верувам? На УТ пратам транс жена што нема проблем да каже дека е транс жена и не навлегува во лудорииве, ако не заборавам ќе ставам линк. Често прави поткасти со други транс лица, ама нели според тебе, тие беа оние "јебига" што нема чаре за нив.
Сте ја спомнувале таа класификација овде неколку пати, ама според неа (најновата 11-та ревизија, а не 10-та) трансродовоста НЕ се смета како ментално растројство. И тоа е вистинскиот крај на таа прича.