Па повеќе на сатира личи него на почит кон сопствена традиција, нормално за чудење е, уште помалку па за прифаќање. Мислам дека треба да додадеме и М, за Македонија е вечна, оти па и националноста не е биолошка, само се чувствуваме како Македонци
Интерсекционална ја промашуваш другарке, нема врска со почит и традиција. И дај кажете- дали квир е дел од лгбт+ или е чадор за цело лгбт, пошто стварно сум збунета
Глава сечам ако ова најгласниве и на темава и општо либерте знаат кои се тие интерсекс или некад прочитале кои проблеми имаат луѓе со Тарнер или Клинефелтер синдром што исто така ги спомнувате тука. Хромозомски нарушувања немаат благе веза со умишљавање и недоумица кој си и што си.
Додадовме веќе СМ бејб, како и да е ние и понатаму може да се чувствуваме во срцата колку сакаме како М.
Затоа што суштинска разлика постои помеѓу ЛГБ и се' останато. Првиве немаат врска со општество, чувства, себеидентификување, туку е преференца со која се раѓаш и е независна од општеството и културата на личноста. Останатите... не баш.
Јас на уролог не одам, а верувам и ти. Мислам знам дека може да се оди. Ама дали ги имаат потребното знаење, искуство, апаратура? Понашањево е последица на микс на хормони. Дефинитивно. Маж вака за деца дека ќе се потресе..
Се се ама оние небинарни не ги сфаќам, а бога ми ни они не се разбираат. Што се? Го прашуваат еден што се декларира небинарен.. "Ако имаш проблем со интимните делови каде ќе одиш? На гинеколог или уролог? Вика јас сум маж ќе одам на уролог...па нели е небинарен не е "тој"... И вика јас сум маж по пол ама по род небинарен... и шо ку*ац е он усвари? Ако некој е небинарен или има некој близок небинарен го замолувам да објасни.
Ај они. Замисли си гинеколог и ти доаѓа со пенис. И шо ќе праиш? Ако речеш не си за овде, ќе те тужи Викам ова си ПРОВЛЕКВИТ. Не е само они као се осеќаат, на цело општество афектира
Во која мерка мислиш официјално? Во науката за родовите, тоа е прифатениот научен термин. Родот нивни се вика небинарен (или енби на нагалено). Не се никој друг род освен тој.
На уролог ќе одиш ако имаш камен во бубрег, уринарна инфекција, тумор на мочен меур итн. Сите што имаат уринарен систем можат да имаат болест која ја лекува уролог, значи сите луѓе
Не можам да се редактирам. @RespectAndObey "цис" се користи по сопствено сфаќање и прифаќање, не е во ниту една научна област сосема прифатен и неконтроверзен термин. Причината е впрочем сосема обична и некомплицирана - луѓето што немаат родова дисфорија немаат потреба од објаснувања и етикети. Пример јас сум жена, само толку. За се' останато може секоја субгрупа да си смислува кованици. Нема никаква потреба да се објаснува што сум јас, едноставно е со еден збор, а во македонскиот јазик е тој жена.
Ти немаш влијание врз кои научни термини науката ги користи како тебе за човек. Еве на пример, законот го користи терминот „физичко лице“ за тебе во некои области иако ти самата се гледаш само како жена и ништо друго. Терминот цисродовост воопшто не е контроверзен во самата наука за општеството. Проблемот тука е што вие се противите на таа наука, а не дека не е општоприфатен. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6209926/ - Еве пример за научна студија што го користи терминот. Просто не постои друг посоодветен збор за кога треба некое истражување или научен исказ да се ограничи на луѓето што не се транс.
Не јас, терминот Е контроверзен и кај научниците. Ај да споделуваме и од оние кои одбиваат да го користат? Споредбава ти е што да ти кажам Даваш објаснувања за се' она што е надвор од стандардот. А стандардот на светот се луѓето кои немаат дисфорија. За некој што од нешто НЕ е болен, не го нарекуваш неболен. За тој што не се лекува, не е пациент, не го нарекуваш непациент. Нема потреба за објаснување на стандардот, веќе има термин. Терминот и во научни кругови се користи исклучиво по сопствено сфаќање, ја нема тежината на други, утврдени термини кои се општоприфатени.
Тие што одбиваат да го користат не се научници во ова поле. Што ти значи тоа „сопствено сфаќање“? Ова е термин кој е веќe дел од голем број на речници, не си измислуваат за него сопствени сфаќања научниците што го користат. Ова е веќе општоприфатениот термин за луѓе кои не се транс во науката за родовите и општеството. Ако некој избегнува да го користи овој термин во соодветното поле, тогаш тој човек би користел неопштоприфатени термини, а не обратно. Не ти ги сфаќам примерите со неболен и непациент. Овој термин бил смислен за да не викаме „нетранс“, туку да има посебно име за него, исто како што место „неболен“ викаме „здрав“.
Ти немаш влијание врз живиот јазик, кој го користат живи луѓе. И се додека луѓето постојат, ќе велат жена (не цис, мис) и човек (не физичко лице) и точно ќе знаат што тоа значи. Цистерија, хистерија, не помага тука многу.