Што е биолошка жена, еве дефинирај ми ти. Инаку транс жена е биолошки маж кој родово се чувствува како жена и сака да биде перцепиран како жена, во социјална смисла на терминот жена, не во биолошка смисла на терминот жена.
Па целото општество е отидено у џавола. Не може општеството да прифати нешто шо не постои. Шо е најтажно и кога гуглаш ти искачаат 200 рода.
Кој забегува? Порано се учело дека полот и родот се поврзани. Пол маж и пол жена. Со род се означуваа социјалните карактеристики и социјалните улоги на тие два пола.
OK, Тогаш на страна биолошките карактеристики, што е друго што би ве прави да се осеќате како жени? Ете нема цицки, нема матка, има пенис.... рековме... кој е моментот да се осеќа еден маж како жена? Оти јас ко чоек се осеќам, хомо сапиенс...
Ја ти кажав што е жена. Ти скокаш Жена е човечко битие, кое од органи за репродукција има: матка, вагина, јајници, и може да носи дете. енде
Нема никогаш да биди перцепиран како жена, барем не од моја страна. Оти не е жена и никогаш нема да биди. И јас се осеќам како мачка, излеа треба на ветеринар да одам ко ќе имам здравствен проблем. Свашта.
Човек кој е роден со ХХ хромозоми е жена. Толку. Како ќе објасниш „се чувствува како жена“? Сакал да биде роден ко жена, сака да има гради, матка, да раѓа, да носи фустани, што? За оние кои посакуваат да се родени ко спротивниот пол има нешто што се вика родова дисфорија. И тоа треба да се третира. Општеството има прифатено одредени одлики за мажи а одредени за жени. Ако се идентификуваш со другите не значи дека сакаш да си маж/жена, туку не сакаш да си ограничен на тоа што се очекува од тебе.
Жена со аномалии.... што е нејасно... Ако се родиш со 6 прсти на ногата што си? Вонземјанин, или човек со аномалија?
Не постои такво нешто. Или се интерсекс, или со др аномалии. Грешка на природата ги викавме порано Rod je društveni konstrukt „muškosti“ i „ženskosti“. U društvu često biva poistovećen sa polom, iz razloga što je rodni identitet velikog broja osoba podudaran sa polom pripisanim pri rođenj
ај да ви вратам на сите групно. Не се замарам со тоа што праат они се додека не ме афектира мене и моите цели. Возрасни луѓе се, ако сакаат хормони и остали ствари, мене тоа ништо не ми менува, нека си зимаат.
Еве да се потсетиме како изгледаше маршот за трансродовите лица: Изгледаат на лица кои се заостанати во развој (куклички и мечиња во рацете), облечени во детска облека. Она што од друга перспектива го гледам, можноста намерно да се носат мечиња и да висат транспаренти со ликови од цртани филмови со цел поблиску и повеќе да им се влијае на децата.
Не? Едното е психолошко, другото органско. Тоа е основна разлика, да не зборуваме за друго. Погрешен пример имаш одбрано. Не знам што си сакал да кажеш, ама па испаѓа дека таа родова дисфорија не постои и им ја зацврстуваш идејата на другиве дека луѓето си сечат органи од чиста мира.
Самото тоа што активисти од антиродовите движења успеаа да ги притиснат ММСА да го откажат настанот поврзан со трансродовите луѓе и да објават јавно извинување, покажува колку транс идеологија во Македонија не постои а транс луѓето се демонизирани.
Macedonian Medical Students' Association, студентска организација на Медицински факултет, имаја закажано предавање за транзицијата на полот со проф. Туџарова и некој активист , па после го откажаја
Родот е општествен конструкт кој што се базира врз што? Чувствата на поединецот? Па затоа моментално има 120+ родови а може да оди до бесконечно многу родови циркус edit 107* https://www.sexualdiversity.org/edu/1111.php
Ај пак, додатно со пост Евровизиска еуфорија, можда овој пат и стигне одговор, евентуално се мрдне дискусијата од мртва точка. И академската фела може да се вклучи кога сака, нека не се срами, или преспива.
Мене ми е загрижувачки што некои овдека не се воопшто отворени кон било каква дискусија во врска со транс лица. Да, разбирам дека не е некоја атмосфера за продуктивна дискусија, затоа што одредени луѓе се дојдени само да пишуваат одвратни работи во врска со други живи битија, но радикални и затворени ставови нема никаде да ве однесат во животот. Темава е доказ дека низ годините ми се менувале ставовите, зад секој став што сум го оформила, претходило истражување и собирање информации. Не се еден ден разбудив и одлучив дека заменки ми немаат смисла или дека одеднаш транс луѓе ми сметаат. Јас навистина сметам дека има место за секого на планетава, но не значи дека не смеам да имам одредени ставови. Прво, секој што мисли дека род не е социјален конструкт, препорачувам да го понављате тоа прво одделение на кое се навраќате, затоа што тоа е факт. Не постои само биологија, постојат и општествени науки, а и чиста логика. И не, не мислам на небинарност, мислам на маж и жена како РОД, тоа се некои општествени правила, норми, определувања, кои секогаш ќе постојат до одредена мера. Она што е интересно во врска со родот е што се менува со текот на времето, да си жена, маж има различни дефиниции денес и пред Х години... Од тоа, мене заклучокот ми е дека родот НЕ постои за сите нас, а не дека некои се трет род. Апсолутно сметам дека секој треба и може да се изразува како што си сака, на сите спектруми на женственост и мажественост, но мислам дека една зрела особа може да каже океј, јас обожавам да се изразувам вака, но сепак сум роден како маж. Неколку пати имам кажано во темава, да е поприфатено секој да се облекува и изразува како сака, мислам дека пропорционално ќе се намали телесната дисфорија што ја осеќаат луѓето. Друга поента. За транс жените нема место во феминизмот. Нивниот проблем е различен, битката не е иста. Точка. Имам видено многу океј транс жени, кои навистина си го живеат нивното и тоа е супер, но луѓе, во последно време сум сведок на цел community на транс жени кои едноставно се пикаат во дискусии каде што не им е местото, се очај за внимание спакувано во особа и некои јавно си велат дека немаат транс дисфорија. Тоа ми всушност беше клучниот момент да ставам прст на глава и да кажам, чекај, нешто не штима. Не може да не постои некое објаснување што толкав број на особи кои што се идентификуваат како транс, се во исто време најхистерични жртви на светот. Sorry not sorry. Трета поента. Заменки немаат смисла пошто,, зошто да бидеме опседнати со заменки кои луѓето обично би ги користеле кога не ни се обраќаат лично на нас???? Заменки кои имаат смисла само во англиски? Не приметувате колку е американизиран тој концепт? Четврта поента. Ум. Со агресија нема никого да научите нешто ново. Научете се да дискутирате.
Заменки-интересен аспект. Кога за мене ќе зборите, во вакво трето лице да зборите. Не дека нема заменки во другите јазици, иако на пример има јазици без родови (финскиот на пример, го имам објаснувано ова претходно ). Е сега, јас тебе ти зборам оти си Ти, ама на Феминка И/МУ реков. Врло битно мислам, особено ако сме од Битола. Уствари имаше нешто као дијагноза, кога на времето Бучко збореше за себе во трето лице, можда па и тоа има врска или и тој е од спектарот. Me their royal highness Особата Немо стигнала/стигнале на аеродромот. Особата Лазања исто стигнал, ама и тој со тоа мјау може е од спектарот, само како ли беше тоа со идентификување со мачка И едното и другото нема врска со темава, нова тема ќе да треба, по една за секој род, вид и жанр најарно