Транс лице у Битола, тек Гостивар, Тетово кај шо е сѐ машки род.. ау мислам депресија ќе ги фати Ќе го мењаат дијалектот
Најголемиот кошмар. Особено на американцине на кои прв и единствен јазик им е англиски, би сакале да ги канселираат сите други јазици каде што се менуваат именките и заменките по род и падеж.
Па во македонскиот јазик, за разлика од англискиот кога се обраќаме меѓусебно го нагласуваме и родот...глаголите во одредено време и придавките се менуваат односно имаат наставки за род.
Добро, убава си...т.е во право си. Аспектот на заменки живее само во англискиот јер само заменки имаат, со другите јазици е невиден калабак и тоа го имам објаснувано некогаш, ме мрзи пак
Забега светот скроз. Неам ништо против да си се декларира секој како сака ете на пример има по америка се декларираат дека се звучници или шо ти знам кола по род , Не ми пречи кој каков сака да си биди ама по дома, и да не наметнува мислење дека и некој друг треба да биде како него, особено би ја забранил оваа тема кај малолетници. Дома биди си геј, трансгендер, звучник или куче не ме интересира но кога ќе излезеш на јавно место ќе си бидеш човек како и сите други и како шо јас поштувам и не се мешам и не ме интересира што си ти така и ти ќе поштуваш и нема да наметнуваш свое мислење. Сметам дека проблемот не е што ги има или ги осудуваат туку главниот проблем е наметнувањето на истото од нивна страна.
Би сакала, но ако се водиш според разум, наспроти западната наметната лудост, ќе сфатиш дека не можеш да прифатиш возрасен маж кој се чувствува како малолетно девојче. Да, тешко ми е да прифатам. Би дозволил ти ќерка ти да се дружи со 40+ маж кој се чувствува како нејзин врсник? Твојата афирмација само би дало дупла афирмација зошто никогаш и никаде нема нештото да се прифати како нормално. Бидејќи тогаш е дискриминирачки према педофилите. Врвот на логиката, возрасен маж кој сака да се дружи со малолетни девојчиња е педофил, ама возрасна транс жена која се чувствува како малолетно девојче не се смета за педофилија. Па кој тоа нам не јебе?!
Св. Николе за сами себе не зборат во прво лице еднина Викаат "јас беше". А најчесто само "беше". Кој беше?....
Исклучи ги геј од приказнава, пошто исто звучи: биди си стрејт дома, надвор да си ќутиш. Не постои разлика меѓу стрејт и геј човек, ниту треба да се прашуваме дали е ок некој надвор од дома да е геј. Треба, ако е геј, геј е, ако е стрејт, стрејт е. Врска нема хомосексуалноста со темава, за жал самите хомосексуалци дозволија да бидат во група со луѓе што се идентификуваат како свашта.
Ги ставам у ист кош ради причина што истата кауза ја имаат и тие, ок е човече биди си геј мислам шо е тука спорно земи си стан куќа живеј си како ти одговара, шо се прае толку фама од тоа не ми е јасно. Не ми е сватливо промовирање паради и се останато, посебно перењето на мозок кај малолетни и ставање во заблуда. Ко новост да е па вчера испаднаа геј луѓето. У ред е сваќам, си нашол разбирање кај ист пол и сакаш да си живееш со него не го сваќам наметнувањето. Деца, е нема деца јебига, природата е таква има судир по ова прашање и дискутабилно е, ама пак многу наметлива политика е и тоа ствара одбивност. Иначе да исто и за стрејт, биди си дома, на улица на јавно или на работно место си човек, срејт, геј, трансгендер или пепељара не е важно.
Се прае фама зашто ти можеш жена ти да ја ставиш на твое здравствено, можеш да живееш невенчано и после година дена на иста адреса законски си во вонбрачна заедница, што се третира исто како брачна, сакаш да се ожениш - едноставно е, сакаш да имаш деца - имаш право на посвојување. Жена ти ти е наследник, next of kin, ако немате деца. Во болница ако си без свест или умреш, обично жена ти ќе ја бараат како најблиско семејство, хомосексуалците го немаат тоа право. Непризнавањето на геј заедницата (брачна и вонбрачна) е огромен проблем за тие луѓе што не бараат ништо повеќе од она што јас и ти како стрејт луѓе го имаме. И можеме да се правиме луди дека на работа е ок да си ја спомнеш жената (ако си маж), ама дечкото не баш.
Сето тоа може да се реши законски, немора да е преку брак пример со изјава на нотар дека двајцата се партнери и доколку на едниот му се случи нешто другиот добива се, исто и со мала измена во законот за здравство. Крај краева немора да бидеш венчан за са бидеш среќен со некој. Е сеа проблемот е околу посвојување деца и е дискутабилен ради тоа шо од една страна не е океј од друга страна е океј ради тоа шо има стрејт луѓе шо никигаш не би требало да имаат деца. Треба само желба и дипломатија а не промоција и наметнување.
Не, туку треба целосно законско и граѓанско признавање на геј бракот, ете толку е едноставно. Нема никаква причина зошто да не можат да посвојуваат, способноста за родителствување нема допирна точка со сексуална ориентација на родителот.
Има многу причини зошто да не можат да посвојуваат меѓутоа бегаме од темата. Иначе да се сложувам за родителствувањето.
Само што никој не го вика ова, возрасни мажи се осеќале ко девојчиња.....добро од кај ги вадите муабетиве? Јас зборев за возрасни мажи кои се чувствуваат како жени? Не знам од каде си ги правите поентиве.
https://www.google.com/amp/s/www.da...ender-woman-Melody-Wiseheart-swim-canada.html Па не дека не беше постирано неколку пати на темава. Муабетот не е изваден, туку сервирана реалност. Дали е ова во ред?
Не е, ама рачунај дека ако земаш еден човек не е репрезентативен за целата заедница. Тоа е исто ко јас да најдам едно свештено лице кое силувало и да речам, абе глејте ги свештенициве све силувачи. Што не е реалноста за таа група.