Не е обична рекреација. Во обична рекреација се користат костими како тие на сликата. Не провокаторски како овие на дреговиве. И пред да рипне некој, истово би го рекла и за луѓе кои не се дрег. Се знае што е пристојно и прикладно за рекреација. Се знае како да се направи за да не биде исмејување.
Хомосексуалноста е сосема доволно истражувана појава, не денес, наназад со векови, ама ајде посериозни истражувања се од 20ти век наваму. Никогаш за ваква појава нема да можеш да најдеш 100% консензус, затоа што не е најдено едно специфично точно нешто зошто е некој ваков или онаков. Може еден ден ќе дознаеме дека еден специфичен ген влијае на сексуалноста, пошто од еволуциски аспект гледано, не хуман, хомосексуалците би се гледале како "грешка на природата" бидејќи основна потреба на секој вид е продолжување на истиот. Факт е дека не е напишано на камен ЗОШТО се појавува, но е доста неспорен фактот дека е појава која им пркоси на сите општествени уредувања. Транссексуализмот секако дека има биолошка основа, ако го гледаме низ призма дека сите транссексуалци се првенствено хомосексуалци, но, фустани, кармини и пластични операции не се биолошка работа, општествена се. Затоа ја дадов и паралелата со транс мажите, ги има екстремно помалку затоа што нивниот изглед не е предмет на толкава дискусија, во спротивно еднаков би бил бројот (природно). Како што "магично" природно се раѓаат еднаков број на машки и женски деца.
Да, пародија е на тајната вечера, не беше ни смешно, ни интересно, ни забавно, независно од овие, не гледам забава каде што има потреба да се исмеваш со нешто што на најголем дел од популацијата и' значи многу. Критики кон религија поддржувам апсолутно, пародии, не баш. Не ја гледам смислата, можеби е до мене.
Едно хипотетичко прашање. Што доколку татко ти утре реши да биде жена, пошо така се осеќал, почне да носи фустани и да се шминка ќе ти биде сеедно?
Многу глупаво прашање, на никој не би му било сеедно родителот да крие нешто. Татко ми да ми рече дека е геј, може да е легитимно, а логично да не ми биде сеедно иако сум океј со гејство. Само да ти потенцирам дека ништо не постигнуваш со вакво прашање.
Е готово ме провали. Само што вака не се води дискусија, со хипотетички прашања со кои демек треба да ти се докаже соговорникот.
Голем дел од гејовите пробуваат со жени, што од општествен притисок, што од неверување итн. Не мора да значи дека крие, туку сфаќа дека е геј. Ти ја споделуваш сексуалноста со родителите? Прашањето и не ми беше за нив, туку што ако му текне ничим изазвано, осим некоја криза дека сака да биде жена. Ако пробуваш да поддржиш некој анонимус што по логика стапот би те заболел, зошто не и својата крв? Не постои такво нешто во моја фамилија Ти поставив сосема легитимно прашање. Или си за, или си против. Тоа и беше твојот наратив. Што има врска дали е татко ти, чичко ти или некоја Карен од Америка. Или прифаќаш или не.
Ако подобро согледаш, во денешницава самите родители им наметнуваат на децата дека се транс, или небинарни или се некое животно. Да ти е страв во Америка да си машко и да допреш барбика.
Добро де, ама хипотетично прашање беше како и твоето. Јас еве не ја подржувам транс идеологијата, но ако детето ми каже дека е транс ќе му кажам дека е будала ама ќе го прифатам безусловно.
Ако ти кажам дека сум океј со тоа, ќе речеш дека лажам за да глумам либерал. Ако кажам дека не би била или не знам, ќе ми речеш повторно дека глумам либерал. Твојата поента не е да го слушнеш мојот одговор, туку да "победиш" со аха сега те зезнав прашање.
Па, нормално. Воедно сакам да ти го доловам она што ти самата го тврдеше пред некоја страна. Нема опција помеѓу конзерва и либерал, или или е одговорот.
Да те коригирам, сите СТЕ либерали додека не ВИ е во фамилија. У превод, не сте. Особено вие на темава. Нема потреба да именувам, сами ќе се пронајдеТе.
Не е прв пат религиозните луѓе да преувеличуваат и да си ја пронаоѓаат верата дури и онаму каде што ја нема, за да шират омраза и нетрпеливост.
Јас никако не сметам дека БИЛО КОЈ, независно од тоа во што верува и дали тотално спротивно од мене верува, треба да е отфрлен. Искрено, мислам дека (не можам да знам, ниту дете имам, па само мислам дека) ќе се потрудам да дознаам зошто мисли дека е транс, дали навистина станува збор за дисфорија, дали е нешто друго во прашање. Дали во школо го/ја задеваат поради однесување, итн. Мислам дека прво добро, длабоко и повеќекратно ќе разговарам, да разберам што точно мисли и зошто го мисли тоа, а понатаму ќе видиме. Нема сигурно да поддржам пластични операции, хормони итн. на малолетно дете, но пошто самата сум скроз ок со андрогинија, да речеме син имам, нема да му бранам мои фустани, шминки ватевр, нека си игра со што сака, нема сигурно да го форсирам "тоа не е за машки". Така што, не верувам дека ќе има отпор во смисла да прифатам да се обраќам во женски род на синот, да го поддржам за прилагодување во општеството таков каков што е, а кога ќе е возрасен ако се' уште сака операции да прави - нека. Поддршка нема да има, но прифаќање да. Како што за било што друго, од родителите очекувам да ме прифатат таква каква што сум, не очекувам нужно поддршка. Нормално, добро би дошла - но сосема разбирам ако некој не може да ме поддржи затоа што едноставно е сосема спротивно на неговите сфаќања и убедувања. Доволно е да ме прифати и да не пробува да ме промени
Маче, овоа Т денес не е еквивалент на транссексуалност. Види насловот на темата. Затоа имаме личности со пениси и сукњи што бараат да им се обраќаш со госпоѓо. И се по ред. Транссексуални# Трансродови. И затоа нема никаков историски, ниту логички, ниту никаков здраворазумски линк. Ова детево некој го објасни, или како? Можда е транс-дете, возрасен кој се осеќа како дете?