Уште во 2015 година Кончита има изјавено дека не е транс жена туку drag queen, така да ова нема никаква смисла. Марша за себе кажувала дека е трансвестит и дрег кралица и користела женски заменки, а терминот трансродовост воопшто не ни бил употребуван тогаш такашто не можеме да гарантираме што точно била. Во најмала рака е gender non-conforming личност.
Може да го преведеш на македонски? Не знам зошто но секогаш ги користите англиските називи. На македонски посурово звучи полова нессодветна личност ? @Biljarkata Точно. Раѓање како општествено очекување не е ни мое искуство. Раѓаш затоа што сакаш дете , а не зошто те тера општеството, но како аргумент е доста актуелен.
Не може gender non-conforming , ако не постоел термин gender. Дрег кралица и геј, и едниот и другиот случај- толку е досега јасно, се друго е спекулација. Можда би била транс-жена, можда пеперутка.
Не го негира фактот дека постои како општествено очекување за жени? Не дека сите раѓаат пошто мораат, туку дека уште е во одредени мери чудно ако не сакаш да го правиш тоа. Затоа се јавува и толкава фрустрација, како кај членката горе. И потоа нормално дека се осеќаш ко чудак и ко различен кога не сакаш да раѓаш или не сакаш Х, У што ти го наметнува општеството. А уствари проблемот е во општеството, не во како ти си го доживуваш својот род.
Раѓањето не е никаква родова карактеристика, чисто полова е, биолошка. Бум на транс-момчиња во Шведска, кајшто очекувања на комшиите да родиш се минус нула, мислам дај не зезај. И го напраивте божем во Авганистан живееме, па единствено тоа правиме, раѓаме по 12 деца.
Ма браво Дај сега Мила Царовска 5ка на рака да ти пише Бонус поени чим постов содржи родовиот идентитет Од цел овој пост човек што не го занимаат лгбт+, разбра само дека попрви би се убила него да родиш. Твој избор. Аха и ова го разбраа. Зошто си користела заменки? Пошо ми се може Останатово bigotry!??? интерсекционална???? цис!? анархо!? и слично е причината зошто вмро се врати со 500 илјади гласови. Измеѓу сите глупости Мила, Рада и Стево се лицата што секој ги асоцира со паради и слични глупости. Попрво на парада ќе се појават него ли нешто за државата да напраат. И едно 90% од македонците и да не е верник попрво верник ќе стане и ќе оди по протести за "одбрана на децата од родова идеологија" колку и да изгледа бесмислено.
Еј многу добра манипулативна реторика ова. Кога транс особа е жртва, тогаш ќе пукнеме да потенцираме што и кој е жртвата и кој предаторот. Обратно кога е, ама шое битно, манијаци/предатори ги има секакви, суди му по делото. Врти сучи, секако трансфоб си Како кај нас што има албанофобија, ама нема онаа другата, македонофобија ваљда ќе му дојде. И увек си албанофобот ти, без разлика што си жртва.
Не знам зошто раѓањето го сметате како проблем. Биолошки е очекувано да раѓаш за да ја населуваш планетата. На жената и е дадена таа способност, не на мажот. Кога биолошки веќе е наметнато, по таа основа и општествено ќе се очекува. Само што за разлика од животните, луѓето имаат свест и совест за да одлучат да не се размножуваат.
Мислам дека си и самата свесна колку е проблематично ова што го напиша така да не вреди ни да се дискутира.
Важи, ќе ми пише Мила Царовска 5ка на раче мене која што не сум излегла да гласам од 2018. Очигледно е дека ништо не разбирате и што е уште посмешно, горди сте на тоа. Ниеден политичар мене не ме претставува, особено во врска со феминизам и ЛГБТ прашања, моите ставови се 10 скалила порадикални од оние на СДСМ и НВО организациите. СДСМ е полно со лицемерни кукавици што не направија ништо да ги унапредат квир слободите и да му го покажат местото на клерофашистичкиот шљам. Буквално Стево го фатив на една дебата како го дава истиот безрбетнички одговор во врска со геј бракови како и Гордана - дека сите требало да имаат еднакви права, ама скептичен бил во врска со посвојување деца. Да не зборуваме за транс луѓе како панично негираа дека операции ќе бидат покривани од фондот, па сѐ до случката со откажаното предавање на УКИМ некни. ЛГБТ луѓето се непријатели на сите хиерархии - традиционалното патријархално семејство, државата, религијата, политичките партии - и со тоа треба да се гордееме. Ништо помалку не прифаќам барем јас за моите квир другари и другарки.
Овие што се тепаат за заменки и идентификации прво нека дознаат дека англискиот не е единствениот јазик во светов, па после и за другото ќе правиме муабет. Мислам само имале среќа што јазикот што се користи интернационално, случајно нема менување на глаголи по лице инаку ќе имаше плачки и за тоа.
Родова неусогласеност би било на македонски. Тотално ирелевантно е дали е пишаното на англиски или македонски, сурово не звучи на ниеден јазик. И да, од жените се очекува да раѓаат, барем овде кај што јас живеам и од жените што ги знам. Дури се слави и пофалува ако раѓаат девојчиња на 17-18 години. Кај вас таму не знам како е.
Gender non-conforming = родово-неконформирана личност. Конформизам е сосема вообичаен и познат збор во македонскиот речник, и значи прифаќање/прилагодување на наметнатите општествени норми, а не „соодветност“ во објективна смисла. И да, има и други јазици освен англискиот што даваат уште повеќе простор за родова неутралност - унгарскиот, финскиот и турскиот на пример имаат една заменка за сите родови.
И ја и многу тука едно пеесе пути те имаме прашано како да знаеме кој е цис маж, кој транс жена и освен да им веруваме на збор, друг одговор немаш дадено.
А чекај сеа да не треба и јазициве да ги прилагодуваме на ова? Може ќе се јави таква потреба па ќе мора и да се мења. Уствари еве и има потреба. Во име на инклузијата све ќе се напраи секако. А they/them кажи на македонски како би требало? Како да им се обраќаме на луѓево, сакам на македонски да биде и нормално да не се навредат ако го употребам погрешниот израз. Тие/нив не доаѓа у предвид нели, у множина да им се обраќаме.
Јазикот отсекогаш се прилагодувал на луѓето. „Тие“ можеме да ја предефинираме да има хомоним во еднина, нема ништо контроверзно околу ова од лингвистичка перспектива.