Па не гледам дека некој (од нас) или ајде во свое име ќе зборувам, има проблем со менување на РОД во лични документи, ако Петко сака во женски род да се обраќам, не е проблем. Основни човечки права ниту сакам ниту очекувам да се бранат, ама посебните ЖЕНСКИ права, не, не може да ги имаат. Оти жени не се. Транс жени се. Нека имаат посебни транс права што јас како жена ги немам (на пример, преку фонд нека сечат пениси, јас немам право преку фонд силикони да ставам), ама дека сме исти, не сме. Ниту е возможно да бидеме, точно да умираме од желба, науката не е стигната таму каде што маж може да претвори во жена, и обратно. А за обраќање во множина, немам ни намера да се замарам. Драма квинс, непронајдени снегулки.
Прво со дечињата болни фондот да се занимава.... сечење пениси е далеку пониско на листата на приоритети со кои фондот треба да се занимава. Се дури собираме донации за дечиња болни да се оперираат, не би се сложила да добиваат транс операции со наши пари.
Исто Буквално за секое болно дете собираме паро. Нека имаат права и сѐ, само да не е на туѓа штета. Толку
До каде е битката за правата на останатите родови? Зошто упорно се форсираат само транс жени??? Еве јас денес се чувствувам како cakegender, каде се моите тоалети и гардероби, каде јас да учествувам во спортски натпревари? Не се чувствувам комотно и безбедно во гардероби и тоалети и натпревари заедно со мажи, транс мажи, жени, транс жени, ниту со било кој друг род. Сакам да ми се обезбедат права исто како на транс жените! Што сме ние кејкџендерите помалку вредни од транс жени па да бидеме вака дискриминирани?
Само транс жените се битни.... оти се мажи уствари Не гледам транс мажите да се тепаат да влезат во машки спортови, ни во машки затвори.... ниту па за мистер универзум победиле. На крајот уствари, пак кога ќе видиш, маж прај проблем во женски свет, обратно.... не толку.
Ќе почнам да мислам дека оние кои се чувствуваат како мачки, се спрдачат со цела оваа папазјанија, а не дека стварно се "помачкиле"..
Стварно Колачич, дури нема вц со шоља во облик на мафин, од пред влада да не се истаиш Мене овој твојов џендер многу ми пасува, ама во знамето нема минт зелено, а јас баш ко сладолед од фстаци се осеќам. Кај да протестирам јас Децата да учат повеќе математика и природни науки и да им се забранат цртани после 10 години. Мислам поарно во рудник да копаат, за сите, вклучително и за нив. @Dentina зарем?
Не ЏнАм Бици, нели една членка во другата тема сериозна беше за искуството како наставник на "мачка".. Него види ова: (ептен ван топик, ама кој род е вештачката интелегенција?) https://www.facebook.com/share/v/9DqkwmtfT6M6677V/ Маж ми вело "1984" во живо, јас враќам дека матори сме ние за да го доживееме тоа
Тоа значи дека транс жените не треба да одат во исти тоалети со жените. За нивна безбедност и заштита.
А еве терапијата како влијае https://www.healthline.com/health/transgender/hrt-effects-on-body Плус уште една битна биолшка разлика меѓу маж и жена: For instance, females tend to have verbal centers on both sides of the brain, while males tend to have verbal centers only in the left hemisphere. Females often have a larger hippocampus (the “center” of human memory) with a higher density of neural connections in that area. Researchers have observed sex differences in the volume of certain brain regions in animals. Some studies suggest these anatomical differences are largely due to the effects of sex hormones on brain development. More recent research suggests that the activity, or “expression” of genes on the sex chromosomes plays a role in shaping these anatomical differences. Each cell in your body carries a pair of sex chromosomes, including your brain cells. Females have two X chromosomes, and males have one X and one Y
Тоа е сосема друго 20, сите плаќаме здравствено и фондот се користи секако, освен како што треба да се користи. Не мерам што највеќе вреди, но ако зборуваме дека некој е болен, треба да добие здравствена заштита. Инаку се подразбира дека приоритет треба да имаат децата и болните од рак и сл. состојби. Нормално, дури и на транс мажите им е страв од мажите
Многу сакам да знам какво влијание во секојдневниот живот ти има фактот за волуменот на твојот хипокампус? Си има кој се занимава со овие работи и тој што аплицира терапија е свесен и знае многу повеќе од овој извадок. Не постои личност на планетава што мисли дека нема разлика измеѓу транс жена/маж и биолошка жена/маж. Ништо револуционерно не пишуваш. Додека тука од петни жили пробувате да го најдете секој ненормален случај на транс педофили и разни грозни работи кои красат насловни страници за да докажете колку се одвратни транс луѓето, они во Македонија не се почитувани како луѓе, како основно човечко битие. И искрено за некои тука целата таа омраза е веќе и опсесија. Во тој контекст ми текна на твитов: Спојлер
Не те ни читам надоле. Глеаш кој кого цитира? Ни хормони ни пеперутки во стомакот, не можат со генетика и хромозоми. Пошто не можат да го сменат мозокот и хемисферата. Транс маж до утре може да збори дека е маж, ама мозокот му е женски, и обратно. И дур не им ги средат мозоците, и физички и психички. Таква особа нема да припари до мое дете. Не може да се пукаш на естроген и да ми глумиш жена и обратно. Напрај комплетент ремонт и ќе збориме
Транс луѓето не треба да имаат повеќе права од мене, од тебе или од било кој... а си ги имаат правата јас што ги имам, не се дискриминирани. Заби можат да поправаат, матичен доктор може да имаат, слепо црево може да извадат итн, се тоа преку фондот. Значи целта е нели да не се дискриминирани… а не се, така да, не гледам зошто би требало ете за мир во куќа above and beyond да се оди. Нели за еднаквост е борбата.
