На блискиот и далечниот исток и доктор гинеколог не сакаат често пациентки маж да биде, и јас сум третирала жени покриени што сакаат мажите нивни исклучиво жена да ги третира ( нив јадни кој ги прашува). Повеќе ме занима како ќе сум оштетена? Ќе ме гледа? Ќе ми хрчи до мене? Гасови ќе испушта? Се тоа може и жена, нели? Генерално преврски и ќеси со урина празнење не се пријатни пред никој. Ама ако ме оперирал доктор маж, дали опериран дедо лежел на 3 метри од мене, или баба, верувај, ни гледам, ни слушам. Тие ужасни соби во бт болница со по 6 кревети беа толку гадни сами по себе, што сите чекаат едвај да киднат, па макар часна сестра до тебе лежела.. А тек за лебарките во ск да не зборувам. Јас прифаќам поделба по пол, ама да не претеруваме со оштетување да наречеме. Заедничко вц без писоари, сеедно ми е на пример. Јас сум влегувала во машко вц ( без писоар), никој не беше истрауматизиран, ради језиви редови во женско.
Независно стрејт, хомо, транс, множина. Независно од баш ниедна тема на светов и во што верува. Не само во болница, на сите места каде што сум или можам да бидам ранлива, нема никаква потреба да бидам изложена на дополнителен ризик. Нечии права завршуваат онаму каде што почнуваат да загрозуваат туѓи. Баш темата со мечката.
А сега еве би се соблекувала пред маж? Не гинеколог/доктор Него рандом маж во било каква соблекувална.
Па во соблекувална одвоени се кабините. Во спортски клуб секако е одвоено. Јас не се противам на одвоеност. Постои и нека постои. Прашањето ми беше како ме оштетува дедо ставре повеќе од баба милка во болница.. На плажа не се соблекуваш пред други мажи? Можеби јас сум огуглана, не знам. Мене гадно ми е во јавен превоз во мк во лето допирање со влажни кожи и смрдеи и здив на лук. Некој во кома да лежи до мене ( не дај боже) сеедно ми е. Кој иди во болница да манијачи? Генерално ни пред колешки не се соблекувам. Ама ако мора, исто како со доењето: ќе се свртам и крај. НЕМА да гледам, не ни гледам. Можеби дека на работа работам на дел од тело, ладна сум ко мраз и не се потресувам.
Верувала или не, одат во болница и манијачат. На урологија работев. Можеш да замислиш дека "дедо Ставре" ми беше најчестиот пациент. Треба да се поделени затоа што најголемиот дел од жените се чувствуваат загрозено од мажи, млади или стари, односно се плашат за својата безбедност. И не е само ирационално чувство. Пречесто сме нечии жртви, јас лично не познавам ниту една жена што во даден момент не била жртва или барем постоел обид за некакво злоставување од страна на маж. Целата дебата во светски рамки со мечката е баш тоа, колку коментари повеќе читам, толку посигурна сум во личната недоверба во рандом непознат маж.
Немам болнички искуства, ама знам даваат едни како кецели за врзување на пример, одоздола си гол. Не е пријатно со никого во околина, ама ако баш мора, не мора со некој кој се осеќал како жена. Особено после сите јавни ,,парадници,, што се осеќале како жени, не знам што да коментирам.
Не е кецела, болничка спаваќа е, што е практична за мед. персонал, затоа и се носи. И се согласувам за останатото.
Јас ти верувам. Исто како што верувам дека медицински братови, доктори или стоматолози, гинеколози, злоупотребиле позиција. Со подозрење би се гледало и на маж наставник во градинка и забавиште. Дали ќе злоупотреби? Во америките гадни злоупотреби и од страна на мажи ( во поголем број) и од жени кон малолетници има. Повторувам дека се сложувам со поделбата на просториите. Не знам дека вопшто постои некаде болница со мешани соби... Но тргнувам изгледа од себе кога размислувам: не ги сексуализирам туѓите тела, ( сопругот е исклучок), повеќе анатомија гледам отколку предизвик, и на крај мртва ладна можам да бидам и со најубав маж. ( не само заради години или не знам што) Вежба е тоа. И на крај, овде каде живеам култот кон телото е поинаков од балканскиот, кој и јас сум го негувала, па во заблуда сум дека и другите се такви... Предатор може секој да биде. Психички болен исто секој. Статистиките се јасни, кој е почесто нападнат и вознемируван и од кого. Законите и правилата ги почитувам. Претпазлива сум и ќерка ми ја учам да биде. Само некако еве на пример, во вежбална ми е исто : дал маж се потел до мене, мање више не ми прави разлика. Иако има вежбални само за жени. Во вц не сакам ни задник на маж ни на жена да видам. Едноставно моќ на игнорирање имам некоја. Мириси повеќе ме вознемируваат од облици. И почитувам традиции туѓи и желби. И потреби секако. Толеранција се трудам да имам, баш како што рече, се додека нечии права не се загрозуваат.
Има ситуации кога ти е пријатно и кога не ти е да си по долна облека/купаќи. Дома и од моите се кријам, не оти ме гледаат на оној начин него ете, непријатно ми е. На работа оти се пресоблекуваме немам проблем пред колешки и само жени сме ама пред колега не би. А за во болница не е само по долна облека. Јас кога лежев се деси случајно да видам интима на другава жена од соба оти под пижамата на операција не требаше да носиме ништо. И која не можеше да стане по мочање, сестрата ти носеше нокшир под гз. И слични ситуации кај што сакаш неќеш нешто ќе се види. И језда здравје е најбитно тука ама пак, не е зорт да има мешани соби и да мора некој батец да ме изнагледа, макар и бил парализиран целиот. И затоа не можеме никогаш да имаме целосно втопување на транс особи и сосема исклучување на биолошки пол од причата.
