Јас не сум тој кој ја извртува дискусијата овде. Сега кога ви потенцирав дека биолошки и транс и цис луѓето се сите од ист вид, одма си ја бутнавте главата во песок. Зарем е толку тешко да се прифати дека зборот „вид“ во секојдневниот говор нема врска со неговото биолошко значење?
Сите се човечки суштества, во тој поглед, да, ист вид се. Ама колку се биолошки исти, поназад пишуваа. Ај транс жена нека оди на гинеколог кај што одат жени, само дека се чувствува како жена. Ете колку се биолошки исти.
Се согласувам дека не се биолошки исти како биолошките жени. Ама мојот став отсекогаш бил дека тоа е нерелевантно за нашето општество. Биологијата не е толку битна колку што е социологијата кога станува збор за еднакви права помеѓу луѓето. Транс жените редовно користат гинеколози. Транс вагината веќе е и предмет на гинекологијата во некои држави, сакале или неќеле вие.
Некои работи тешко дека ќе се остварат, не е така едноставно како што ти се чини. Наместо психолошка помош за себеприфаќање, да сфатиш дека до умот ти е, не до нешто друго, тие блокатори ќе користеле, хормони ќе земале, операции, нешта што ќе ги осакатат, ама ајде тоа нивна работа си е, па ќе менувале правила, поими и општества за да можат некаде да се вклопат. Епа не може светов да се преврти поради нив. Не може ниту транс жена да се изедначува со жена ниту транс маж да се изедначува со маж. Нека им направат посебни простории, башка тоалети за нив, башка пресоблекувални, посебни категории во спорт да не се натпреваруваат транс жени со жени и тоа е. Инаку, секако дека ќе биде дискутабилно и критикувано и ќе има отпор. Не може се' да се прифаќа со раширени раце и радост/гордост колку сме прогресивни ако прифатиме.
Многу е важна биологијата и биолошките предиспозиции, од кои отстапуваат некои мажи и некои жени, но мнозинството од нас и тоа како има еднакво влијание на nature vs. nurture. Тоа што ти лично немаш познавање од биологија, генетика итн. нема апсолутно никаква врска дека истото не е важно и тоа многу за еден човек, маж или жена. Второ, како што и поназад напишав, логично е дека транс-жените кои имаат неовагина ќе посетуваат и гинеколог, но не за истите работи и истите ситуации кои ние жените ги доживуваме. Можат да посетуваат гинеколог за функциите на самата неовагина, со цел да се приближи кон вагината каква што е. За сето ова работи мултидисциплинарен тим, кој апсолутно мора да вклучува и гинеколог, и уролог, и пластичен хирург и плејада останати специјалисти и субспецијалисти. Но, ако транс - жената нема неовагина, гинеколог суштински нема да ѝ биде потребен. Ние на гинеколог најмалку одиме за нашите вагини, иако секако дека се дел од неговата работа. А за изгледот на вагините, воопшто. Одиме за она што транс жените го немаат, на пример нашите јајници кои секој месец се задолжени за нашиот циклус и фазите низ кои поминуваме, матката, нашите гради кои имаат животодавачка функција, грлото на матката кое за разлика од кај мажите, е подложно на создавање преканцерогени и канцерогени состојби поради присуство на ХПВ, одиме да следиме овулација, бременост, да родиме. Можам и јас да одам на уролог да ми прегледа простата, ама ја немам, колку и да сакам да ја имам, нема да ја имам никогаш, не само како орган, туку како функционален орган кој е интегрален во создавањето на сперматозоиди, кои нели, се половината од создавањето на нов човек. Одењето во црква не те прави верник, седење во гаража не те прави кола, ниту одење на гинеколог те прави жена.
Транс жените без неовагини не одат на гинеколози. Тоа е измисленица од конзервативци да се потсмеваат со нив.
Во право е женава...овај мачкава..не женава што се чуствува како мачка??? Човечково животинско суштество??? Цис мачкава.... Навистина е во право, ова веќе почнува да излегува од контрола и се коси со здрав разум.
Ниту реков дека одат. Прочита или? Транс-жена која има пенис и тестиси, ќе оди на гинеколог ако со партнерка од женски пол која има женски репродуктивни органи решат да имаат деца. За ин-витро постапка неопходен е и микробиолошки брис, го земаат и уролозите, но најчесто гинеколозите, од едноставна причина "на едно место" да се заврши работата. Издаваат упати за спермограм и спермокултура, кариотип итн.
Најјакото што имам чуено за неовагината е тоа дека сите уствари онтогенетски имаме прво вагина, после со тестостерон тоа се претвора во пенис и муда, па хирургот само го враќа тој процес. Првото е точно. Само што раните ембрионални промени не се туку така реверзибилни. Ко што не може хирургот рбетниот мозок да го претвори во хорда.
И кога сме кај спорт. Никогаш нема просечен воук да разбере што значи животот да го посветиш на спортот, да градиш спортска кариера, да се радуваш на секоја секунда подобра од претходната за на крај да дојде некое говедо со курац и да ти се испрчи со медалот пред нос. Уште истото тоа говедо да ти се чепати во соблекувална, уште да те наречат трансфоб ако зуцнеш. Друго е да освоиш помало место меѓу жени, мило ти е и за тие што успеале, знаеш дека можеш следниот пат и подобро, знаеш дека таа што победила исто како тебе тренирала со години, друго е од вакви дебили. Чувствата им биле битни. На девојчињава не се ич. Ама немале они мислења за спорт или не било голема работа. Важи.
Сакам да се врати времето кога имаше гејови и лезбејки само.... Не овие небинарниве, панксексуалци, марсовци, курци палци, транс и што ти ја знам измишњотини... Светов у курац отиде, а ние како жени се враќаме 100 години наназат Клара и Роза у гроб се превртуваат.