И уште силни, основна биологија не знаат. Се тепаат дека пол и род било скроз различно, полот бил неменлив ама родот бил менлив.... а ваму им се шибаат со патлаци на жените во спортот... каде патем делбата е по ПОЛ, а не по род. И уште не можат да се решат дали се женски пол, дали се женски род... на моменти тоа се различни работи, ама кога им одговара, пример во спорт, јавно ВЦ и сл поделби по пол, тогаш и женски ПОЛ се.... греој!
Загреота Ја баш ги поистоветувам. Пример бидејќи сум женски пол, ми се обраќате со женски род. Не може женски пол, машки род.. ама иди објасни им. А сѐ полошо ќе е. Ја секако моите деца ќе си ги учам процедурално. Два пола=два рода.
Обеј секако би го нормализирал тоа како и се друго. Ќе почнат нели да лаат или мјаукаат и сосема у ред ќе биде тоа за него. Животински род ќе си бидат и така сите среќни и весели. Па ќе мора соодветни услови и за животните на две нозе да се напраат, ќе се прилагодиме сите полека.. Во очекување сме на нова додавка во групата LGBTQIA2S+ ... @RespectAndObey има ли веќе соодветен официјален збор за новава дијагноза? Верувам има, умни сте си вие, само чекате погоден момент коа би го имплементирале. Сачувај Боже бре за што дојде денот да се дискутира.
Во Америка веќе го нормализираат, на Редит читав. Ученици со опашки, уши направени, не знам што, оделе на училиште оти ко некои животни се осеќале, не знам кој како... терианс ли беа.... многу термини се... се идентификувале ко терианс... па мајката прашуваше како да се справи на еден пост. На училиште мора да ги примаат такви како животнио маскирани, оти нели, правата на тинејџерите да се осеќаат како лисици итн!!!!
Дечково што се обидува да се објасни ги нема баш најдобрите аргументации (а богами има вишок нерви), ама вакво хиенско закачување 10 на една особа како на темава е 101 класично однесување на конзервативци на интернет. Бедно и жално. Нејсе, светот се менува и прогресира, вие си тапкате во место. Дали ќе се закачите на личност што не се вклопува во вашата трансфобна идеологија е ирелевантно за големата слика. Womp womp.
,,Therian” is short for “therianthrope”. It means a person who identifies integrally as a nonhuman being, such as a wolf, polar bear. A therian identifies as a species of non-human animal on every level except physical. They often engage in their animal identity’s behaviors. You may be a therian if you notice yourself shifting (getting impulses to behave as a non-human animal) or if you remember a past life as a specific animal. There are other unique types of therians, such as polytherians (who identify as multiple species) and paleotherians (who identify as extinct animals Мајко мила Исусе Христе и сите светци.
Како беше она мемено, во 2024 ќе имаме летечки коли, а што навистина има во 2024. Инаку веќе го има тоа со лаење и мјаукање, баш имаше на рилс гледав протест ние овде назад сме. Постои нешто што се вика родова дисфорија, и тоа не е нормална состојба. Од друга страна ми се чини дека многу од транс личностите се транс бидејќи се идентификуваат со општествено наметнатите одлики на другиот пол. А не дека се осеќаат така. Не можиш да се осеќаш ко маж или ко жена ако не си се родил ко таков. Не постојат ни повеќе од два пола, рода, како сакаш кажи. Ни самите тие не знаат да ги дефинираат другите „идентитети“. Растројство е, не е нормална појава. Ако некој толку сака да му се обраќам со специфични заменки, sure I can do that ако го прави да се осеќа подобро, мене ништо не ме кошта. Ама дека ќе ги хранам делузиите, нема.
