Кој дел поточно не ти е јасен? Уствари кој ти е јасен, ај дека помалку има за пишување. Нека биде и општо прашањето за дискусијава.
Има еден вид на жена во однос на тоа што ја прави жена. Тоа е вагина. И нема потреба да го потенцираме тоа со терминот "цис", затоа што се подразбира. Како што ти објасни Камелија, за здрави луѓе не велиме непациенти.
Цис ќе го најдеш во многу студии, а исто во толку и нема да го најдеш. Не е прашањето дали можам да најдам студија, прашањето е зошто побогу би го правела истото, кога терминологијата која се користи зависно од истражувањето и контекстот, посебно за општествени прашања, во најголема мера и зависи од личните сфаќања на истражувачот и неговото прифаќање на терминот. Релевантните научници, кои се социолози и психолози и кои најмногу се занимаваа(т) со дисфоријата, немаат консензус за користење на терминот. Не е единствен термин за кој нема консензус, само тоа е темата тука. На пример, ништо не ми значи ниедно истражување спроведено во Лондон, во однос на некое во Атина, затоа што социјалниот контекст, односно испитаниците за некоја студија, се директно под влијание на културата во која живеат. Не зборуваме за карцином кој се докажува со биопсија, зборуваме за лични перцепции на популацијата и научната фела во одредено време и простор. Од друга страна, се напна за збор за кој ни сам не знаеш потекло и како станал популарен. Пак, ботом лајн, политички одлуки не се научни факти.
Тоа е само за полот жена, ама за родот жена нема врска вагината. За здрави луѓе викаме „здрави луѓе“, а не само „луѓе“. Исто така во науката за родовите, нема да најдеш да се користи терминот „жена“, а да не се мисли и на транс жени вклучително. Моето прашање е зошто го имаш овој впечаток? Контроверзијата околу терминот „цис“ е нешто ограничено на онлајн дискусии помеѓу обични луѓе, не е нешто контроверзно во професионалниот свет на науката. Речиси сите студии кои се покажуваат позитивни кон ЛГБТ заедницата се сметаат за контроверзни кај конзервативците, нема сигурно истите тие научници да го избегнуваат терминот „цис“ само заради тоа кога веќе самата природа на студијата кај тие луѓе се смета за контроверзна.
Можеби затоа што читам стручна литература за леб на маса да си донесам, вид на жена - читач. Немам "впечаток", литературата не ми е ограничена само на тоа што сакам да го прочитам И апсолутно се користи само "жена" без вклучување на транс-жени, затоа што ние жените имаме општествени, биолошки и медицински ситуации кои транс-жените ги немаат, и обратно. Нема мене да ме испитуваат за неовагина, пошто ја немам лол. Едит: па сам си кажа ЛГБТ заедница не прифаќа за релевантни студии ако не им оди во прилог Видиш како си умен, тоа и мислам на "едносмерна улица". Јас ептен си ги сакам овие центар-лево, највеќе комон сенс наоѓам кај нив
Па добро, и јас го користам терминот „жена“ така во некои од тие контексти. Ама различно е кога има потреба да се разликува помеѓу транс и „нетранс“ жените. Во тој случај „цис“ е општоприфатениот термин, ако некој има потреба да разликува.
Што е проблемот кај "жена" и "транс-жена"? И вака сосема јасно се разликува. Лично така користам, ме разбираат ќерата.
Како лагано си го кажува она "видови жени" небаре за патлиџани на пазар се прави муабет а не за луѓе. И уште чекам да ми се објасни што значи родот жена, што значи да се чувствуваш ко жена, пошто не морало да имаш вагина, тоа било само од аспект на пол.
Бидејќи транс жените се жени. Не е битно дали ти се согласуваш со ова или не, ама еве ние попрогресивните се согласуваме и ако прочитаме „жена“ ќе подразбираме дека ова ги вклучува и транс жените во таков контекст. Зборот „вид“ често се користи за да се опишат разни типови на луѓе. Не знам вие одкај сега извадивте дека бил навредлив и само за предмети и животни се користел?
Не е битно дали се согласуваш, транс жена е маж што се осеќа како жена, а жена не е. Да се едитирам: МИСЛИ дека се осеќа како жена, инаку многу знае како се осеќаат жените. Типични мажи, секако дека "знаат". Маж што е суштински хомосексуалец со изразена феминизираност, со желба за физички женски карактеристики. Вид на маж - транс жена. Еве осеќам болка во тестисите иако ги немам, кој смее да ми каже дека не знам какво е чувството на болка во тестиси.
Постои само еден вид на жена. И не треба да се нарекувате прогресивни, туку регресивни. Сакате да нè вратите нас жените во она време кога бевме без право на глас. Сакате да ни ја одземете безбедноста и слободата.
Ама која бре научна дефиниција? Не е нешто со факт докажливо, за да биде цврст и непроменлив термин Научната дефиниција варира колку што варираат и сфаќањата на научникот; колку што варираат општествата и социјалниот контекст. Научна дефиниција за вода ти се две молекули водород, една кислород. И нема друга дефиниција и опција, ни овде, ни на Антарктик. Тоа е непроменлив факт, а не политичка одлука. Мешаш лончиња
Братов упорно се фаќа за наука, а некњи велеше дека хромозомски аномалии се нешто субјективно. Циркузи.
На Фемина форум маж ( членот @RespectAndObey ) ги множи жените со 0 буквално...нарекувајќи ги цис, малцинство...и така фино не му се бришат мислењата и нема блок? ФЕМИНА ФОРУМ РЕКОВМЕ???!! А за чисти глупости блок се добива.
Ама не, во право е дека не постојат две исти жени. Како што не постои ни точна дефиниција за родови улоги. Со кои родови улоги треба да се идентификува жена за да биде наречена цис? Раѓање дете и останати биолошки функции се полови, не се родови. Ако транс жена или небинарна жена избрале да се идентификуваат како такви, без оглед на биологијата, а врз основ на тоа што сакале да носат сукња или пантолони, да носат или не шминка, или што и да е идејата за нивни родови улоги, нека им биде. Ама јас нема да бидам цис оти немаш појма за моите избори, моите идеи за родови улоги и како мојата личност соодветствува со истите. Во принцип најголемиот број од луѓето немаат време да се драпаат со идентификување и секојдневна контемплација- ммм, денес сум посебно не-жена јер ниту ми се чешла ниту ми се носат штикли. Понекогаш сум транс-куче, пошто ми се лае од читање глупости.
Јас мислам овај трол е, си прај чешити на форумов, мајтап си игра. Оти не можи некој до толку да биди, си велам…. ин д мин тајм: Ќе заплачам, го исвиркале кутриот… а тој горд оти наттрчал девојчиња…
Не ги нарекувам сите жени малцинство, туку вие што не ја прифаќате родовата наука сте малцинство. Јас ги поддржувам правата на сите жени. Ама вие множите една подгрупа од жените со 0, а не јас. Јас сите жени ги третирам еднакво.
Можда си делужнл али за мене ти си генијалец, толку долго да задржиш внимание на ваква тема со булшит стејтментс треба да си геније.
Биологијата кажува дека има машки и женски пол. Транс жена е биолошки маж, хромозомите и днк не може да ги смени, колку и да личи на жена. Неможе да роди и да има циклус.