Па исто беше и со Евровизија… Французинот им одржа лекција за пеење, Марко го обожаваа. И победи неодредениот, шо патем беше облечен ко жена.. контрадикторност
Тоа е најлошо. Што не се слуша што сака мнозинството народ, туку се наметнува што сака малцинството. Биди транс и победи ако заслужуваш. А не заради политика. Затоа и го дочекаа Марко со сите почести, за разлика од мис розеви топуци, што се збраа двајца без тројца.
Точно, не ме засегаат, не сум стручен, ниту знам нешто повеќе, затоа дискутирајте ги вие, јас само пишав за основните човекови права кои ме засегаат, и за кои можам да зборувам. Не се разбирам во мисови, ниту во спорт од натпреварувачки карактер и немам што да дискутирам, јас можам од газ да извадам мислење ама не верувам дека ќе е релевантно во дискурсот, затоа и не го пишувам.
Не, буквално не ти важи за биолошки мажи што се транс жени или небинарни. Имаш поголема статистичка опасност од цис жени во споредба со нив. Ова е натпревар базиран на физички изглед. Ти да не ми кажеше дека не е биолошка жена немаше никогаш да знам. Не гледам зошто мислиш дека не ги исполнува условите оваа жена во споредба со другите натпреварувачи за потребите на ваков натпревар. (И не, не е точно дека можете да приметите одма дали некоја транс жена е биолошки маж. Ова е докажано преку тестови, немате поима кој е што.)
Како и да се идентификува, роден биолошки маж ќе умре биолошки маж, не може да е нешто друго. Статистиката ми важи за сите биолошки мажи, односно сите родени со XY хромозоми. Друг тип на биолошки мажи не постојат освен овие.
Не функционираат статистиките така. Таа статистика не ти важи за биолошки маж под 10 години, на пример. Можеш примерокот што го тестираш да го ограничиш со вакви критериуми да видиш во кои случаи важи најточно. И родот е еден критериум кој ја менува статистиката, како и возраста. Ова е исто како некој да ги обвини жените со иста таква статистика бидејќи статистиката фактички ти важи општо за луѓе.
Мислим дека на целосен игнор треба да се стаат вакви делузиони особи. Многу значење им се придава очигледно.
Баш така функционираат, сакаш и по возраст да извадиме? Колку возрасни биолошки мажи се поагресивни во однос на возрасни биолошки жени? Тинејџери во однос на тинејџерки? Помали биолошки машки деца во однос на помали биолошки женски деца? Статистиката важи за пол, кој е непроменлив, без оглед дали ќе си го исечеш патлакот.
Такви не постојат, верглај си ти. Фактички пеперутките се помалку агресивни од тебе, рецимо. Јас сум пеперутка.
Јас само ти кажувам што е статистичка реалност во светот. Ако не веруваш во статистика, тогаш не ги спомнувај подобро. https://williamsinstitute.law.ucla.edu/press/ncvs-trans-press-release/ Интересно е што транс луѓето во глобала подлежат на поголема статистичка опасност предизвикана од цис луѓето. Обратното никогаш не било точно.
А јас ти кажувам дека страдаш од тешки делузии, па упорно верглаш. Ти ќе ми кажеш што да зборам на женски форум? Транс луѓето глобално ич не ме интересираат, транс жените, односно биолошките мажи - многу. Како жена милениумски сум загрозена од мажите, а во 2024та се пробува на секоја врата да се пикнат онаму каде што сме се избориле за своето место ние, жените. Таму нема место за никаков предатор, а како биолошки маж, независно како што се идентификуваш, НИКОГАШ нема да можеш да разбереш за што ти зборувам, знаеш зошто? Затоа што не си жена, затоа што немаш искуства на жена, и затоа што лажеш дека си феминист. Феминист е човек кој им верува на жените, на нивните искуства, на нивните чувства. Не некој што тапша по рамо мажи, важи брат, од утре сестро ќе те викам и ќе те пикнам у женска соблекувална.
Toa e, mansplaining ќе дојдат ќе ти прават на женски форум, ќе ти се прават мисици, атлетичарКИ... какви сакаат нека се замислуваат, во душа се мажи шовинистички, секаде главни да бидат... кај смее жена од нив да пркне на некое поле, срце не им дава... Овај бетер е од оние очигледните шовинисти, со нив барем знаеш на што си... овие ваквиве волци во овча кожа најлоши се.
Јас моите ставови ги делам и со огромен број на жени феминисти. Тоа што тешко прифаќате дека феминизмот е далеку понапред од вашите илузии за него е друга работа.
Не сте небитни, ама не сте побитни од транс жените. Еднакви сте по битност. Вие како сакајте чувствувајте се, но тие чувства не ви се изговор за ограничување на еднаквите права кои им се потребни на транс луѓето.
Ее браво. И ја тоа викам. Кој како сака нека се осеќа. Не мора да го наметнува своето чувство на другите. Ја мое женско дете нема да остаам да у соблекувална со Петар шо има 15цм пенис, само пошо се осеќал ко жена. Да ми допре некој таков мое дете, тек тогаш нема да може да се пронајде.