Пак тие коскени промени настануваат поради пубертетот кој може да се запре со пубертетски блокатори (лупрон). Но секако не е достапен секаде и ретко се дава, но ако зборуваме транс жена може 100% да изгледа жена во секој аспект како биолошка жена ако започне со хормонски блокер и хормони пред телото на таа личност да биде сменето поради пубертетот (тестостерон). Во тој случај дури и гласот ќе е женски, единствено само преку генетски тест или преглед на полови органи ќе можеш да дознаеш дека таа личност е родена како машко. И секако има жени кои имаат повеќе типично машка коскена структура, сите сме различни. Има транс лица со коскена структура поженствена дури и од многу биолошки жени.
За какви коскени промени правиме муабет? Ти се раѓаш со одредена анатомија. Како тоа хормони ќе влијаат на веќе вродена анатомија? Имам гледано видеа за хормонски промени, и да навистина се случуваат чуда. Но, транс маж ја нема таа машкост како што ја има биолошки маж. Бледо, но се познава нежност и женственост на ликот. Исто и за транс жените, не значително, но не можеш целосно да наликуваш на полот со кој се идентификуваш.
Каде наоѓаш машкост тука - https://preview.redd.it/bwwc1681wnv...bp&s=6931e0c09b33576d5443152424019539e347476c ?
Зарем според слика треба да заклучиме дека нема машкост, кога во денешно време секој прави едитирање на слики. Тоа најдобро се гледа во живо. Пред се лицето кај мажи и жени не е исто. Веднаш се препознава. Понатаму, од движење на личноста, зборување, висина, коски, реакции итн.
Пубертет започнува околу 12 години, така? Дете на таа возраст нема право на глас, нема право на алкохол и цигари, нема право на возачка, нема право на работа, нема ни право да поседува лична карта. Зошто да ги нема сите овие права, а да го има правото да донесе одлука која буквално го менува целиот негов живот?
Да ја видам во живо, може и ќе најдам. Целосна слика покажи крај краева. Знаеш ли какви алатки има на photoshop? Можам целосно да си го сменам личниот опис. Инаку вака, да, свака част. Од ликот само.
Нема право, затоа не кажувајте какви коски има некој и како изгледа. Во многу држави транс жените мора да преживеат цел машки пубертет па за да почнат со хормони. Тоа што го наведив горе е перфектно сценарио, но скоро никаде не се практикува (премногу ретко) па затоа после транс жените имаат машки карактеристики - поради принудениот пубертет.
Можам уште 100 да ти најдам, ти кажувам 100% може транс жена идентично на биолошка жена да изгледа. Најголемите промени се случуваат при пубертетот, ако тој се запре тогаш може 100% да се реплицира биолошка жена, ако и генетиката е добра секако.
Не е принуден пубертет, туку нормална појава. И да, треба да биде така како што е. Не може дете на 12 години да одлучува за вакви сериозни работи.
Најди видео, не слики. Движење, интеракција, однесување. Имаше една апликација, каде се направив маж, да плукнеш, нема да препознаеш. Ама во живо тешко дека ќе мислиш дека сум маж.
Значи ќе стереотипизираме однесување и движење? Имав во клас дете женско кое се однесуваше целосно како маж и дури изгледаше така. Те молам
Не е стереотипизирање, но колку и да негираме има разлики во начинот на движење, држење на тело, реакции. Секако дека има женски кои се помажествени и мажи кои се поженствени, но воглавно има разлики. Не можеш да негираш дека нема разлики.
Не негирам разлики но не и викам дека мора да се следи тој стереотип. Секоја личност е различна, секој има различно однесување, држење на телото и реакции. Не можеш според тоа да кажеш дека некој е маж/жена.
Каков стереотип, ти кажувам дека не можеш целосно да избегаш од генетиката, всушност воопшто. Имаш секс хромозоми кои одредуваат пол. И тоа Господ не може да го промени, не па медицина. На крајот од денот, како воопшто дојде до оваа дискусија? Јас говорев за појавата на пенис во женски простории, без разлика на лицето за кое е закачен тој пенис.
Ако размислуваме на овој начин, се е стереотип. Стереотип е дека жените имаат повисок глас од мажите, стереотип е дека жените имаат поразлична конституција на тело од мажите, стереотип е дека жените имаат помалку физичка сила од мажите (сите од овие набројани разлики се вистини). Разликите меѓу мажи и жени се очигледни.
Секс хромозомите најголем ефект имаат при гестација, надвор од тоа помалце. А исто, постојат и хромозомски абнормалности. Не можеш да речеш дека ако некој се однесува мажествено дека е маж. Еве кај мене ти кажувам детево целосно како машко беше, генетиката нема врска толку врз ова. Сите сме родени со различен начин на однесување и различен карактер.