Ами не ги сексуализирам ниту јас лично, со стари пениси работев де, не да не осеќам сексуализација, точно како нокт на прст да ми покаже некој. Не дека не постојат жени психопати, сексуални насилници и злоставувачи, само што најчесто, и тоа неспоредливо почесто отколку обратно, маж е починител на сексуални деликти, не жена. Не е што мене ми смета или не ми смета, највеќе ми сметаат наконџурени тетки на пример, ама нема врска тоа со од чија рака е најверојатно да настрадам.
Ирационално не ви е за цис мажи бидејќи имате статистичка поткрепа зошто да се плашите од нив. Ама стравот од транс жени ви е 100% ирационален бидејќи не постои никаква статистика да ве поддржи дека ви претставуваат опасност. Вие сакате да ги излажете другите дека статистиката за цис мажи е всушност статистика за сите биолошки мажи, што јас веќе докажав на темава е комплетен булшит. Точно така. Но овде единствено се загрозени правата на транс жените. Вашето право за одделни простории завршува со транс жените бидејќи не ве загрозуваат вам воопшто, а тоа што вие барате да бидат исклучени од женски простории и да се принудени да делат простории со цис мажи ги загрозува нив. И за случајот со мечката, од што сум разгледал, повеќе жени би избрале транс жена наместо мечка. Не е ист одговорот за кога се прашува за цис маж.
76 транс жени се кривично осудени за сексуално насилство- податок од пред 5 години од Ук. 1 од 9 сексуални прекршоци се од female , што и да значи тоа- податок од истиот период. Нема да ја објаснувам разликата меѓу двете болдирани, елементарно ниво на општа култура е. Мене, како на возрасна жена ми се доволна бројка тие 76, за попрво да изберам транс-мечка. За транс мечки нема никаква статистика.
Сите транс жени што извршиле сексуално насилство треба да бидат осудени и да бидат во затвор, независно од статистики. Можеби не се транс жени сите овие, можеби некои се мажи предатори на кои целта им била да нападнат некого, па полесно им било ако глумат транс жена. Дури и да не се, сексуалните предатори припаѓаат во затвор а ги има во секој пол, род, сексуалност. Но, факт е дека транс жена многу полесно и побрзо ќе биде осудена за сексуално насилство споредбено со цис маж или жена бидејќи кон транс жените се гледа како инхерентно да се опасност, болни и слично, додека многу цис луѓе (особено биолошки жени) се извлекуваат од затворска казна за истите прекршоци бидејќи кон нив не се пристапува со истите предрасуди, а да не правиме муабет за статистиката колку ретко се пријавува сексуалното насилство од жена кон маж. Статистиката исто покажува дека трансродовите луѓе (транс мажи и транс жени) имаат четири пати поголема веројатност од цисродовите луѓе да доживеат насилен напад, вклучувајќи силување, сексуален напад и напад со тешки телесни повреди.
Темава да е виц, би почињела вака : Влагаат у бар транс муж, латентен шовинистички ( карактерен) педер и цис би жена/интерсекционална aнaрхoфeминисткa, која ЦИТИРАМ : Али не е смешно...
Премногу нови родови и “нивни права” имаат влијание многу од децата средношколци да се чувствуваат несигурно во однос на својот пол. Ова ми го кажа роднина инаку вработена како психолог во средно училиште во Копенхаген . Каква само иднина не чека. Да,матката те прави жена. Биолошки си жена. Позицијата што ја заземаш во општеството и личната самоопределба нема врска со полот. Тој ти е биолошки детерминиран и крај . Каков црн политички развој?! Па ти си веќе влезена во пералната на мозок. Постираш од “пинкњуз” некаква си статистика дека луѓе повеќе се каат што родиле од што смениле пол. И никој не се грижи за тебе во кој правец ќе си одела,ни дали ќе си родела дете но зошто сепак ни даваш до знаење дека не ти е фаза и не ти фали внимание?! Бидејки од постот ти вришти потреба за грижа и внимание и потврда.
А уствари притисокот што една жена може да осеќа дека МОРА да роди за да биде доволно жена, е универзално искуство на сите "луѓе што сме родени со матки", па можеби да не постоеше тоа општествено очекување, жените ќе можеа да имаат многу различен однос со својот род, а не да го одбацуваат. Meanwhile транс жени што имаат платформи на интернет, осеќале дисфорија што немаат менструација и го немале тој дел од womanhood.
Епа тоа е проблемот. Јас не чув некој да ја проблематизира нивната ,,женскост, , или глума,туку само туркање на агенда-ако се чувствува како жена, треба во женски затвор да оди. И тоа беше реалност едно време, не знам дали и каде е сеуште. Се согласувам за остатокот, или во кратки црти, послабиот го јаде стапот.
Подобро би и било формулирано: не сум помалку жена ако не родам, отколку матката не ме прави жена. Пошто второво нема смисла.
А оваа теза апсолутно нема врска. Прво, раѓање мора- не е мое искуство, не како општествено очекување. Второ- експлозијата на ,,транс момчиња,, или девојчиња кои не сакаат да бидат жени, се случува последниве години- и guess what- поврзано е со пубертетска фаза. Токму тоа го има кренато алармот во Шведска. Ова се, научно поткрепено, имам пишувано поназад. Моја лична опсервација - децата не сакаат да пораснат. Не можеш да бираш дали ќе бидеш маж или жена и не, облеката не е твој идентитет. Ниту розевите уши или рогови, ниту десктопот или мафинот. Пред 10 години Кончита Вурст беше свесно измислен сценски идентитет на геј маж, денес да не беше жив (скраја било) ќе го пишеа транс жена. Како што беше ланската фама за Марша Џонсон.