Леле, транс жената за пример - Blaire White. Она е сосема нормалната транс жена, нели? Имам црнец пријател, v4.0.
@staycalm Не е она. Во врска со поимот цис: https://vm.tiktok.com/ZMr9CTCBo/ Во врска со транзиција и користење на женско ВЦ: https://vm.tiktok.com/ZMr9C3cKv/ I love her!
На кого не му се доволни? На транс луѓето? Сериозно ќе се правиме дека некои не знаат што е жена? Ако цис е еквивалент на биолошки, кој веќе постои и ја прави соодветната дистинкција во пишана комуникација, од каде потребата да се наметнуваат нови терминологии и на кого тоа му оди во прилог?
Споредуваме луѓе што се со право загрижени за својата безбедност и постоење во сите сфери на општеството наспроти луѓе што се фаќаат како слеп за стап за префикс и се вреѓаат заради некое зборче што некој новинар го искористил во статија на интернет. Кога ќе исклучам фемина заборавам на дискусијава, ама некој ја нема таа привилегија. Па сега види кој е спешл сноуфлејк.
Глеј, све убаво ти што си напишала, само што ние не збориме за безбедност и постоење, него ли за тоа цис... И плус збориме за Америка и западна Европа, не Таџикистан и Тунгузија. И од твој аспект, ако некој е толку загрозен безбедно и му се заканува истребување, сигурно од толку проблеми би немал време да ги нарекува жените цис и да се рамни, па и да се поставува изнад нив... Али тоа ти е, нашле па зашле.
Или да се замара со заменки Него дајте прво да разграничиме кои се ствара транс, кои излезени од Бардовци, после ќе правиме муабет за безбедност и прифаќање.
Цис не е еквивалентно на биолошки. Транс мажите се биолошки жени, ама не се цис жени. Цис и транс се однесуваат на комбинација од пол и родов идентитет.
Добро еве нека не е. Жена и транс жена е доволно различно. Жена е една и единствена хх хромозомска персона. Повторно која е потребата од измишљотини за кои веќе постои соодветен термин? И покрај тоа што сите знаеме што е, ние пак се убедуваме дека постои некој што ќе прочита жена и нема да сфати што е жена па мора попластично да му се објаснува. Не ми е јасно како не го сфаќате дупењево во здрав разум и како млади луѓе можат така слепо да прифатат се ново од глупоштини што се сервира. Мислам… не знам што се чудам. Со еден куп нови термини за веќе постоечки сите евентуално ќе се изгубиме во превод.
Имаше еден транспарент кој гласи: -Ако половите органи не го дефинираат родот, зошто тогаш промена на пол го афирмира? Некој? Нешто? Да додаде. Хмммм...
Им смета неточниот факт a.k.a измишљотина дека род раѓа. Раѓање=биолошка функција. Продолжете да вежбате трансплантација на матки заради целосно доживување на ,,родот,, жена
Реков јас, родот жена го сведуваат на облека и шминка. Друга дефиниција не прочитав. И сакаат да се рамнат со искуствата на жените што ги имаат во реалниот живот.