ЛГБТ заедницата како по обичај се наопаку работи. Еве денес има извинување од орг.на Олимопијадата. Наместо прифаќање се повеќе одбивност создаваат и кај тие што ги прифаќале. На се има граница. Кога ке ја преминеш,гитла, а баш сега тоа се случува.
Олимпискиот настан воопшто не беше напад врз христијанството. Треба да сте благодарни што воопшто имало христијанска тематика како дел од Олимпијадата. Не знам околу што се лутите точно.
Многу сме благодарни. Само интересно што секогаш се чепкаат со христијанство, требаше да видиме колку ќе беа благодарни муслиманите ако имаше имитација (ај да не употребам друг збор) на Алах и Мухамед.
Тоа е чисто поради тоа што муслиманите не сакаат да се прават слики од нивните светци. Христијаните се тотално спротивни: имаат милиони уметнички дела од Исус и овој перформанс беше омаж кон делото на Да Винчи. И не е исмејување само поради тоа што дрег кралици имаше во перформансот. За разлика од вас, ние дрег кралиците не ги гледаме со потсмев.
Знаеме поради што е. Муслиманите не дозволуваат некој да си тера мајтап со нивната религија, тоа е. Знаат дека лошо ќе завршат ако чепнат во ислам. Ама не, изгледа и овие верници се па ете од почит и љубов имаа христијански елементи.
Французите буквално забранија хиџаби за нивните спортисти, не им е страв од некои ванаби терористи. И да, голема е веројатноста поголем дел од групата во перформансот да се христијани.
Седи раат дека ќе пројде муабетот дека исламот не им понудил доволно инспирација Не бе чиче, знаат дека нема христијаните да им е*ат се' живо и тоа брзо, најдалеку ќе биде јавната критика. А драг кралиците БУКВАЛНО прават перформанс, целта на тој перформанс е да глумат женски карактеристики претерано и да е тоа смешно. Најбуквално. Не знам ти како ги доживуваш и гледаш, ама целта е да е забавно, а овие не беа забавни.
Едно се твоите желби срцка, друго е реалноста. Кој би рекол дека една Црна Гора ќе донесе закон за истополови заедници? Или една религиозна и конзервативна Грција? Или едно Косово кое се спрема да го донесе? Народов некој ќе го праша дали се согласува со таков закон како што го прашуваат за сѐ друго? Лол. Тоа се поглавја кои се отвараат додека преговараме со ЕУ, во делот на човекови права, закони кои треба да се донесат, ирелевантно е мислењето на Трајче фурнаџијата за истополовите заедници. Тебе тоа секако ништо нема да ти смени срцка, попрво ние извртоперените ќе влеземе во брак отколку ти да упецаш нешо на форумов.Се надевам дека ова не е оф топик.
Истополов брак ќе "пројде" и треба да пројде, @FriendOfDorothy ги заборави и Хрватите, меѓу првите легализираа цивилна заедница т.е. цивилен брак за истополови партнери. Се подразбира дека треба и се надевам ќе биде во наредниве 4 години, знам дека ВМРО се "конзервативни" но по ова прашање се најпрогресивни во државава. Претседателката е отворено за баш таков закон, што е апсолутно во ред и касниме со истиот. На никој од нас ништо нема да му стане ако Трајче и Трпе се во брак, ама на нив двајца им значи многу.
Верник никогаш не би дозволил да му се исмева религијата. А, тоа се случи на Олимпијадата. Исмејување и тешка навреда.
Не знам, не ми стои Т да се тргне за да се добијат симпатии oд конзервативците. Не ја ни сфаќам логиката позади тоа, зошто? Освен што некои гееви се pick me. Да, во ред е да се коментираат некои пракси како давање хормони кај деца и сл. ама тоа не значи дека треба цела таа заедница да се изолира од другиот дел. Плус нефер, земајќи ја предвид историјата. Инаку се сигласувам со вториот дел, факт е дека за земја како Македонија некои концепти се too much да се сфатат а не да се прифатат, јасно ми е тоа. Не ни очекувам постари генерации да се прилагодат толку лесно и наеднаш сѐ да прифатат.
Т не одговара со првите три заради многу обична причина. Хомосексуалноста благе везе нема со општество, воспитување, дали од дома имаш/немаш разбирање итн. Бисексуалноста е веројатно најраспространета, во најмала рака како bi-curious. Можам да зборувам за личните доживувања на bi-curious, но тоа е надвор од темата. Сексуална ориентација е нешто со кое се раѓаш и не е важно ни кој пол си, ни во која земја си роден, ни дали имаш двајца татковци/две мајки - непроменлива е. Транссексуалноста нема благе везе, од друга страна, со биолошкото, односно со сексуална ориентација. Тука станува збор за општествени концепти, структури и сфаќања. Неминовно транссексуалците се и хомосексуалци, само ајде, "на стероиди" да ги наречеме. И во реалноста стварно оставаат горчлив вкус со своето дегутантно и Карен однесување и кај најголемите поддржувачи, дури и кај сопствената популација. Ама таа страна толку нема волја да се дискутира јавно и не се кажува, дури е интересно.
А што исмејува? Објасни ми ја шегата не ја разбирам. Обична рекреација е, која не требале да ја направат пошто може да се сфати како провокација заради дрег кралиците. Знаат како луѓето ќе реагираат и пак се решиле да го стават тоа. Само еден аргумент плус за хомофобите.
Не постои јасен одговор дали транс луѓето се транс поради општествени очекувања или има некоја биолошка основа. Ниту па за сексуалната ориентација има консензус дека е 100% вродено. Така да сѐ ова е чисто твое мислење, не факт.
Лезбејки активистки ќе најдеш што исто така сакаат одвојување, оти се дрзнуваат овие од Т-то да ги наречат трансфоби оти несакале со жена со qr да се онадат.