Ма не е проблем како му се обраќам на некој, најсериозно. Проблем е кога се мешаат лончињата и се бараат невозможни работи во име на чувства. Не може маж да стане жена, таман да "промени пол", полот не се менува. Може да направи пластични операции за да личи на жена, што уствари ваљда ментално ќе го направи стрејт, нели. Се' додека не мешаме ПОЛ во сигурни куќи, соблекувални (посебно детски), медицина (што највеќе ме загрижува можеби), специфични женски права итн. баш ми е гајле како некој сака да му се обраќам. Ќе се обраќам, ако е тоа некаква афирмација за поголемо прилагодување, се' додека личноста спроти е свесна дека се движиме во социјална рамка. Кога ќе почнеме со екстремистички замисли, линија мора да постои. @staycalm седи раат - дури и да е таа слика, ТОЧНО знаеле што прават и што сакаат да испровоцираат
Пошто деновиве темава ми е актуелна и на форумов и во приватен живот, ги изгледав цели 1ипол сат од видеово. Кого го интересира нека погледа, ја обожавам Blaire White многу, многу.
Епа како што т е ватевр Т (транссексуалци, трансродови , трансшојазнам) така и род>пол и се по ред. Шо се фати за обраќањето сега. Ако можам еднаш годишно да сменам ознака за пол во лични документи, за какви линии збориме?
Па во обична интеракција ваљда со почит ќе се обраќаш спрема кој и да е наспроти тебе. Не секој разговор во реален живот треба да е дискусија, дебата или анализа на што е правилно или не. И транс луѓе се луѓе што едноставно постојат.
Не знам Ками, мене лично, порелевантно ми е мислењето од експерт за класична литература и историја, поранешен професор по уметност, од вашите тука. Ама ок. Мислам, мене баш ми е ок и да е првичната ваша замисла, ама има докази дека не е.
Ама јас немам замисла - точно нека не е Тајната Вечера - сосема им било јасно каква реакција ќе испровоцираат. Не е "ненамерно" Мене не ми е ок да се прави пародија со нечија религија - еднакво ми е глупо како верниците кои им викаат дека ќе горат во пеколот.
Точно ова. Нема да одам дотаму да користам нови родови, меѓутоа ако Трпе преферира да му се обраќам со Трпана, сериозно немам проблем со тоа никаков.
Баш е оваа инфлуенсерката што ја следам и јас ја обожавам Ќе го изгледам, веројатно со задоволство, како и речиси целата нејзина содржина.
Два, четири, шест, осАм, десет, дванаес'. Таман се. За провокација мислам, иначе вака општо, психо-физички и социолошки не.
Како е можно да биде на исто ниво омразата која одредени религиозни луѓе ја упатуваат кон сите кои живеат поразлично (од животот кој е проповедан од нивната религија), притоа посакуваат насилство и смрт (буквално можеш да си отвориш сама и прочиташ, било каде) и "пародија" на слика од Тајната вечера, која произлегува од религиска митологија?
Значи ти попаметен се правиш тука и од Елон Маск и еден куп други СВЕТСКИ личности кои ЈАВНО го осудија ова бидејќи беше крајно непочитување и навреда кон Христијанската религија. И сеа некој си трол на фемина форум не убедува и исправа правдини дека "тоа е само ваше мислење".
А тебе Илон Маск ти е репер за интелигенција? Друго, како тоа што се СВЕТСКИ личности ги прави попаметни од тебе, мене и останатите кои не сме?
Ништо. Штом и ти немаш тумачење за детето, ќе ја думам уште. Ко ќе ми се објасни ќе му ја мислам, кој кому госпоѓо, кој кому сердаре
Да, репер мие. Сигурно нема да ми биде репер искривена Олимпијада и Евровизија за култура и интелегенција. Човекот барем знае шо е црно и бело, прави разлика, за разлика од некој кој муе се розово и рамно и се служи со провокација и навреди зошто е немоќен во секоја сфера па ајде ќе омоложуваме и исмејуваме. Е тоа е разликата меѓу твојата (вашата) и нашата интелгенција.
Нема потреба да биде целната група тоа, едноставно организаторите најверојатно мислеле дека нема да се тригернат специјалните снегулки (кои нарекуваат други луѓе специјални снегулки) до толку.
Затоа што ти, како атеист, и јас, што немам дефиниција што сум - но верник не сум - не можеме да разбереме колку централно место во постоењето на тие луѓе има религијата и што за нив претставува истата. Ако јас и ти не можеме да разбереме да живееме така или не ги делиме нивните искуства, чувства и верувања, не значи дека треба да им се исмеваме, бидејќи тоа да, длабоко ги повредува затоа што е голем дел од нивниот личен идентитет. Еднакво, не треба да повикуваме на никакво психичко насилство ниту да се исмеваме со која било група, ваква пародија кон транс лица еднакво не би била во ред. И апсолутно не е во ред повикувањето на насилство итн. кон лгбт лицата. Можеме да не се согласуваме без да се сереме еден на друг, бејзикли.