Едно нешто нека ви биде јасно – не можете да се изјаснувате како поддржувачи на ЛГБТ заедницата во никаква мера доколку не ги поддржувате транс луѓето, ниту пак сте добредојдени на прајд паради. Ова ќе ви го каже секоја квир личност што во некаков облик е инволвирана во социјална правда и активизам, од НВО либерали до антикапиталистички квир особи и колективи. Може некако да ви пројде логиката кај либералите, кои иако номинално се транс-инклузивни, парадите ги третираат како отворени журки и простор за реклама на политичари. Но не и кај нас другиве што уствари сме запознаени со интерсекционално феминистичка литература и со историјата на прајд. Прајд започнал како ПРОТЕСТ против хиерархиите (особено полициската бруталност) кои ја заштитуваат доминацијата на „нормалното“ и традиционалното. Транс луѓето (особено транс жените) отсекогаш биле во првите редови во таа револуционерна слика, никаков прогрес не би бил можен без нив. Така да, блујте омраза и морална паника колку сакате, ама барем не обидувајте се да зачувате имиџ на прогресивизам, пошто реално сте го изгубиле во моментот кога сте почнале да се согласувате со брадестите христофашисти од МПЦ во врска со квир прашања. Да се раздели ЛГБ од Т+ е можно исто колку што е можно да пресечете цела боја од виножитото и пак да го нарекувате виножито. Родовиот идентитет и сексуалноста се тесно испреплетени, најголем дел од транс луѓето се и лезбејки, геј или би. И сите аргументи, целата демонизирачка пропаганда против транс луѓето е чиста копија на хомофобичните аргументи што биле мејнстрим пред една деценија (ма да кај нас реално сѐ уште се мејнстрим и за геј луѓето). Јас сум цис би жена и интерсекционална aнaрхoфeминисткa, на англиски дури и користам she/they заменки. Зошто? Зашто ми се може. Мислите дека барам внимание и дека е edgy фаза? Не може помалку да ми е гајле, терам уште некоја година накај 30ка и сѐ поубедена сум во својот политички развој. Жена не ме прави ниту матката, чијашто типично *женска* функција (бременост) попрво би се убила отколку да ја извршам, ниту хромозомите – туку позицијата која ја заземам во општеството и личната самоопределба. И патем еве ви една студија што докажува дека статистички многу повеќе луѓе се каат што раѓале („нормална“ одлука што всушност општеството ни ја наметнува) отколку за промена на пол: https://www.thepinknews.com/2024/05/01/transition-regret-detransitioners/ Нема простор за дебата во врска со правото на автентично постоење и безбедноста на најранливата подгрупа ЛГБТ луѓе. Исто како што хомофобијата, расизмот, ксенофобијата се неприфатливи bigotries. Така што не се мачете да ме цитирате, ниту ќе видам, а уште помалку ќе одговорам. Ова го пишувам единствено за македонските транс лица што можеби читаат овде и се осеќаат како freaks of nature, со надеж дека во морето одвратни и игнорантни коментари ќе најдат барем еден принципиелен и непоколеблив сојузник што не паѓа на конзервативни пропаганди. Ако ве има такви, ве сакам и не сте сами
Да де, има, него сакаат и се трудат од петни жили да се рашири сегде. Еве, не „едуцира“ со години и труби дека не е нарушување, со аргументи, со факти со сФе. Хартија трпи сФе нели? Што е тешко денес нормалното да се побие, ненормалното да се смета за апсолутна вистина? ! Супер. Кул зборче. Туку како би се вклопило сеа тука, ќе се меша со ознаката за трансџите. Ќе мора алтернатива некоја да смислат.
Ја па умрев од одење на паради на 40+ и може да иде кој сака. Ја и да идам, ќе идам да поддржам: геј луѓе и лезбејки. Точка. Они бар шират љубов. И знаат шо сакаат. Овие третив се од неврзаните Ќе се објаснуваме еј при физички факти, дека има поише од два пола. Ако ви речам дека се дрогирате, ќе се налутите.
Да бидеме реални, никој од овие не би стапнал на било каков настан поврзан со ЛГБТИ луѓе, камо ли на прајд. Тие што биле поддржувачи некогаш, се изјаснија дека поддршката за ЛГБ и е на пауза. Повеќето од другиве пак што велат „немам ништо против геј, ама транс..“, у принцип лажат, хомофобијата не е во мода сега, па ставот го задржуваат за себе. Taкашто, првиот параграф мислам ич не ги тангира присутните на темава... Другово, полн погодок. Баш сакав истото да го напишам прееска, дека во минатото на запад ЛГБ луѓето биле баш она што денес се транс. Демонизирани, со ускратени права, со аргументи што не држат вода, на пример дека ако дадат права на геј луѓето, ќе треба да дадат и на педофили и силувачи, што е нонсенс ама до душа и ден денес некои го делат истиов став иако се докажа како погрешен. Е па, истото е со транс луѓето сега. Новата мета на конзервативците. Низ историјата се покажа дека отсекогаш бирале покревки луѓе за изживување и покажување супериорност, особено за тие што не се вклопуваат во herd mentality или на било кој начин се издвојуваат од хетеронормативната норма.
A diagnosis for gender dysphoria is included in the Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders (DSM-5)
И ја се осеќам као машко понекад и сум би. Какви права да барам од општеството и како правилно треба да ми се обраќаат? сакам сите на мене да се прилагодат!
прашај кој сакаш ова беше само потврда дека секој шо ќе ве праша вакво прашање, не одговарате конкретно, туку сте цинични и одбегнувате да одговорите пошо не знаете да дефинирате