Веќе СМЕ имале влијание врз јазикот. Зборот е ставен веќе во речници. Се користи и во научни студии. Колку повеќе влијание мислиш дека ни треба? И никој не ви забранува да си викате „жена“ ако сакате. Туку вие сте тие што сакате да го забраните терминот „цис жена“. Никој од наша страна не побарал на форумот да не се користи терминот „жена“, ама кој побарал од нас да се ограничи нашиот речник?
Се гледа дека едносмерна ти е улицата. Најголемиот дел од луѓето, посебно жените, имаат проблем да бидат дополнително етикетирани и објаснувани, а токму тоа е "цис". Нема два вида на жени, има жени. Научниците, замисли, истите оние кои се занимаваат со општествени науки, како и медицински, секако дека се внимателни во користењето затоа што станува збор за термин кој 1. апсолутно не е норма и иако постои силно лоби за тоа да стане, не верувам дека ќе се случи, и 2. самите не се согласни со употребата на истиот. А не се согласни затоа што освен ако и самите лично не се поборници, најчесто им пречи етикетата. Мислам далечната 94та е искован терминот најбуквално заради чувствата на транс луѓето, да не се осеќаат помалку нормални. Тоа не е наука, туку политика Ограничено е педер, двоцевка, рецимо. А тоа едно те исто да ти било со хомо, ама навреда...
Ова е твое непотврдено мислење. Тие луѓе се малцинство, а не најголемиот дел. Има секаков вид на жени, не само две или три. Секоја една жена е различна од друга жена. Времето кога бил смислен зборот ама баш не е релевантно. Нови зборови се смислуваат секој ден. Јас не знам од кај си добила впечаток дека научници го избегнуваат овој термин.
Еве на пример, некоја жена е доктор, друга жена е професор, итн. Една жена сака чоколадо, друга сака ванила. Можам бесконечен број на различни жени да набројам.
Во која заблуда си. Баш сакам некој poll да се направи, па да видиме. Едит: тоа се професии, не видови на жени. Еден вид на жена постои.
Ако нема значење, зошто тогаш го спомна? Ти очигледно збориш за преференци. Која жена што сака/каква сака да биде нејзината професија. Ама секоја една ја дефинираат хромозомите што ги носи во днк, тоа се хх хромозоми.
Јас не го спомнав прв. Вие не разбирате што значи тој збор ако мислите дека само еден вид на жена постои. Ај размислете малце што фактички сакате да кажете.
Ахахахаххаха е веќе почна и да излегуваш од реалноста и да тропаш глупости човек. Абе, не ли ти е јасно дека не моеш да си у право, се докажуваш 24/7 ама џабе колку и да си упорен не ти проаѓа филмот значи помири се, готовооооо. Факти упорно негираш така што не доловуваш никакви поенти ти. На празно зборење само ништо друго. @CameliaMiller стварно капа доле за твоето трпение жено.
Ај пошто се дополни. Се гледа колку те интересира било што надвор од сулудата реторика. Жената која во својата дипломска теза го има исковано зборот, кој и денес идентично значење има како и тогаш, ден денес си стои зад истиот збор. Нејзиното објаснување е дека барала начин да зборува за проблемите на транс лицата, без притоа да ги направи оние кои не се транс "понормални". Финтата е што се, бидејќи за нормално се зема она што е стандард. А стандард е немање проблем со дисфорија. Отстапката е нестандардна, врз основа на тоа, не е нормална и здрава појава (по дефиниција на СЗО, ментална благосостојба треба за да е некој здрав, а лице со дисфорија не е со ментална благосостојба). Од таму и е логичноста да објасниш што е тоа надвор од она што е стандардно, а дообјаснување на стандардното е политика, не научен факт. И секако, забораваш што париќиња се вртат во овие студии, магично не се финансирани оние кои не конформираат Како иначе ќе се продадат "безбедни" блокери и операции?
Никој не вика дека дисфоријата е нешто стандардно. Но тоа пак нема врска со дали треба или не треба да има посебен термин за „стандардното“.
Прво не знаеше што е гинеколог, а сега и овој бисер. Постоеле повеќе видови на жени, ко за животни да зборуваме. Фуј.
Чекај ма, баш е забавно. Високи жени, русокоси жени, жени со очила, жени со возачка дозвола, жени што се плашат од пајаци...тоа ти се разни видови жени Отприлика ко шарпланинец, пудлица, булдог...
Не сфаќам што е толку болка со тоа излегување од норма. Јас сама сум малцинство, на овие години немажена, бездетна, со мачки мора да има џендер и за мене, не е само нестандарден избор на животни околности.
Па не збориме за животни. „Повеќе видови на жени“ само значи дека сите жени имаат различни карактеристики, ама зборот „вид“ е многу општ и тоа значи дека тие карактеристики се наоѓаат во многубројни полиња, како професија, омилен вкус, род итн. Ова е чудно како немате познавање за најобичен збор што значи.
Не да не си во право, се прашувам кој те повредил толку за такви ишјус да имаш, или бар дали некоја НВО солидно те финансира. Тие делулу муабети што ги вртиш на форумов се без преседан, макар овде ми е гајле, ќе дрндаме, колку си "прав" највеќе те разбрав во другана тема, кај што подвезици беа навивачка облека.
А да, делулу муабетот дека терминот „цисродовост“ ти го најдов во научна студија. Објасни во детали што има делулу во тој муабет. Мене делулу ми е да тврдите дека има само еден вид на жена ко сите жени во светот да се клонови една со друга.
Сите сме малцинство, дури и кога сме мнозинство. Срамота, како една борба за рамноправност се изврте во борба против лудило. Оти да, Вирџинија Вулф кога пишуваше за Сопствена соба, токму тоа имаше во мисла- сопствена соба за сите кои нејќат да излезат од детската соба. Хебала вас интерсекционалност.
А мислеше ти дека он пишува од ќејф толку и се докажува и тоа единствено у темиве? Па и моментот што не го банираат и тоа пази на женски форум, така ли @RespectAndObey? Мајтап уше си тераш кажи. Си викаш ти ќе млатам ја празна слама и така лагано ќе си ја исполнувам мојата задача. И кај би признал ти такво нешто Боже сачувај, ти ради тоа што ги сакаш трансџите ептен затоа си тука знаеме.. Бар ти си трансродово лице или? Уствари рече еднаш не си бил, туку си цистерна.