А можеби само да живееме во свет кој повеќе ќе ја прифаќа андрогинијата, нема да имаме толку потреба од "лекови" Ама таа страна не се гледа, затоа сте проблем, и крајни левичари и крајни десничари. Едносмерна улица ви се размислувањата. Можеби "машкоданката" е само лезбејка, а не стрејт транс маж
Блокери на дете во развој, во најранлива возраст? Дали сте при свест, дали се читате што пишувате? Не е поентата да си само среќен, туку и физички и психички здрав. Ако личноста е суицидална, потребни се терапии кај психолог / психијатар, а не блокери.
Ајде прашање тие што се РОДЕНИ машки, а се осеќаат како жена. Одат на уролог, или гинеколог? Дали гинеколог ќе знае да им помогне? И обратно
Не ме чудат ставовите во темава и општо во земјата за ЛГБТИ, гледајќи ја статистиката за правно и политичко почитување на човековите права на ЛГБТИ луѓето.
Доста високо сме на листава нешто не чини Шала на страна не знам дали биднува полошо или подобро со време.
Убаво што имаме ваков тип на шелтер и кај нас. https://www.slobodnaevropa.mk/a/lgb...o-shto-ne-prifakja-razlichnosti/32957361.html
Intergeschlechtlichkeit oder Intersexualität, auch Zwischengeschlechtlichkeit, bezeichnet die biologische Besonderheit von Menschen, deren körperliche Geschlechtsmerkmale nicht eindeutig als weiblich oder männlich einzuordnen sind Alles zusammen
Ааа, вакви одговори се многу штетни! Кој медицински авторитет ти кажал дека е толку едноставно да се прекинат хормонски блокатори/ хормонски замени, толку едноставно и дека сѐ се враќа во нормала без никакви последици? Затоа истиве имаат упатства долги колку новела и задолжителни прегледи многу често? Деца на хормонски терапии дали тие биле блокатори или замени, е крајно нехумано и неодговорно кон нивното целокупно здравје од многу аспекти. Лично познавам лице кое цело детство и рана младост се сметаше себе за женско, (така и се облекуваше) а е биолошки машки пол, и таман кога беше решена да почне со хормонска транзиција не ја ни почна, зашто сфати дека и' се небитни телесноста и родот повеќе, и е човек најпрво. Сега не и' е ни битно во кој род ѝ се обраќаат, јас ѝ се обраќам во женски оти ја знам од мала и така ми остана, нема против, а естетски изгледа како преубав дечко сега и класично машки се облекува. А сите бевме сигурни дека ќе изврши целосна транзиција. Исто како за интерсекс лицата што според мене е нефер да се оперираат од деца(освен ако има гинеко/уролошки проблем) само за да се дефинира нивниот пол, и треба да се остават самите да си донесат одлука кога ќе бидат доволно возрасни, така и за трансродовите деца се крајно неодговорни и штетни секој вид на терапии. Сѐ што треба е добар психолог/психијатар, едукативни програми за сите нас, небинарна околина, слободно естетски (преку облека) да се изразуваат како се чувствуваат, и мислам дека многу последици ќе бидат спречени во нивниот развој. Кога ќе бидат доволно возрасни ќе имаат многу повеќе увид во јасната слика за себе по овие прашања. Дури и да згрешат, (поготово во оперативниот дел на полот кој е крајно деликатен зафат и си носи последици) одговорноста ќе ја преземат самите. Дете е тажно да биде "дури само безбедно блокирано со блокери" за ништо на светот!!!
Апсолутно. И треба повеќе од еден. Никој не смее да биде жртва на насилство, психичко и физичко. Од мое лично искуство затоа што имам во најблиска средина хомосексуалци со кои се дружам, апсолутно се подложени на насилство од немерливи граници, што од дома (ако се свесни), а уште повеќе надвор. Само едно транс лице познавам (од поблиску) и тоа е транс маж, односно биолошки жена. Бидејќи и не сме во добри односи (поради причини неврзани за трансродовоста) не знам за точни инстанци, но сигурна сум дека ги имало и премногу. *дисклејмер: личноста ја познавам од рано детство, денес изгледа како маж и се претставува како маж. Па и жени одат на уролог Мажи на гинеколог одат само да им земе брис евентуално, ако се спремаат за ин витро процедура со партнерката Биолошки маж и да му направат "неовагина", не станува збор за вистински и функционален орган кој би имало смисла гинеколог да го прегледува, во онаа смисла во која нас гинеколози не прегледуваат (нема матка, нема јајници, има само надворешен лик на вагина). Односно повеќе е во домен на пластична хирургија. Но, кај транс лицата кои се одлучиле за хируршки зафат (двата пола), мора да работи интердисциплинарен тим, не само од хирурзи, туку и интернисти (посебно ендокринолози), а секако и да имаат психолошка поддршка. Мислам дека на многумина не им е јасно што навистина претставува губење на орган и без оглед што сакале да го "изгубат", неважно, претставува сериозна психичка траума и си бара поддршка.
ЛГБТИ? Не знаеш дека интерсексуалци не се queer by default, па така не треба да ги пишуваш во скратеницата? Инаку се согласувам дека на темава се доста неедуцирани особи, ама си ги мажеш очите со изговорот "Не ме чуди, Македонија е конзервативна земја". Најди си тогаш онлајн ЛГБ простор кој што зборува за транс луѓе и целава проблематика и бар малку си ги прошири видиците.
Ама они самите не сакаат да се вклучуваат во акронимот, џабе ми пушташ линк од википедија? И ако размислиш логички, нема зошто да ги мешаат во кратеницата, нема никаква основа за тоа. Дискриминација не е критериум. Искрено, дали некогаш нешто си прочитал од корист во врска со ЛГБТ заедницата или само си со став "дај шта даш" во врска со сите измишљотини од интернет?
Јас уште квир што не разбрав што е, јер jlbtq...али дефинициите и кратенките си ги дефинираат ко му доџе очигледно И ако интексекс е меѓу двата пола, што е медицински докажливо, како дефинираш во кој случај се геј во кој случај хетеросексуални? Нели меѓу двата пола се?
Македонија, ако ја споредуваме со соседи, не би рекла дека е меѓу поконзервативните Напротив, мислам дека кај нас и најмногу има отворена дискусија (не зборувам за на хартија напишани закони, туку за дискусија во рамки на општествено прифаќање). Далеку сме ние од либерална земја, меѓутоа не би не окарактеризирала како конзервативни, во смисла на Грција конзервативни или Србија, каде што и попот им е во собрание. Не само по прашање ЛГБТ, туку општо.
Не се секирај, цис е далеку од официјално прифатен термин, спротивно на наративот во темава. Контроверзен е и понатаму, со право. Но, ако се дава толкава слобода на изразување за одредени лица, можеби треба да почнеме и останатите со разно-разни термини кои нас ни пријаат, па дали некој е навреден, шомиегајле. А за ЛГБТ+ ако те интересира, одамна престанав да пратам LGBTQIA+ (adding intersex, asexual, aromantic and agender), and 2SLGBTQ+ (adding two-spirit for a term specific to Indigenous North Americans). The LGBT label is not universally agreed to by everyone that it is generally intended to include. LGBT is an adaptation of LGB, which in the mid-to-late 1980s began to replace the term gay (or gay and lesbian) in reference to the broader LGBT community. When not inclusive of transgender people, the shorter LGB is still used. https://en.wikipedia.org/wiki/LGBT