Како не креваа прашина? Па и модераторите истото тоа го кажаа лани, да не ви се обраќаме така ако не сакате. И оттогаш не сум се обраќал на никоја членка тука со тој термин, ама тоа право престанува со самите вас. Не можете да барате да не се користи воопшто терминот низ дискусииве дури и кога не се обраќа никој кон вас со тој термин. Supplements can also have long-term complications and risks such as: liver or other organ damage reduced bone strength fetal development abnormalities increased risk of bleeding changes in your response to anesthesia reduced effectiveness of chemotherapy nervous system damage За секој лек или суплемент можеш да најдеш вакви хорор сајд ефектс.
Јас вакви линкови до утре можам да ти споделувам за обратниот ефект... Секој нормален доктор може да ти каже што значи пубертетот и која улога ја има... воук 'студии' кои поддржуваат сакатување деца не се релевантни. А и сите вие кои подджувате медицински транзиции на деца, треба да ви се суди, заедно со оние кои ги извршуваат!!!! Менгеле се гордее со вас!!! Ц ц ц
Поентата е дека детето да ми пати во константна депресија го сметам за полошо наспроти тие бенефити од пубертетот.
Работата е што сам за себе можеш да си пиеш што сакаш. Твој проблем, твое тело. Детето е зависно од родителот и неговите одлуки, од дете не може да се очекува да е целосно свесно на што се согласува, што бара. И не е црно или бело, не можеме да сме целосно океј, детето сакало, така се осеќа, океј, еве блокери. Што ако биде полошо со блокерите? Што ако му направиш да е полошо? Има докази дека може да се појача депресијата. Целата оваа работа што некако се префрли на децата е крајно з(а)грозувачка. Зошто они се на социјални мрежи, постојани изложени на секаков контент, и на крајот ќе страдаат. Како и што се гледа по извештаите, дали од едната, дали од другата страна.
Психијатрите се тие што донеле заклучок дека ова е најефективниот начин да се третира депресијата предизвикана од родовата дисфорија. Се разбира дека најпрвин би го однел на психијатар за да даде поточен осврт за кој е најдобар третман.
Поентата е дека повеќето тинејџери може да страдат од депресии, оти таков е периодот. Сите сме биле во одреден период поради X причини. Вие што ги учите сега да се закануваат со самоубиства за да постигнат секакви цели, тоа е друго. Ако си родител и детето и страда од депресија, можеш да пристапиш на 1001 начин, не мора одма да одиш да му го сечиш, и хормони да му блокираш... Инаку да... депресијата со запирање на хормони не прекинува. Лечете ја депресијата ако ја имате, има начини... со сакатување на телото и органите, не се лечи депресија.
Тоа појачување на депресија не е резултат на користењето блокери, туку просто не биле доволно да ја разреши дисфоријата на детето. Значи не менува ништо тоа, дури и без и со блокери не му помогнале на детето. И сепак тоа е дел од малцинството кај третирани деца, мнозинство испитани покажуваат подобрувања во менталното здравје, па зошто не би му дал на детето ако е поголема шансата да се подобри отколку не? Ова е конкретна депресија предизвикана од родова дисфорија, не е нешто што е типично за сите тинејџери.
Мене ми е трагично што за Cass Review, педијатарката Хилари избрала половина од достапните студии за тематиката којашто треба да ја истражува, а останатите не ги вклучила во истражувањето оти цитирам „не биле доволно квалитетни“, без апсолутно никакво објаснување зошто. Една од цитираните млади личности во истражувањето, изјавила дека цитатот и е изваден од контекст и претставен погрешно, како да зборува за сите луѓе, а експлицитно зборувала само за себе. За многу од тврдењата кои се претставени како факти, педијатарката нема оставено на што се повикува тврдејќи го кажаното, туку е нејзино лично мислење претставено како факт. Мислам, апсолутно треба да има вакви истражувања, ама од истражувања фокусирани само на аргументи ЗА хормони и блокатори на пубертет и други фокусирани само ПРОТИВ, нема никакво фајде. Cass Review, од тоа што го прочитав (не ги прочитав сите 388 страни) е тотално бескорисно истражување, буквално ништо не докажува ни ЗА ни ПРОТИВ, а базирано на ништо најверојатно ќе ја банираат достапноста на хормони за сите под 18 години во Англија.
Бројот на ,,третирани,, деца се зголемува бидејќи од 4 то одделение ги учат глупости. И им велат дека мислењето ,,постојат само два рода,, е одвратно и тажно. https://www.dailymail.co.uk/news/ar...r-scolded-Year-8-pupil-gender-discussion.html Или дека ќе ,,поддржуваме,, дете родово да транзитира, без да знаат родителите. Истите Ториевци се на власт мање више 15 години. Некои срања се едноставно премногу и не може да останат премолчени. За Сирените поарно да не почнувам
Како бе така да се даваат хемии на деца од кои потоа ќе имаат трајни последици? Ами ако се премисли потоа, нема назад, што прајме? Ехе колку пати сум се премислила за многу работи од ко имав 15 години досега, тешко мене ќе беше ако останев со истиот ум. Возрасна личност со свои пари нека прави што сака, ама децата треба да се остават на мира.