Јас имам читано баш спротивен заклучок, дека мозоците на транс луѓето се по големина на тие работи во мозокот што ти ги напиша, послични со оној пол со кој се идентификуваат.
Е како да не. Повеќе би верувала на транс маж отколку на транс жена. Ма тоа никад неможе да биде транс жена, ќе си остане маж во мозокот. Од овие шо ги гледам по интернет, транс мажите( поранешни жени) се многу посмирени и пологично размислуваат од овие другиве. Другиве во шо и да се претворат, пак се хистерии невидени.
Денеска, 17 мај се одбележува Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, (IDAHOBIT), кој претставува симбол на отпорот и солидарноста на лицата кои отстапуваат од хетеронормативноста којашто инхерентно се припишува кон секој/а поединец/поединка во општеството без разлика на степенот на неговата свесност и развој. И покрај огромната трансфобија која е присутна и се погласна, стоиме со нашите транс браќа и сестри денес, како и секој ден. Омразата нема да ги победи љубовта и почитта! Љубовта секогаш победува.
Сте спомнале интерсекс луѓе. Генетски пол кај луѓе се одредува преку присуство/отсуство на Y хромозом. Ако го има, машко. Ако не, женско, без разлика колку X-ови има. Ама најчесто ако има Y, сепак изгледот повеќе е машки и обратно, само плус има други "женствени" промени или пример девојчиња со Тарнер синдром (само еден X) имаат репродуктивни органи ама недоразвиени, пубертетот отсуствува и неплодни се. Ретки случаи се мажи кои се XX и жени кои се XY ама тука дека генот што предодредува создавање тестиси и тестостерон понатака случајно се префрлил на X, шо пак ќе речам, ретка појава е. Интерсекс генерално се смета кога надворешно не може да се познае дали е машко или женско (ги има и двата или нешто измеѓу) ама пак на крај ќе се одреди полот по хромозоми. А многу е подло и безобразно транс лица да користат луѓе со хромозомски аномалии кои за разлика од првиве, имаат физички проблеми. Да се вратиме на темата. Мене ми е веома врло жал ама она целосно утописко прифаќање на транс лица и неразликување дали некој бил транс или цистерна не е можно. Зашто? Една опција - транзитираат како возрасни. Тука не можеме да ги вклучиме транс жените во спорт, во соблекувални и затвори зашто сепак биле воспитани како мажи, имаат сила на мажи. Втора опција - транзитираат како деца. Тука ај да речеме може во спорт и простории. Ама дете да го ставиш на блокери носи и физички и ментални ризици. Башка не можеме да се тепаме да ги заштитиме децата од груминг ама блокери пуцај брате. Јок. Да не заборавиме колку до денес жените не биле вклучени во медицински истражувања. Од мене булинг нема да добијат ама дека би се дружела со транс лица не, дефинитивно. И дека ќе ги исполнувам нивните барања на сметка на моите права и безбедност и тоа не. И тие што се транс имаат психичка/ментална дијагноза. Оти ниеден дијагностички тест за органски болести нема да открие дека некој е транс. Имање пенис/гради не е патологија соодветно на полот, неприфаќањето е. И тоа е психички.