Па, не сметаш дека е проблем тоа што нема доволно податоци? Тоа е најлошо, не знаеш за сигурно, а да дадеш на дете, дали вака или онака ќе испадне. А зборуваме за живот за кој ти си одговорен. Детето после ќе ти рече, ти ми беше родител, ти требаше да знаеш, ТИ си крив. Затоа што како и се друго, ова веројатно и повеќе бидејќи влијае на една цела човечка развојна фаза, има големи нус појави.
Znaci najlesno e da izdrogiras nekoj so apcinja. Treba da pronajdes so e toa so mu prai nelagodnost. Isto ko so anksioznost depresija. Najlesno e da se pukas na heleksi, dijazepami i da butkas pod tepih I vestacki da lacis serotonin. Crtaj, pej, plivaj, uci jazik, citaj knigi, idi na kino. Najlesno e da se opnes na medikamenti, ja i bolna koa sum ne pijam pojako od Daleron, ne pa vakvi gluposti Ste se naucile sve neso, dijazepami, hormoni, mala mi e ustata ke se izbockam, iam brcka ke bocnam. Jako hendlanje ej i nosenje so realnosta
Не можам да зборам експертски оти немам експертско познавање на темата, ова е само мое лично мислење - мислам дека има доволно податоци, со оглед на тоа што деца не примаат терапија од лани, туку десетици години, но достапните податоци не се искористуваат правилно. Пример, сум читал студии каде за релевантни податоци се земаат само позитивните искуства на деца кои примале терапија, а другите никој не ги спомнува, што не е во ред, треба да се земе предвид целокупната слика, а сум читал и сосема обратно од ова. Ова му доаѓа како терање агенда ЗА или ПРОТИВ, без гледање на позитивната/негативната страна. Кога станува збор за деца, не треба да се пристапува вака. И не сметам дека секое едно дете кое се идентификува како транс треба да прима терапија без двоумење.
Мора на деца да се тестира, оти тестирање на глувци и други животни не е хумано.... Воук логика!!! Први се да вриштат ако кармин на глушец се тестира, ама затоа на деца може да тестираме што сакаме... резултати ќе видиме по 30 години!
Точно, сосема се сложувам. Секој својата страна ја тера, а на крај децата ќе ги сносат последиците. За хормонска терапија, блокери, сосема нормално е да има многу нус појави, кога веќе, како што рече членот погоре, за едни витамини ќе најдеш нус појави, не па за едни вака сериозни терапии. Затоа целосна заслепеност и од двете страни и упорно терање на агенда, не води кон ништо добро. И народот е крив за тоа, зошто нема критичка мисла, или е одвратно и лошо, или ако не е одвратно и лошо е сосема спротивното, без да се размисли подлабоко. Или си конзерва, или си екстремен либерал што прифаќа све. И медицината се изгуби за жал, нешто што треба да остане објективно и да даде точни податоци и насоки.
За хормонските терапии за деца науката нема конкретен одговор затоа што не е доволно истражено. Можете да отворите и самите студии(студии, не новинарски артикли) и ќе видите дека сите резултати се nuanced. Дефинитивно сето ова е многу ново па затоа и не може да се очекува да се знаат сите долготрајни ефекти и да се донесе некаков универзален драматичен за/против заклучок....
Што да биде доволно истражено? Истражено е какви ефекти има хормонска терапија врз возрасни личности, кои ја земаат за да решат извесен здравствен проблем? Истражено е дека апче за ден потоа, не може да се пие секој ден, па пак прашања на форумов милион. Која патологија ја решаваш (со речникот на Манчмелоу) кај дете од 9 години? Кое ниво на свест, самостојност и одговорност ги има, и законски меѓу другото? Родот е киднапиран од феминизмот и масакриран до апсурд, а ,,родова дисфорија,, е оксиморон- ако имаш проблем со твоите секундарни полови карактеристики, ваљда е полова дисфорија, штознам.
Дали стварно постои родител што на дете би му дал блокери? Сериозни сте? На дете кое сеуште не знае што и како би го реметеле со чуда кои можат да нарушат здравје? Ако си е над 18 нека си решава сам. Али вака паушално да се збора и од страна да се поддржва е најлесно, но кога ќе се дојди во таква ситуација првин добро ќе се размисли. Што после тоа ако се премисли? Имало и такви случаеви. Пак ќе кажам возрасна личност нека прави што сака..ако си одлучи да е мачка нека биди мачка...